Pitanja za Državnu Maturu 2024 - Filozofija PDF
Document Details
Uploaded by GleefulSwamp
2024
Tags
Summary
Ovaj dokument sadrži pitanja za državnu maturu iz filozofije za 2024. Pitanja obuhvataju različite filozofske discipline i periode razvoja filozofije.
Full Transcript
ИСПИТНИ ПРАШАЊА ПО ПРЕДМЕТОТ ФИЛОСОФИЈА ПРЕДВИДЕНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ДРЖАВНА МАТУРА 1. Што значи зборот „философија“? Од кои составки е изграден овој поим? - Поимот философија потекнува од старогрчките зборови филиа ( љубов, посветеност, пријателство) и софи...
ИСПИТНИ ПРАШАЊА ПО ПРЕДМЕТОТ ФИЛОСОФИЈА ПРЕДВИДЕНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ДРЖАВНА МАТУРА 1. Што значи зборот „философија“? Од кои составки е изграден овој поим? - Поимот философија потекнува од старогрчките зборови филиа ( љубов, посветеност, пријателство) и софиа (мудрост, умност) и означува љубов кон мудроста. 2. Што е предмет на философијата? Што открива таа? - Философијата е широко присутна во животот на луѓето и многу им значи за сомислувањето на постоењето. Токму тоа се предмет и задача на философијата. Таа е наука за постоењето, за целината на светот, за неговата суштина и карактеристики. Со неа се открива суштината, смислата на постоењето на светот и луѓето. 3. Кои се главните философски дисциплини и кој е предметот на нивното истражување? - Главни философски дисциплини се: o Онтологија – (онтос – битие, логос – наука). Наука за битието. o Гносеологија – (гносис – познание, логос – наука) наука за познанието. o Етика (грч. Етхос – обичај, лат. Мос, морис – обичај) наука за моралот.Го разгледува проблемот на доброто и злото, доблестите и пороците. Ги вреднува човековите постапки како добри или лоши, дозволени и недозволени, морални и неморални. Го разгледува проблемот на среќата. o Естетика (грч. Аистхесис – осет) наука за убавото. Философија на уметноста. Се занимава со проблемотна убавото, пред се во уметноста. o Антропологија (Антропос – човек). Дисциплина која ја проучува човечката природа, смислата и формите на неговото постоење. o Логика – философска дисциплина која ги истражува законите на правилното мислење и расудување. o Историја на философијата - го проучува развитокот на философската мисла. o Аксиологија – наука за вредностите. 4. Колку периоди има во развојот на античката философија? - Во развојот на античката философија има четири периоди: Космолошки период – сконцентриран врз прашања на светот Антрополошки период – сконцентриран врз интересирањето за човекот и за неговите проблеми Системски период – епохата на Платон и Аристотел Хеленистичко период– философијата и науките се рашириле низ целиот тогашен познат свет (времето на Александар Македонски) 5. Што значи поимот архе? – Архе е супстанција, прапричина, извор на сѐ што постои, она од што сѐ настанува и во што сѐ нестанува (исчезнува). 6. Што значи поимот калокагатија?- Во сочуваните изреки се појавува и специфично хеленскиот поим калокагатија. Убавото е добро, доброто е убаво. Овој поим покажува дека Хелените не биле ниту етички ниту естетички еднострани. Убавото и доброто се поклопуваат во најголема инстанција, така што се објавуваат како народ кој во својата етика е естетичен и во својата естетика етичен. 7. Што значи поимот евдајмонија? - Евдајмонизмот содржи среќа како состојба за цел живот, тоталитет на уживањето. Поединечното мора да се запостави. Тоталитетот е нешто општо , единствено, правило за поединечните уживања. Поимот евдајмонија е поблизок до поимот блаженство отколку до поимот среќа во современото поимање на среќата. Споредена со Индиската философија, евдајмонизмот се прикажува како спротивен на неа. По индиската философија, цел на човекот е ослободување на душата од телото, душата да биде по себе и за себе како целосна апстракција. За Хелените задоволувањето на душата се бара но не со бекство, повлекување во самата себе, туку во сегашноста , конкретно задоволство во врска со околината. Во среќата е содржината на уживањето и задоволувањето на субјектот, на општ начин, поединечното уживање се изгубило, форма на општост е во него. Блаженството е состојба на духот и телото која произлегува од спознаената вистина. Поимот евдајмонија е неодделив од радоста, мирот, спокојот како последица на видената вистина. За човек да се нарече среќен мора да се сочека и неговата смрт, дури и смртта да се случи на побожен начин. 8. Кој философ ја искажал мислата: “Дајте ми да бидам убав однадвор, а мојата внатрешност да биде во хармонија со моите надворешни особини “? – Платон, Федар 9. Кои се трите определби на архе-то во Милетската школа? - Талес - водата - Анаксимандар - апејронот - Анаксимен -- воздухот 10. Основите на Питагорејската онтологија. - Питагорејците не го барале архе-то во сетилниот, материјалниот свет. Материјалните нешта се менливи и минливи. Тие настануваат и исчезнуваат. Суштина на сѐ што постои е бројот. Главниот став на питагорејската философија гласи – Бројот е суштина на сите ствари и универзумот е организиран така што претставува хармоничен систем од броеви и нивни односи. Броевите се вечни, неменливи, трајни, неуништиви. Тие се основа на сѐ што постои. „Сите нешта што можат да се сознаат имаат број, без него ништо не може да замислиме и сознаеме“ (Филолај) – секое својство може да се мери, изброи, споредува. Да се познае нешто, значи да се сознае неговиот број, бројниот однос што владее во тоа нешто. Бројот е законитост на светот што се искажува со пропорции како бројни односи. - Питагорејците на броевите им давале мистични својства. Броевите 4 и 9 настанати со множење на еднакви множители значеле справедливост, бројот 5 како збир на првиот парен и првиот непарен број, го означувал бракот. Најважни се броевите 1, 2, 3, 4. Нивниот збир ја дава десетката, совршениот број, духовната основа на светот. Аристотел укажува дека според питагорејците броевите се состав од принципите парно и непарно. Парното е неограничено, а непарното ограничено. Едното произлегува од двете бидејќи тоа е и парно и непарно, а броевите произлегуваат од едното, и целото небо е број. - Питагорејците ги сфаќале броевите просторно. Еден е точка, два е линија, три е површина, четири – цврсто тело. Оттаму, да се каже дека сите ствари се броеви, значи да се каже дека сите тела се состојат од точки или единици во просторот кои заедно го сочинуваат бројот. Доказ за овие претпоставки е „тетрактис“, фигурата која ја сметале за света........... 