Мрежна комуникација PDF
Document Details
Uploaded by Deleted User
Tags
Summary
Документот содржи информации за мрежната архитектура за комуникација во компјутерските мрежи. Претставени се концепти како апликациски слој, транспортен слој и физички слој во комуникацијата помеѓу два хоста.
Full Transcript
МРЕЖНА АРХИТЕКТУРА ЗА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПЈУТЕРСКИ МРЕЖИ МРЕЖНА АРХИТЕКТУРА ЗА КОМУНИКАЦИЈА Комуникацијата во мрежата се одвива на неколку слоја: Апликациски слој (application layer) Транспортен слој (transport layer) Мрежен слој (network layer) Податочен слој (data link lay...
МРЕЖНА АРХИТЕКТУРА ЗА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПЈУТЕРСКИ МРЕЖИ МРЕЖНА АРХИТЕКТУРА ЗА КОМУНИКАЦИЈА Комуникацијата во мрежата се одвива на неколку слоја: Апликациски слој (application layer) Транспортен слој (transport layer) Мрежен слој (network layer) Податочен слој (data link layer) Физички слој (physical layer) Комуникацијата се остварува преку размена на количества на податоци. Податоците од апликацискиот слој се упатуваат кон подолните слоеви (транспортен, мрежен) кои им додаваат соодветни заглавја, а при прием се отстрануваат заглавјата на податоците од страна на истите слоеви на приемната страна. Обликот и значењето на пораките кои се разменуваат од два хоста во рамките на еден слој ги одредува протокол. Пример ФОРМИРАЊЕ ПОДАТОЧНИ ПАКЕТИ Количествата на податоци што се предаваат кон подолните слоеви имаат различни имиња: сегменти, СЕГМЕНТ пакети или рамки. ПАКЕТ Секој слој има различно име за овие податоци. РАМКА БИТОВИ ФОРМИРАЊЕ ПОДАТОЧНИ ПАКЕТИ Кога низ протоколот се врши пренос на податоци (односно сегменти, пакети или рамки), секој слој ги повикува сервисите кои му се потребни. Кога пакетот минува низ слоевите на изворниот компјутер, секој слој му додава одредена информација која се нарекува заглавие. Како пакетот преминува во следниот слој така тој станува поголем и освен податокот што го содржи ги содржи и информациите што ги додаваат слоевите. Обратен процес настанува кога пакетот ќе пристигне на дестинацискиот компјутер. Како што пакетот оди од долните кон погорните слоеви така пакетот се намалува, а соодветниот слој ја користи информацијата што била додадена како заглавие од истиот слој на изворниот компјутер. План 8 За да можат мрежните елементи (апликации, хостови, рутери) да комуницираат меѓусебе потребно е да ШТО Е постојат одредени правила. Тие правила ПРОТОКОЛ? се нарекуваат протоколи. Протоколите ги одредуваат: форматот и редоследот на пораките кои се Протокол е множество разменуваат, правила кои го одредуваат акциите кои се преземаат при примањето на обликот и значењето на пораките. пораките кои се разменуваат од два хоста TCP и IP, oсновните протоколи на кои се што комуницираат во базира Интернет претрпеле само мали рамките на еден слој. измени во изминатите 40 години. ТРАНСПОРТЕН СЛОЈ ФУНКЦИИ И ПРОТОКОЛИ ТРАНСПОРТЕН СЛОЈ Транспортниот слој на TCP/IP референтниот модел е помеѓу апликацискиот и мрежниот слој. Општо улогата на овој слој (како и другите слоеви) е да овозможи комуникација на слојот погоре и слојот подолу. Специфична улога на овој слој е да ги прифати изворните податоци од апликацијата и да ги достави до дестинациската апликација. Притоа, овој слој се грижи за: Пренос на податоците Контрола и корекција на грешките во преносот Гаранција за испорака. На овој слој функционираат два протокола: TCP (Transmission Control Protocol) – конекциски ориентиран UDP (User Datagram Protocol) – без претходна конекција TCP (TRANSMISSION CONTROL PROTOCOL) Еден од основните транспортни протоколи во рамките на Интернет мрежата е TCP. TCP го прифаќа податочниот поток од апликацијата преку познат интерфејс и го дели на парчиња - сегменти кои потоа ги предава на IP кој ги сместува во пакети и ги проследува во мрежата. Податочен поток Како работи Пред да ги прати понатаму, TCP ги нумерира сегментите. 2 1 Сегмент TCP (ПРОТОКОЛ ЗА КОНТРОЛА НА ПРЕНОСОТ) TCP е конекциски ориентиран протокол. Пред самиот пренос на корисни податоци претходи процедура на воспоставување врска меѓу двата крајни корисници. Оваа процедура се нарекува трикратно ракување. Како работи TCP Обезбедува доверлив пренос на информациите. Тоа значи дека гарантира за точноста и комплетноста на податоците што треба да се пренесат. Дестинацискиот компјутер испраќа потврди за прием на TCP сегментите – ACK. Во оваа потврда се одредува кој е следниот сегмент што треба да се прими. TCP TCP треба да обезбеди гаранции за точноста на пренесените податоци меѓу два крајни корисници. На пример, сегментите (податочни делови) на дестинацијата можат да пристигнуваат по погрешен редослед, па тогаш задачата на TCP ќе биде да ги реасемблира истите во правилната секвенца. TCP може да се издвои како најзначаен транспортен протокол, преку кој оди најголемиот дел од Интернет сообраќајот денес. План 9 TCP (ТРАНСПОРТЕН СЛОЈ) Одговорности на Основен транспортен протокол во рамките на транспортниот слој се: Интернет мрежата е TCP. Пренос на податоци TCP функционира на транспортниот слој од Контрола и корекција на двата референтни модела. грешките во преносот TCP претставува конекциски ориентиран Гаранција за испорака на протокол податоците TCP обезбедува доверлив пренос на информациите. TCP треба да обезбеди гаранции за точноста TCP на пренесените податоци ПРИМЕР ЗА ПРЕНОС НА ПОДАТОЦИ НИЗ МРЕЖА