Summary

Овој документ е за вируси. Ги објаснува основата, поимот и нивната градба, како и размножувањето во животинските клетки. Обухвата детали за бактериофагите и вирусите кои можеби се причинители за одредени болести кај човекот.

Full Transcript

**Вируси** Вирусите се на граница помеѓи **живиот и неживиот свет**. Немаат карактеристики на живи организми, но имаат генетски материјал кој им помага да се размножуваат во клетката- домаќин. Сите вируси се честички со **неклеточна градба**. Можат да се размножуваат само во живи клетки. Тие се **...

**Вируси** Вирусите се на граница помеѓи **живиот и неживиот свет**. Немаат карактеристики на живи организми, но имаат генетски материјал кој им помага да се размножуваат во клетката- домаќин. Сите вируси се честички со **неклеточна градба**. Можат да се размножуваат само во живи клетки. Тие се **внатреклеточни паразити** на микроорганизмите, растенијата, животните и човекот. Како дошло до името: Во 1882 , рускиот биолог Димитриј Ивановски ги проучувал причините за изумирањето на тутн, чиви листови биле заболени од мозаична болест. Тој сфатил дека болеста била предизвикана од заразен причинител кои бил помал од бактериите и не можел да се види со светлосен микроскоп. Го нарекол **Вирус** од **латинскиот збор за отров.** Овој причинител на болеста бил непозант се ди 1935 година кога Wendell Stanley го изолирал вирусот на мозаичната болест на тутунот. **Особини ( својства ), форма и големина** Вирусите имаат субмикроскопска големина од 15 до 300 нанометри и се гледаат само на електронски микроскоп, немаат клеточна градба и сопствен метаболизам но ги имаат биолошките белези :размножување, наследување и променливост. **Градба** Слободната вирусна честичка се нарекува **вирион**. Изградена е од Протеинска (белковинска) обвивка -- **Капсид** **Наследен материјал** од нуклеинска (јадрена) киселина. Капсидот го заштитува наследниот материјал. Може да биде едноставно или сложено изградено од голем број протеински единици -- **Капсомери**. **Размножување** Вирусите ги напаѓаат живите клетки- домаќини. Паразитираат во нив и ги искористуваат за размножување. Кога вирусот ќе навлезе во клетката, се дентегрира , односо се отвара капсидот и од него излегува нуклеинската кислеина. Тогаш клетката им се потчинува на ,, наредбите" на вирусот , односот на нуклеинската киселина и почнува да синтензира протеини за капсидот и нови вирусни нуклеински киселини. На овој начин се размножуваат вирусите кои ја напуштаат клетката- домаќин и брзаат да нападнат други здрави клетки. Клетката- домаќин се разложува од вирусот и умира. **Бактериофаги** Слободните вируси не можат да се размножуваат и затоа не можат да се култивираат на вештачки подлоги. За начинот на размножување научниоците прво дознале преку изучување на ирусите кои ги напаѓале бактериите наречени бактериофаги или скратено фаги. На пример тоа е вирусот кој ја напаѓа црвената бактерија кај човекот- Escherchia colli. Тоа се посложено градени вируси, имаат глава со полиендрична форма во ко јае спестена нуклеинската киселина обвиена со капсид. Под главата има јака, а потоа има издолжена опашка во вид на празна цевка легната на базална плоча. Од базалната плоча паѓаат голем број влакненца кои му помагаат на бактериофаготот да се прицврсти на домаќинот- бактериската клетка. Со помош на ензимите бактериофагот ја разложува мембраната и ја впрскува нуклеинската киселина во бактериската клетки , а капсидот останува надвор од неа. Така, бактеријата- домаќин синтензира нови бактериофаги, а самата изумира. Бактериофагите можат да бидат корисни бидејќи на ваков начин ги уништуваат бактериите, но факт е дека повеќето вируси се штетни. **Вирусни заболувања** Заболувањата кои се предизвикани од вирусите се наречени вирози. Се пренесуваат директно или со помош на посредник. Кај културните растенија се забележани многу вирози на тутунот, компирот, доматот и др. Кај животните чести се: шап, лигавка, беснило, а кај човекот: Грип, кивавица, сипаници, детска парализа, заушки, херпес, хепатит, менингит, СИДА и др.

Use Quizgecko on...
Browser
Browser