Структура и функција на гените PDF

Summary

This document describes the structure and function of genes. It explains how genes control traits and cellular functions, highlighting the role of DNA and RNA in protein synthesis. The text also covers different types of genes, including structural and regulatory genes.

Full Transcript

Структура и функција на гените 1. Ген е најмал материјален носител на наследувањето. 2. Генот е сегмент (секвенца) од DNA молекулата со карактеристична должина т.е. се состои од определен број на нуклеотидни парови. 3. Гените ги контролираат:\ - наследните особини што се пренесуваат пр...

Структура и функција на гените 1. Ген е најмал материјален носител на наследувањето. 2. Генот е сегмент (секвенца) од DNA молекулата со карактеристична должина т.е. се состои од определен број на нуклеотидни парови. 3. Гените ги контролираат:\ - наследните особини што се пренесуваат преку репродукција;\ - функциите на клетката преку синтеза на протеини. 4. Секој ген кој се состои од нуклеинска киселина (DNK) го контролира создавањето на друга нуклеинска киселина (RNK), а таа потоа го контролира создавањето на специфични протеини кои според функцијата можат да бидат или структурни протеини (влегуваат во градбата на некои клеточни струкури) или хормони или ензими што ќе значат одредено својство. 5. Според функцијата гените се поделени на: структурни - определуваат структура на соодветен протеин. регулаторни -- ја регулираат функцијата на структурните гени. 6. Бидејќи својствата на организмот зависат од протеинскиот состав во него значи токму структурните гени преку одредување на структурата на протеините ги определуваат својствата на организмот. Регулаторните гени преку регулација на функцијата на структурните гени одредуваат кои протеини, кога и во кое количество ќе се синтетизираат во клетката во даден момент. Збирот на сите гени во една телесна клетка се именува како генотип. Збирот на сите гени во една полова клетка ( гамета) се именува како геном. 7. Гените се линеарно распоредени по должината на хромозомите. Секој ген си има определено место. 8. Местото на генот по должината на хромозомот се вика генски локус 9. Гени сместени на исти генски локус на хомологните хромозоми Алели- гени (алели). 10. Алелите уште се именуваат како пар од ист ген бидејки одредуваат едно исто својство 11. (Хомологни хромозоми се пар од хромозоми кои се исти по должина, број и распоред на гени и едниот е по потекло од мајката, а другиот -- од таткото). 12. Алелите се одликуваат со следните својства: пенетрабилност -- застапеност на еден ген кај единките од една популација. експресивност - степен на фенотипска изразеност на еден ген. (Фенотип е збир од сите својства на еден организам) 13. Во генотипот алелите можат да се најдат во две состојби: хомозиготна и хетерозиготна 14. Алелите се во хомозиготна состојба кога парот од ист ген се идентични според експресивност и пенетрабилноста т.е и двата се доминантни или и двата --рецесивни. Гените се т.н. хомозиготни и се бележат со исти букви (АА или аа) 15. Но, кога алелите се разликуваат по својата експресивност и пенетрабилност т.е. едниот е доминантен, а другиот рецесивен ( Аа), тогаш алелите се во хетерозиготна состојба. 16. Биосинтезата на протеините има суштинско значење за организмот, бидејќи таа го овозможува животот. 17. Протеините се полимери за кои мономери се аминокиселините. Тие се поврзуваат меѓу себе со пептидни врски и градат полипептидна низа или протеин. 18. Во хијалоплазмата кај секоја клетка, по правило, се наоѓаат многу и различни аминокиселини кои во процесот на синтеза на протеини не се врзуваат (вградуваат) безредно во протеинскиот молекул. 19. ***Редоследот на една аминокиселина во полипептидната низа е одреден од генетскиот код или шифра на генетската информација.*** 20. ***[Секои три бази содржани во DNA на структурниот ген (читани по редослед) претставуваат генетски код.]*** 21. ***[Генетскиот код од DNA се пренесува (препишува) како генетска информација во RNA како кодон. ]*** 22. ***[Група од три последователни бази (нуклеотиди) во молекулот на iRNA претставува кодон. ]*** 23. ***[Секој кодонски триплет е одговорен за вградување на една специфична аминокиселина.]*** 24. Постојат вкупно 64 кодони кои претставуваат комбинации по три од четирите вида на нуклеотиди или 4³=64 25. Тие се доволни да обезбедат вградување на сите 20 аминокиселини во полипептидните низи на протеинските молекули. 26. Постојат повеќе видови на кодони и тоа: Кодони -- синоними -- кодони кои се одговорни за вградување на една иста аминокиселина. Овие кодони се разликуваат само во третата база. Пример кодоните:GUU, GUC, GUA и GUG носат информација за аминокиселината валин. 27. ***СТОП кодони** -- кои не одговараат на ниту една аминокиселина. Со нив завршува процесот на синтеза на протеинскиот молекул.* 28. *Тие уште се наречени [бесмислени.]* 29. *Има три СТОП-кодони:UAA,UAG и UGA* 30. ***СТАРТ кодон** -- тоа е кодон со кој започнува синтезата на протеините. Таков кодон е AUG кој е одговорен за вградување на аминокиселината --[метионин]- почетна аминокиселина на сите протеини.* 31. *Меѓу кодонот на i RNA и аминокиселината на која тој соодвестува не постои директно заемно дејство, туку нивното сврзување се остварува преку молекулите на tRNA. Постојат најмалку по еден вид tRNA, за секоја од 20 аминокиселини.* 32. *Молекулот на tRNA е од околу 80 нуклеотиди и има структура што може да биде претставена во форма на лист од детелина.* 33. ***За сите молекули на tRNA е карактеристично што имаат:*** 34. ***- крај со триплет од неспарени бази (ССА) кој служи како место за ковалентно врзување на дадената аминокиселина и*** 35. ***- [триплет од нуклеотиди во молекулот на tRNA кој е комплементарен на одреден кодон од iRNA и се нарекува антикодон]***

Use Quizgecko on...
Browser
Browser