11. Што претставува убавото според Питагорејците? - Музиката особено се почитувала во Питагорејското братство. Тие откривале односи меѓу броевите. Помеѓу должината на жицата и висината на тонот. Насекаде ја барале совршената пропорција. Убавината почива на совршен распоред на деловите. Односно почива на бројот и пропорцијата. 12. Што значи поимот метемпсихоза?- Учење за селењето на душата - Питагорејците учеле дека душата е бесмртна. Таа е затворена во телото, но има моќ да се прочисти и да се ослободи од телото. Услов е , етички да се воздигне и облагороди. Смртта не е целосно , апсолутно исчезнување, туку селење на душата во друго тело во разни форми (од животно до човек) Душата има можност да се прочисти до степен на совршенство. 13. Кој философ ја искажал мислата „Овој свет, ист за сите, не го создал ниту Бог ниту човек, туку бил, Е и ќе биде, вечно жив оган кој со мера се пали и со мера се гасне“? – Хераклит 14. Како Хераклит го објаснува движењето во светот? - Во светот владее промена која се случува законито, логосно. Сѐ што постои има свој почеток и крај, настанува, постои, исчезнува. Од небиднина преминува во бидување и повторно во небиднина. Сѐ се менува. Постои мисла која вообичаено му се припишува на Хераклит “Panta rei” – сѐ тече сѐ се менува. Па сепак, во таква форма не ќе ја сретнете меѓу зачуваните фрагменти. Но, Хераклит вели: “Во една иста река не може два пати да се влезе”, бидејќи непрестајно дотечуваат нови води. “Во исти реки влегуваме и не влегуваме, сме и не сме”. Во основите на оваа вечна промена се наоѓа дијалектичкиот процес на меѓусебниот судир на спротивностите. Војната е татко и крал на сите нешта. Во стварноста сѐ се бори со сѐ, сѐ е во војна со сѐ. Но покрај борбата на спротивности постои и единство на спротивности кое го нарекува хармонија. Спротивностите не можат да постојат една без друга. Само заедно тие претставуваат нешто. Спротивностите се проникнуваат т.е преминуваат едни во други. Раѓајќи се, сѐ се стреми кон своето умирање. Дијалектиката подразбира судир на спротивности од кој се раѓа novum, најубавата хармонија. - Значи движењето е детерминирано од логосот, дијалектичко, вечно 15. Што е логос во Хераклитовата философска размисла? - Сеопштата космичка законитост се случува според Логосот (ум, разум, закон, дух, мисла). Логосот е вечен. Сѐ настанува според Логосот кој управува со сѐ. Логосот го овозможува хармоничното единство на спротивности. Само со познание на Логосот може да се живее во хармонија со природата. Познанието на вистината е можно единствено со посредство на разумот. Очите и ушите се лоши сведоци за луѓето кои имаат варварска душа. А, “еден е подобар од десет илјади доколку е најдобар”. 16. Какво е Елејското поимање на битието?- - За елејските философи битието е нешто вечно, не настанало и нема никогаш да исчезне. Битието е едно, целост, неподвижно и неменливо. Нема ништо над него и покрај него. Тоа е во форма на совршена топка. Битието е божество, но не е личност, туку целина, истовидна со целата вселена. 17. Кој философ ја искажал мислата: “Битие Е, Не-Битие не е!” – Парменид 18. Објаснете го Зеноновиот метод на докажување на вистината. - доследниот Парменидов ученик кој почитувајќи го философскиот монизам и рационализам си постави задача да ги побива спротивставените концепции сведувајќи ги на бесмисла. - Неговата задача не е нималку едноставна, напротив, особено е тешка. Тој треба да ги докаже тврдењата на својот учител - Битие е Едно, Не-битие е мноштвото, празниот простор и движењето. Сето тоа од преголема љубов и почит кон учителот и верата во вистината. Зеноновите аргументи се замислени така што треба да ги побијат Парменидовите опоненти прикажувајќи ги нивните тези како смешни и противречни. Се користи со методот reductio ad absurdum, сведување до апсурд, кој е индиректен начин на докажување на вистината. Тој ги побива спротивставените тврдења сведувајќи ги до апсурд, а тие се апсурдни кога содржат противречност. Бидејќи умот не трпи противречност, тие се невистинити, а штом тие се невистинити, учењето на неговиот учител е вистинито. 19. Изложете ги Зеноновите апории. - Неговите исклучително интересни, досетливи и непобивливи докази се нарекуваат апории – ќорсокаци. Според некои извори, Зенон составил 45, Аристотел вели дека имало 27, а во списот Физика наведува 4 – Ахил и желката, Стрела, Стадион и Дихотомија. - Дихотомија (поделба на два дела) Претпоставуваме дека треба да се помине од точката А до точката Б. Но, за да се стигне до точката Б, услов е да се стигне барем до половина пат меѓу точката А и точката Б. Но, меѓу таа половина постои друга половина и така во бесконечност. Со оглед на бесконечната делба на просторот, на бесконечниот број точки што во конечно време треба да се поминат, ние никогаш не ќе стигнеме до точката Б. - Ахил и желката. Претпоставуваме дека Ахил и желката се натпреваруваат во трчање. Како чесен и честит натпреварувач, брзоногиот Ахил и дава предност на желката. Во времето кога Ахил стигнува до местото од каде тргнала желката, таа веќе се поместила до следната точка, кога Ахил ќе стигне до таа точка, желката се поместила до следната точка, кога Ахил ќе стигне до таа точка , желката совладала друга оддалеченост. Така Ахил никогаш не ќе ја достигне желката. - Стрела. Земаме стрела која се движи. Според питагорејската теорија, стрелата би требало да завзема одредена положба во просторот. Но, да се зазема одредена положба во просторот значи да се биде во мирување. Оттаму, движењето го сфаќаме како збир од мирувања што е бесмисла. Велиме – стрелата која лета всушност мирува. 