Царство Растенија Notes PDF
Document Details
Uploaded by CharmingPointOfView5696
Tags
Summary
These notes describe the Plant Kingdom, its characteristics, and classifications. It provides details on different plant types, like mosses, ferns, and seed plants, including gymnosperms and angiosperms. The text includes information on adaptations, reproduction, and distribution of these plants.
Full Transcript
# Царство растенија - Растенијата се повеќеклеточни сложени организми кои постепено се адаптирале за сувоземен начин на живеење. - Тие најверојатно потекнуваат од водните жители - зелените алги. - Растенијата и зелените алги имаат големи сличности: имаат исти пигменти, хлорофил за фотосинтеза, кл...
# Царство растенија - Растенијата се повеќеклеточни сложени организми кои постепено се адаптирале за сувоземен начин на живеење. - Тие најверојатно потекнуваат од водните жители - зелените алги. - Растенијата и зелените алги имаат големи сличности: имаат исти пигменти, хлорофил за фотосинтеза, клеточните ѕидови им се изградени од целулоза, а складираат скроб како резервна храна. - Растенијата постепено го освојувале копното и на тоа укажуваат одредени приспособувања: - појавата на кутикула - восочна заштитна обвивка. Таа го намалува испарувањето на водата од растението и го спречува неговото сушење. - развиток на посебни ткива преку кои се спроведуваат неоргански и органски материи низ растението, аи ткива кои ќе му даваат механичка отпорност. - во текот на еволуцијата кај растенијата се јавиле растителни органи: корен, стебло, лист, цвет, плод и семе. ## Ова царство е поделено во две групи: - растенија без спроводни ткива – мовови - растенија со спроводни ткива – сите останати растенија ### 1. Бесемени растенија - папрати ### 2. Семени растенија (голосемени и скриеносемени) ## Мовови - копнени растенија кои имаат зависност од водата особено во процесот на размножување. - населени се на влажни средини: мочурливи ливади, тресетишта, кората на дрвјата, пештери, водопади, влажни камења и крапи. - тело им е составено од стебленце и листови и тие не образуваат корен. Неговата улога ја преземаат ризоидите - тенки влакненца со кои се прицврстуваат за подлогата и делумно се снабдуваат со вода. Примаат вода преку целата површина и немаат развиено спроводни ткива. - се размножуваат со смена на генерации – на телото им се развиваат полови органи со полови клетки . - Бесполовата генерација, претставена е од дршка со спорангиум во кој се создаваат спори. ### 1. Џигерици - Маршанција - неговиот талус е сплескан и двојно разгранет, а за подлогата е прикрепен со едноклеточни ризоиди. ### 2. Лисни мовови - Влакнест мов - има нежно стебленце на кое густо се подредени иглести ливчиња. За подлогата е прикрепен со ризоиди . - Сфагиум - се наоѓа во мочурливи предели, од него се создава јагленот тресет. Долните делови од мовот умораат и се таложат, а со горните, мовот се одржува во живот. ## Папрати - автотрофни, сувоземни растенија - преовладува бесполовата генерација - составени се од корен, стебло и листови. На опачината на листовите се создаваат спорангиуми во кои созреваат спорите. Кога спорангиумот пука, спорите носени од ветерот се расејуваат. Од спората никнува проталиум кој живее неколку недели. На проталиумот се создаваат машки и женски полови органи, во кои се формираат машки и женски полови органи, во кои се формираат машки и женски полови клетки. По оплодувањето се формира зигот од којнсме forмира ново растение. Ова е бесполова генерација која во почетокот се исхранува на сметка на проталиумот додека се развијат листовите, потоа проталиумот се суши. - има менување на двете генерации, полова со бесполова. - живеат во шумски заедници, џунгли, пукнатини на планински карпи и можат да достигнат височина од 25м. - Најраспристранети родови кај нас: машката папрат, слатката папрат, орловата папрат. - од некогашните изумрени папрати се создал камениот јаглен кој денес се користи како фосилно гориво. ## Семени растенија - во приспособувањето на растенијата кон сувоземниот начин на живеење е формирањето семка. - Од оплодената јајце клетка се развива никулец - ембрион. Тој е сместен во семка. - Семката ги зголемува можностите на растението за успешно размножување. Во поволни услови семката никнува во растение. - Растенијата кои имаат способност да формираат семка се наречени семени растенија. - Во зависност од тоа дали семката на плодниот лист се развива слободно или пак е затворена во плодник растенијата се групираат во: ### - голосемени растенија ### - скриеносемени растенија ## Голосемените растенија се дрвенести и тие достигнуваат големи височини. - Имаат иглести листови кои не се исфрлаат одеднаш, туку постапно, поради што секогаш се зелени. - Цветовите им се еднополови односно се развиваат машки цветови групирани во соцветија – шишарки и посебно женски – шишарки. ### 1. Цикас - овој род е распространет во тропските и суптропските подрачја. - Се култивира како украсно дрво - има неразгрането стебло кое завршува со крупни перјасти листови ### 2. Гинко - расте во Јапонија и во Кина, а кај нас се одгледува како украсно дрво во парковите и ботаничките градини. ### 3. Боро - во нашите шуми има шумски бор, црн бор и ендемичниот бор молика застапена на планината Пелистер ### 4. Ариш - има меки наглести листови кои отпаѓаат наесен, кај нас се одгледува како украсно растение . ### 5. Ела - расте во заедница со борот, моликата и буката, најпозната е белата ела - над буково - еловиот појас во подрачјата со влажна и студена клима се развива смреката (50м) - боровинката е грмушка што живее во заедница со дабот и буката.