20. Како се нарекува учењето на Демокрит? – квантитативен атомизам 21. Објаснете го Демокритовиот квантитативен атомизам. - Спротивно на Елејците, Демокрит го признава стварното постоење и на битието и на небитието. Битието се атомите, небитието е празниот простор. Битието е материјално, мноштвено, составено од безброј делчиња – атоми (а-томос, не-делливи) Тие се мали, невидливи, вечни, материјални, понатаму неделливи честици од кои сѐ настанува. Сѐ што постои е збир и комбинација на атомите. Атомите се квантитативно определени. Имаат квантитет (ред, положба и облик) но не и квалитет (боја , вкус, мирис). Затоа Демокрит е претставник на квантитативниот атомизам. 22. Каква е душата според Демокрит? Од какви атоми е составена таа? - Постојат бесконечен број на атоми во бесконечен празен простор. Световите настануваат, траат и нестануваат при процес на разделување на атомите. Душата е составена од огнени, префинети атоми. Со умирањето на телото умира и душата. Смртта не е ништо друго освен разединување на атомите. 23. Зошто поимот софист добил погрдно значење? - Тие се носители на образованието и просветеноста на народот. Тие се првите учители, патувачки учители кои први отворале училишта и први го наплатувале знаењето. Своите ученици ги учеле правилно да зборуваат, мислат, дејствуваат. Со софистите, философијата престанала да биде привилегија на поединци. Таа излегува на плоштадот и е сопственост на сите. - изразот софист, потекнува од грчкиот збор софос - мудрец. Но погрдната смисла зборот ја добива од Аристофановите комедии, како и од Платоновите и Аристотеловите списи. За Хелените срамен чин е да се продава сопственото знаење. Мудроста и убавината ги сметале за големи вредности во животот, но доколку мудроста се изнесе на пазар и се нуди за продажба , таа станува блудница како и убавината која се продава за пари. За Сократ оние кои подучуваат за пари се продавачи на сопствената слобода. - Според Аристотел , софистиката е привидна а не вистинска мудрост, а софистот е човек кој зема пари за привидна а не за вистинска мудрост.Тоа е разбирливо ако се земе предвид поттикнувањето еристика , отфрлањето на постоечките норми, земањето пари, јазичките подметнувања со кои се служеле младите софисти со цел да го збунат, исмеат и да го доведат во незгодна положба собеседникот. Пример за софизам – „Софистот- Она коешто не си го изгубил го имаш. Соговорникот – Да! Софистот - Рогови си изгубил? Соговорникот – Не! Следствено рогови имаш – заклучува софистот“. 24. Кои се основните карактеристики на учењето на софистите? - Основните карактеристики на нивнотоучење се o Субјективизам и релативизам (вистината, доброто и убавото се релативни и зависат од околностите) o Антидогматизам (го развиле критичкиот и истражувачкиот дух) o критика на религијата 25. Каков е ставот на Протагора во однос на религијата? - Во Атина бил обвинет за безбожништво и богохулење бидејќи ја изложил тезата по која За боговите и нивната природа не можам да знам ниту дека се ниту дека не се. Прашањето е тешко , а човековиот живот е краток.Сметајќи го својот живот за помил ја напуштил Атена, но како иронија на судбината се удавил во море при бегство кон Сицилија. 26. Кои се трите основни тези со кои Горгија го искажал својот нихилизам? - Основните тези на неговото учење кои објавуваат теоретски нихилизам се – o Ништо не постои o Ако нешто постои не може да се сознае o Дури и ако нешто може да се сознае, не може да се искаже и на друг да се пренесе. 27. Кој е општиот лозунг на антиката и личната максима на Сократ? – Спознај се себе си 28. Кои се двата дела на Сократовиот философски дијалог како метод за познание на вистината? - Методот кој тој целосно го разработил е дијалектиката – водење разговор, дијалог. Таа е состав од два дела – иронија и маевтика (бабичка вештина). Појдовниот став гласи „Јас знам дека ништо не знам“. Тој не тврдел дека не знае туку дека знае дека не знае. Во дијалогот Сократова одбрана, Платон вели дека токму поради оваа мисла Пророчицата Питија го прогласила за најумен меѓу Хелените. Зашто оние кои не знаат колку не знаат не можат ниту да осознаат бидејќи не стремат кон знаење, живеејќи во заблуда дека знаат, а не знаат. Тој верувал дека мислењето може и мора да ја најде вистината. Процесот на познанитето се одвива низ два метода. o Иронија, која е поставување прашања и доведување на собеседникот до свесност и засраменост од своето незнаењ иако првично мислел дека знае. o Маевтиката е процес на породување на знаењата. Низ прашања се наведува соговорникот до заклучок , до основна дефиниција за поимот на расправата. 29. Кои се основните поставки на Сократовата етика? – основната амбиција на Сократ е да открие како да дојде до вистинското знаење. Втората философска насока на Сократ била единствена со првата: како луѓето да научат што е добро? Тој верувал во човечката природа, во силите на човекот. Заблудите му пречат секому да дојде до правилен став. Кога човекот знаел што е добро, тоа и би го правел. Тоа е основата на сократовата философија на која и го посветил живото. - Сократ ја има искажано општата рационалистичка мисла- дека еможно да се дојде до знаење и дека е најважно да се дојде до знаење, затоа што е невозможно да греши оној кој знае. Оној кој знае што е добро и правилно, тоа и ќе го прави. Така сократ прв ги создал научните основи за етиката. Сократ посочувал како да се градат правилни етички сознанија како сонова за доброто дејствување. Треба да се научи, за да се биде добар. Тој сметал дека нема можност да се прави нешто храбро или справедливо ако човекот постапува без знаење, без свесна цел или намера. - За Сократ добродетелта е знаење, доброто дејствување е пројава на умот. За умни и морални луѓе ги сметал оние кои знаат што е добро и тоа го прават, или знаат што е грдо и тоа го избегнуваат. Кај сите луѓе е еднаква склоноста кон доброто и оваа љубов за добродетелта треба да се развие. На сите им се потребни трудење, вежбање, воспитување. - Сократ имал крајно благородна душа, тој бил уверен дека никој не греши намерно. При лошото дело станува збор за несвесност, за незнаење на тој човек што е добро и што е зло, а не дека тој не го сака доброто. Како принцип Сократ го поставил самоусовршувањето, за што е важно да одат заедно интелектуалното и етичкото, како што правел тој и им го покажувал на другите. - Неговиот став дека вистината е исто што и добрината, неговата увереност дека гревот произлегува од незнаење, неговиот личен пример на решеност да се почитуваат важечките закони на заедницата и по цена на сопствениот живот, останале вечна инспирација за драмски, книжевни, поетски остварувања и за неброени философски расправи. 30. Како се викала Платоновата философска школа? – Академијата 31. Кои се двата света за кои зборува Платон? - Светот на идеите - првостепен - Материјалниот свет - второстепен 32. Што се идеите за Платон? Каков е светот на идеите? - Според платон, вистински се идеите како поими, како принципи на нештата и како она што е совршено. Идеите за него се слики, ликови облици Идеите се единствени, трајни, неделиви, идеални. Светот околу нас само делумно ја одразува суштината на идеите, тој е привремен и се разбира не е најважен. Идеите тој ги смести во посебен свет кој е апсолутна реалност. Тие се идеали, кои на нештата им служат како образец, нештата во нашиот свет се нивни одраз, сенка. Идеите се вечни, а нештата се менливи и неменливи. За платон идеите се извор и цели на нештата од појавниот свет. Идеите поседуваат објективен статус во topos hiper uranios , во сопствениот трансцендентен свет, одвоени од сетилните ствари кои се одраз или најмногу учествуваат во тие општи реалитети. Идеите се во меѓусебна раздвоеност, постоејќи независно од умот на било кој мислител. Тие се причина на појавното, но тоа никогаш не може да го достигне совршенството на својата прапричина бидејќи на тој начин би се поистоветиле причината и последицата Идеите се одделни и од стварите и од бог, тој ги зема како парадигма, односно ги создава стварите од овој свет според моделот на формата. Светот на идеите е неменлив и во него има хиерархија во која на врвот се наоѓа идејата за Доборото. 33. Како е организирана Платоновата идеална држава? Колку сталежи има таа? - Софократија е вистинското, совршеното политичко уредување во кое владеат умните. Држава во која философите ќе станат владетели или владетелите философи. Постојат три конститутивни сталежи во државата. Владетели, војници и производители. Секоја душа има три дела сетилен, волев и разумски. Кај различни луѓе различно се застапени. Во зависност од тоа кој дел доминира, зависи местото на личноста во државата. o Производители се луѓе кои се заниваваат со земјоделие, занаетчиство, трговија. Нивна задача е да ја хранат заедницата. Нивна доблест е скромноста. o Војниците ја бранат државата. Нивна доблест е храброста. o Владетели се оние кои управуваат со државата бидејќи нивна доблест е мудроста. Една држава ќе биде добро уредена кога философите ќе станат владетели или владетелите философи. КОга секој сталеж ќе си ја извршува работата на најдобар начин, тогаш во државата ќе се оствари праведноста, а тоа е идеал на секоја држава. 34. Која идеја се наоѓа на врвот на хиерархијата на идеите во Платоновата философија? – На врвот се наоѓа идејата за ДОБРОТО. 35. Што претставува уметноста во Платоновиот философски систем? - Во Платоновите списи се изложени двете теории за уметноста. Според едната, уметноста е имитација, подражавање на природата, т.е материјата која е сенка, мимеса, подражавање на идеите. Ако уметноста ја одразува материјата која е сенка на идеите, тогаш уметноста е сенка на сенката. Таа е третостепена. - Па сепак, во списот Ион ја изложува својата поетичка теорија на ентусијасмот според која уметноста не е вештина, ниту знаење туку божјо присуство. Песната е маничен одглас на божествениот глас во миг на пророчко растројство, На трансцендентна вознесеност. 36. Што пишувало над портите на Платоновата Академија? - –„ Нека не влегува оној кој не знае геометрија“ 37. Изложете го Платоновиот мит за пештерата? - Платон ни дава приказ на толпата луѓе кои оковани седат во пештерата, осудени да гледаат во сенките на идеите кои се гледаат на ѕидот од пештерата кој се наоѓа пред нив. Идеите се наоѓаат зад нив, на излезот од пештерата каде се наоѓа сонцето. Луѓето живеат во заблуда дека сенките пред нив се вистинските ствари. Тие се немоќни да ги раскинат железните окови и да им дозволат на вистинските идеи да ги заслепат со сета своја блескава светлост. Тие се плашат од неа. Слободоумниот философ, измачуван од вечниот стремеж и копнеж по вистината неплашејќи се од моментната заслепеност, е единствениот кој може да ја познае вистината. 38. На кој философ му се припишува мислата „Драг ми е Платон но подрага ми е вистината“? – Аристотел 39. Како се викала Аристотеловата школа? – Ликеј, перипатетичка школа во која предавањата се одржувале во градината 40. Што претставува силогизмот? - Во делото Аналитика го изложува формалното заклучување познато како силогизам, во кое правилниот заклучок следува според логичката нужност 1–>А–М 2–>М–Б Zaklucok: А – Б Ако А му припаѓа на М, и М му припаѓа на Б, тогаш А му припаѓа на Б. Вистината, според Аристотел, значи совпаѓање на мислите и нештата, оваа негова теорија на висината е позната како теорија на кореспонденција (соодветност). - Со помош на две примеси се доаѓа до правилниот заклучок. 41. Каков е соодносот помеѓу материјата и формата во Аристотеловата философија? - Својата метафизика ја изградил во односот меѓу материјата и формата. Се што постои претставува единство на материја и форма. Материјата е хиле, граѓа , материјал од кој се составени сите нешта. Таа е вечна и неуништива. Без материја не би можело да постои битие. Само т.н. прва материја е без форма таа е пасивна, т.е. неподвижна, не може самата да се оформува, но таа е потенција на себе да прими било каква форма. Бидејќи е пасивна таа чека формата да ја конкретизира. Формата е енергија, таа е активна, творечки принцип. Формата која е активна делува на материјата која е пасивна и ја обликува. Тогаш станува стварност, т.е. поединечна материја, ствар. Неа ја нарекува втора материја. Таа е материја на некоја друга форма, тоа значи дека односот на материјата и формата е релативен, она што во еден случај е материја, во друг случај е форма. Глината е материја, низ дејството на формата, чинот на оформување, станува тула која претсавува материја за друга форма, односно куќа. 42. Како Аристотел го објаснува движењето и која е неговата крајна цел? - Делувањето на формата врз материјата се нарекува движење. Тоа секогаш има своја цел која се нарекува ентелехија. Движењето започнува со првата материја, а завршува со чистата форма. ЦЕлта на движењето е да се изгуби што повеќе материјаи да се добие што повеќе форма. Целта е т.н. чиста форма. Чистата форма е нешто нематеријално. Таа е форма без материја, таа е неподвижна но го дава првиот импулс на движењето. Затоа чистата форма се сфаќа како неподвижен двигател, прва причина на се што постои, таа е мисла која се мисли себеси.. Тоа е Аристотеловиот Бог. 43. Аристотеловата поделба на политичките уредувања? Колкумина Владеат Владеат владеат со добро со лошо еден Монархија тиранија Неколкумина Аристократија олигархија Мнозина Политеја Охлократија (демократија) 44. Што значи поимот zoon politikon? – Според Аристотел човекот е морално битие кое може да се оствари само во заедница со други луѓе. Учел дека човекот е zoon politikon општествено суштество. 45. Објаснете го Аристотеловото учење за средната мера. - Најголемо добро за човекот е среќата. Сите луѓе настојуваат да ја остварат среќата, но малкумина знаат во што се состои таа. Според него, среќата треба да се бара во согласувањето на душата со нејзините добродетели. За да биде човекот среќен треба да живее според можностите. „Биди она што си!“За да не згреши човекот во проценкат ана своите добродетели, треба во се да ја бара средната мера. Таа се наоѓа помеѓу две крајности, премногу и премалку. „НИшто премногу, ништо премалку“. Помеѓу расипништвото и скржавоста , се наоѓа домаќинлукот. Помеѓу страшливоста и лудата бестрашност, се наоѓа храброста. - Мерата е најдобра - Етиката односно изборот и оставарувањето на најдоброто решение се оставарува преку размноста и преку спроведувањето на квалитетна умереност. За аристотел моралот е на среден пат во човековата доживелица на добрините и во неговата волева насоченост во дејствување. Во се треба да се има мера. Аристотел истакнува дека претерувањето и недостигот, недоволноста се негативни особини. Само состојбата меѓу крајностите е прифатлива и творечка. Средната мера, умереноста за чија пројава е нужно размско однесување, овозможува да се достигне апсолутната цел на човековото живеењњ- среќата, блаженството. 46. Кои се основните философски поставки на Хеленизмот?- Има повеќе особени духовни карактеристики на оваа епоха: насекаде се шират грчкиот јазик и основите на хеленската култура, кои овозможуваат подобро комуницирање (затоа оваа ера и се нарекува хеленистичка); се шири писменоста и за сите прашања почнуваат да расправаат луѓе од различни народи и социјален статус; се развива науката, која заради егзактноста почнува да се одделува од филозофијата. Филозофијата почнува понагласено да се интересира за душевните и моралните димензии на човековото живеење, за неговите дилеми и болки. Истовремено се посилна е врската меѓу филозофијата и религијата, како израз на барањето утеха и спас во разбрканиот и страдалнички свет и на трагањето по сигурност во ситуација на општа неизвесност. Појасно се диференцираат филозофските пристапи, така што различните школи, чии сознанија може и да се проникнуваат, постојат едните покрај другите, но и јавно стануваат во одбрана на својата верзија на вистината. Како цел на филозофијата се појавува желбата да се стане мудрец. - Синкретизам, епогонство, неоргинално учење, превземање на веќе постоечки идеи, не се оригинални мислители, прават измена, надополнување, нови контексти - Претставници: Епикурејци, стоичарите,скептицизам, плотин - Онтологијата се јавува во функција на решавање на онтолошки проблеми - Интезивна потреба по сепство, самопронаогање, кој сум што сум јас? 47. Како се викала Епикурејската школа? – епикурејска градина 48. Од кои стравови, според Епикур, треба да се ослободи човекот за да биде среќен? Од Стравот од смртта, од боговите, од натприродните работи o За да се биде среќен , потребно е да се познаат законите на природата. „Без познание на природата не можам да ја достигнам светлоста на уживањето“. Епикуровото учење за природата произлегло од етичката тенденција низ познанието на светот и животот да се надминат натприродните причини за несреќа кои се само слика на човечките вообразби, примитивни претстави и предрасуди и одржување на човекот во постојан страв од смртта кој го оневозможува достигнувањето на душевниот мир и благосостојбата. 49. Во што се состои разликата меѓу Демокритовиот и Епикуровиот атомизам?- Во основата на материјата се наоѓаат атомите. Тие се вечни, неуништиви, непроменливи, неделливи. Атомите се безбројни по квантитет, а празниот простор е бесконечен. Оттаму, вселената е бесконечна. За егзистенцијата на материјата сведочат осетите, за егзистенцијата на празниот простор сведочи движењето. Разликата со Демокритовото учење се согледува во тоа што Епикур покрај големината и обликот на атомите им припишува и тежина. Тој познава и атомска маса и атомски обем. Но, и наспроти праволиниското и детерминирано движење кај Демокрит , Епикур говори за деклинирање на атомите од своите патеки, засновано на индетерминистичко движење во чија основа се наоѓа слободата која му беше неопходна за создавање на етичкото учење 50. Во што се состои разликата меѓу Елејската и Демокритовата онтологија? - Спротивно на Елејците, Демокрит го признава стварното постоење и на битието и на небитието. Битието се атомите, небитието е празниот простор. - Елејците- битието е, не битието не е, битието е едно, не се движи - Демокрит- го прифаќа постоењето и на битието и на небитието , битието е мноштво, се движи 51. Каков е Епикурејскиот хедонизам? - „Задоволството е почеток и крај на блажениот живот“. Епикур не застапува вулгарен хедонизам кој објавува моментни задоволства и реализација на блудства и страсти. Претпочита духовни задоволства. Задоволството го согледува во отсуство на бол и страдање. Тоа е состојба на невознемиреност на духот, кога телото е здраво , а душата спокојна – атараксија. Задоволството се јавува како цел само ако уживањето е резултат на философијата. Безумното, неразумно суштество кое се дави во задоволства е неможно да се нарече епикуреец. Со силината на мислата философот го осознава вистинското задоволство, наспроти моментното задоволство со кое запаѓаме во страдања, бол и несреќа. „Подобро е да се биде несреќен со ум , отколку среќен со безумност“. Мудриот човек не ги зголемува своите потреби, зашто тоа е зголемување на изворите на бол. Тој поскоро потребите ги намалува до минимум. Епикурејците се убедени дека мудриот човек може да биде среќен и во моментите на телесно мачење. И распнатиот мудрец е среќен. Дури и запален и мачен , и во внатрешноста на фаларисовиот бик, тој ќе рече – Колку е пријатно, колку малку јас се грижам за ова. Оттаму епикурејската етика води кон умерен аскетизам. Доблеста според Епикур е услов за душевно спокојство. Основна доблест е разумноста која може да го изгасне огнот на сите страсти, кои се всушност извор на страдања. 52. Изложете ја стоичката онтологија. - Основата на се е материјална. Во Хераклитовски дух битието го прогласуваат за вечно жив оган од кој се настанува. Логосни се неговите основи. Огнот е здив кој се проникнува. Тоа е сила која ја нарекуваат божество, разум и судбина. Севкупното движење на светот е вечно враќање на нештата и настаните исти какви што се сега. Кружното историско движење се повторува многу пати. И се случува по строга законитост наречена судбина. Мудрецот е оној оној кој живее согласно природата. Тој ја познава нејзината законитост и знае дека мора да ја прифати. Следствено тој живее согласно разумот, а тоа е услов за среќен и блажен живот исполнет со мир и спокојство. За постигнување на добродетелта и страстите пречат афектите, страстите, јанѕите, насладата, копнежите, а тие се извор на бол, болест, страдање и несреќа. Оттаму философот е оној кој остварува состојба на бестрастие – апатија, состојба на немање страсти 53. Во што се состои разликата меѓу стоичарите и епикурејците?- Стоичарите создале цела низа етички определби кои човекот е должен да ги почитува за да оствари среќен живот. Може да се констатира дека Епикурејската философија на духот соодветствува на стоичката доктрина. Додека стоичарот прокламира „живот во согласност со природата“, а тоа е оној што сократовски во интелектуална смисла им е посветен на доблестите, Епикур, пак, Стоичката синтагма ја парафразира во „живот во согласност со задоволствата“. Сепак, задоволството се јавува како цел само ако уживањето е резултат на философијата. И Сенека стоичарот ја забележува блискоста, „Истиот оној закон кој ние го нарекуваме доблест, тие го прогласуваат за задоволство“. Животот на стоичарите не се разликува од оној на епикурејците, зашто она што стоичарите го нарекуваат закон , за епикурејците е задоволство. - Стоичарите ја претпочитаат законитост - Епикурејци ја претпочитаат слобода 54. Како според Плотин настанува светот и нештата во него? - Постоењето на мноштво конечни ствари, Плотин го објаснува преку учењето за еманација (излевање, произлегување) од совршениот принцип кој останува непроменлив. Плотиновото учење се нарекува панентеизам според грчките зборови што значат „сѐ е во Бога“, нашата реалност е дел од божествената реалност. Од Едното се еманираат хипостази, форми на суштествување. Излевањето на сета стварност од Едното го претставува т.н. пат надолу. Прва, непосредна еманација на Едното е Нус (ум или дух). Умот или Духот е причина и образец на светот, слика на праизворот. Умот како дух, со идеите кои иманентно ги содржи, определува какви ќе бидат единечните предмети. Тука се чувствува влијанието на Платон. Втора еманација е космичката душа. Со поединечната душа настануваат множества единечности што се разликуваат, а се во просторот и времето. Душата се сели од едно тело во друго (метемпсихоза) сѐ додека не се исчисти и не се спои со Едното како почеток и основа на сѐ. Тоа е конечната цел на душата. Трета еманација е сетилноста, материјата. Таа е најоддалечена од праизворот. Таа е небитие, зло. Оваа хипостаза ги опфаќа човекот преку телесноста, другите суштества и предметите. Предметите се најоддалечени од Едното. - Сѐ што постои претставува единствено скалило. Еманацијата од „светлото“ Едно бледее низ хипостазите конечно преминувајќи во мракот на материјата. Небитието т.е. материјата, кај Плотин не е само спротивност туку и производ на Едното. Еманацијата не го редуцира, ослабува Едното. За да ја објасни оваа идеја, Плотин илустрира светлост која ги фрла зраците во темнината, не трошејќи се, создавајќи атмосфера на јасност при што најоддалеченото од изворот губи на интензитет исчезнувајќи во мрак, губејќи се во материја. 55. Во што се состои екстазата според Плотин? - Материјата може да оствари извесно просветлување преку душата како директен потомок на Нус-от. Преку копнежот на душата за враќање кон Едното. Материјата е зло кое не е сфатено како позитивно постоечко, туку како недостаток на добро, како небитие. На душата ѝ се припишува атрибут зла единствено кога ѝ се подава на материјата. Оттаму, повикот за напуштање на сетилното и материјалното и поттикнување копнеж за мистичко соединување со Едното. Тоа е, всушност патот нагоре, издигнувањето на душата низ различните степени на познание, почнувајќи од сетилното, потем разумското, умното, сѐ до интуитивното, односно непосредното познание на битието кое што претставува идентификација со Божеството и се случува во чин на екстаза (излегување надвор од себе). Познанието на Едното започнува со стремеж за враќање кон Едното. Познанието на вистината е акт на љубов кон неа, мистична љубов кон Едното. Услов за возвишување е духовното разубавување, личносното морално прочистување кое резултира со соединување со Бога. Порфириј запишал дека Плотин четири пати во текот на шест години ја доживеал состојбата на екстатично соединување со Бог во кое ја согледувал Убавината по себе и за себе. Последните зборови му биле: „Јас се обидувам да го спојам божественото во себе со божественото во универзумот“. 56. Изложете го определението на Света Троица според Византиската философија? - Според Христијанската монотеистичка вера , Бог е Света Троица – Бог Отец, Бог Син и Бог Свет Дух. Тоа не се три бога , но еден, бидејќи трите божествени личности имаат една суштина , еден живот и бесконечно божествени сили и енергии. Св. Максим Исповедник вели „Бог е подеднакво монада и тријада“. Он е еднотроичен и троеден со двојно равенство во кое 1=3 и 3=1. Три не претставува резултат на збир, три апсолутно различни реалности не можат да бидат изброени, три апсолута не подлежат на собирање. - Бог не е осамено битие, автономна монада или индивидуална суштина. Бог е Троица, Тријада. Три лица со апсолутна егзистенцијална особеност. Бог е еден е зашто е едносуштен и Триипостасен зашто има три Лица. - Лицата на Света Троица не постојат секоја за себе и не претендираат на егзистенцијална автономија. Хеленскиот поим ипостас првично означувал суштина, природа, во христијанството се издигнува на личносно постоење и поистоветување со личност – просопон.. 57. Што е исихазам и каде се јавува?- Познанието на вистината се остварува низ исихастичко – аскетски метод. Зборот исихија значи тишина, мир, стивнување. Суштината на исихазмот е да се живее стивнато, во спокојство, смирение, со мисла оплодена со духовно искуство и живот во пост и молитва. Исихазмот ја покажува суштината на подвижничкото живеење на православните монаси. Византиските философи сметаат дека разумот треба да биде во согласност со мудроста која се содржи во откровението на божјиот логос низ внатрешна будност и молитва. 58. Што е сколастика? - Сколастика претставува стремежот во Западна Европа христијанската теолошката мисла да се изложи во перспективата на Аристотеловата философија. Христијанскатафилософија да се изложи преку Аристотеловото учење. Или Аристотеловата философија да се види низ призмата на Христијаското учење.Поимот сколастика потекнува од латинскиот збор скола што означува школа, расправа, истражување. Сколастиката започнува во 9 век и трае сѐ до зародишот на Ренесансата.Тоа е период во кој што силно се развива образовната дејност. - Римокатоличка релегија 59. Што претставува проблемот на универзалиите? - Во сколастиката се развила голема философска расправа именувана како проблем на универзалиите. Проблемот се засновува на прашањето за постоењето на идеите, односно поимите. Проблем актуализиран уште кај Платон и Аристотел.Се дистингвирале три струи – реалисти, номиналисти и концептуалисти. - Според реалистите, идеите реално постојат. Општите поими, идеите, постојат пред предметите и поединечностите кои се минливи. Овие позиции ги застапувале Анселмо Кентербериски и Гијом де Шампо. - Според номиналистите, општите идеи се само имиња. (лат. Номен). Постојат само предметите. Поимите се само зборови, звуци кои нив ги означуваат. Претставник на номинализмот бил Росцелин. Нему му се спротивставил Гијом де Шампо со тврдењето дека постои универзален човек, чија слика ја создал Бог, а единките се само случајности кои го оправдуваат своето постоење доколку личат на таа општа слика. - - Концептуализмот е средна струја за која идејата е општ поим, со кој преку претставата што ја имаме, ги поврзуваме истите квалитети кај различни нешта. Поимот е всушност замисла за суштинските карактеристики на определена класа објекти. Ова учење го застапувал Пјер Абелар. 60. Кои се четирите видови природа според Јован Скот Ериугена? - Постојат четири видови природа – несоздадена и творечка (Бог во чистиот вид), создадена и творечка (човекот), Создадена и нетворечка (светот на телата) и несоздадена и нетворечка (Бог како крајна цел). 61. Кои философи ги искажале мислите - „Верувам за да разберам“ - Аврелиј Августин - „Верувам затоа што е апсурдно“- Тертулијан 62. Кој философ го напишал делото „Несистематичност на философите“? - Ал Газали 63. Кој философ го напишал делото „Несистематичност на несистематичноста“? – Ибн Ружд / Авероес 64. Кои се основните карактеристики на Ренесансата? - Поставени се основите на независен развој на науката, интензивен развој на научната методологија (на апаратите, инструментите и на постапките на истражувањата), развој на техниката, ширење на комуникациите, особена фасцинација од античкиот период, тежнение за подобрување на животните услови. Се поставува суштествено различна интерпретација на слободата во однос на средновековното поимање, блискоста философија – религија се заменува со инсистирање на односот философија – наука, а теоцентризмот се заменува со антропоцентризам. Се слави хуманизмот, кој како поим создаден од Кикерон ја означува суштината и целината на „убавиот човек“ кој низ образование стекнува духовна и морална возвишеност. Во Ренесансата се појавила идејата за двојната вистина – вистината на верата и вистината на философијата т.е. науката. Тие не си противрерчат. Но, паралелно постојат. Имајќи различен предмет на интересирање. Разумот не може да суди за верските прашања, но ниту теологијата не е надлежна ниту може да суди за научните истражувања. Во Ренесансата се развива критичкиот дух и се развива посебен вид на хуманистичка философија позната како утопизам. Тоа е идеја за простор кој што го нема. Замислена држава кон која се стреми. Тежнение за создавање идеален град – држава заснован на праведност. Во Ренесансата се поставува хелиоцентризмот како астономска концепција за светот, наспроти геоцентризмот кој се претпочитал во Средновековието. - Критика на догматизмот и на духовната закоравеност и фанатизам - Нови начини на религиозна посветеност - Враќање кон антиката - Нов начин на поврзување ба философијата и науката 65. Објаснете го учењето за човекот како Homo faber. - Во перспективата на космизмот кој што го застапуваше Бруно, светот треба да се разбере како универзална целина. Човекот во тој свет се движи од темнината кон светлината, осознавајќи , развивајќи се. Човекот е творец, работник homo faber,суштество кое работи. Тој не е центар на светот, но има потенција за усовршување. Тој има можност да се саморазвива. Само човечкото творештво може да му овозможи на човештвото подобра иднина. „Златната епоха“ не е во минатото, туку во иднината. Човекот треба само да ја следи својата творечка смелост. 66. Каква философија на политика објавува Макијавели? - Николо Макијавели ги поставил темелите на модерната политичка наука. Своите политички идеи ги објавил во списот „Владетелот“. Тој не поставува идеалистичка конструкција на најдобриот владетел и најдоброто државно уредување, засновано на возвишени морални принципи. Тој интендира кон реалистичен однос кон светот. Власта и владеењето ги опишува од перспектива на острите и немилосрдни борби за освојување и задржување на власта. Му се припишува мислата „Целта ги оправдува средствата“. Па сепак во неговото дело не се сретнува во оваа форма. Но, во целото дело владетелот има право да ги користи законите па дури и насилието за да се одржи на власт. Поимот „макијавелизам“ е ознака за политички неморал, насилие, итрина. 67. Анализа на мислата „Целта ги оправдува средствата“. – види бр. 67 68. Кој го напишал делото „Пофалба на лудоста“? – Еразмо Ротердамски 69. Кој е основниот извор на познанието според емпиристите? - Основниот извор на познанието според емпиристите е искуството, добиено преку сетилната перцепција. Емпиристите веруваат дека целото знаење потекнува од нашите сетилни впечатоци и набљудувања на светот околу нас. 70. Кој е основниот извор на познанието според рационалистите? - Основниот извор на познанието според рационалистите е разумот. Рационалистите веруваат дека вистинското знаење произлегува од вродени идеи и логичко размислување, независно од сетилното искуство. 71. Кој метод на научно познание го претпочитаат емпиристите , а кој метод рационалистите? - Емпиристите претпочитаат индуктивен метод на научно познание, кој се заснова на набљудување, експериментирање и собирање податоци од сетилното искуство. Рационалистите, пак, претпочитаат дедуктивен метод, кој се заснова на логичко размислување, анализирање и изведување заклучоци од вродени идеи и аксиоми. 72. Како ги нарекол Бекон заблудите, лажните слики, погрешните претстави кои го оневозможуваат познанието на вистината? - идоли 73. Објаснете ги четирите видови идоли според Бекон. - Идоли на племето. Овие заблуди се својствени за сите луѓе. Произлегуваат од самата човекова природа, од брзоплетото заклучување, претераното обопштување, некритичкото повикување на сетилата. - Идоли на пештерата. Овие заблуди се индивидуални. Произлегуваат од воспитанието, средината, образованието. „Секој човек светот го гледа од своја пештера“. - Идоли на плоштадот (пазарот). Овие заблуди настануваат од двосмисленоста и нејасноста на терминологијата и поимите. - Идоли на театарот. Произлегуваат од традицијата, од почитувањето на авторитетите, од некритичкиот однос кон философските учења. 74. Каков е ставот на Џон Лок за постоењето на вродените идеи и на кој начин ги докажува своите позиции? - Лок својата гносеологија ја започнува со критиката на вродените идеи. Неа ја застапувале рационалистите кои верувале дека човекот со раѓањето со себе носи однапред дадени, вродени идеи. Лок ја отфрла оваа теорија велејќи – „Вродени идеи – нема“. Во докажувањето на тезата се повикува на два примера. Идејата за Бог и идејата за моралните начела. - Идејата за Бог кај различни народи е различна , а кај некои луѓе воопшто не постои. Тоа е доказ дека идејата за Бог не е вродена, бидејќи во спротивно би постоела кај сите луѓе и би била иста кај сите. - Моралните начела се, исто така, различни кај различни луѓе и народи, во различни средини и епохи. Во животот неретко се прекршуваат. Тоа е доказ дека не се вродени. Штом овие две најважни идеи не се вродени, а искуството покажува дека не се, следува дека вродени идеи нема. - Основно кај Лок е истакнувањето на искуството (хел. емпириа). Според Ло се во човечкото сознание потекнува од искуството. Ние во нашиот дух имаме идеи но тие се однесуваат на она што постои надвор од нас. Идеите не се вродени најголемиот дел од нив потекнуваат од искуството. Основниот став на Лок гласи "Во умот нема ништо што пред тоа не било во сетилата". Изворот на она што го знаеме е она што минало ни нашите сетила, што е резултат на нашето искуство. 75. Анализа на мислата „Нема ништо во човековиот разум, што претходно не поминало низ сетилата“. - Човекот се раѓа како tabula rasa, празен неиспишан лист. Целото човеково познание потекнува од сетилата, т.е од искуството. Според Џон Лок „Нема ништо во разумот, што претходно не поминало низ сетилата“. - Иденте доаѓаат однадвор или однатре, тие се израз на нешто објективно. Ниедна идеја не е вродена (дојдена со нас во мигот на нашето раѓање), сите идеи се дело на нас самите. Дури и ако сите мислат исто, ако имаат иста идеја, тоа не значи дека таа им е вродена на сите, туку дека е здобиена со исто или со слично искуство. Некои идеи не се појавуваат кај некои луѓе идеите астанале кај оние што имале такво искуство, а другите немале такво искуство. - Лок разликува два вида на познание o Надворешно, сензација или сетилно искуство, со него се восприема надворешниот свет. o Внатрешно, рефлексија или разумско, тоа се , всушност психичките процеси 76. Што значи поимот tabula rasa? – празен неиспишан лист 77. Колку видови идеи разликува Џон Лок? - Разликува два вида идеи – прости и сложени. - Простите идеи човекот ги добива готови од искуството. При нивното добивање разумот е пасивен т.е. не може да ги менува ниту да ги уништи. (бело , слатко, топло) - Сложените идеи се добиваат со комбинација на простите идеи. Разумот е активен во нивното создавање (човек, татковина, љубов) 78. Колку видови квалитети разликува Џон Лок? - Примарни квалитети - тие се својствени особини на предметите. Постојат објективно, т.е независно од човекот. (големина, број, движење). - Секундарни квалитети – Овие својства не се иманентни на предметите, т.е постојат субјективно, зависно од човековото познание. (топлина, форма, боја). Учењето за секундарните квалитети претставува инспирација за философијата на Џорџ Беркли. - 79. Изложете ги философските ставови на Џорџ Беркли? - Беркли поаѓа од Локовото учење за секундарните квалитети кои се производ на човековото познание. Беркли прави чекор понатаму и вели – Сите квалитети се субјективни. Ако се направи анализа на некоја ствар ќе се согледа дека во неа нема ништо друго освен севкупност на осети кои се субјективни. Берклиевата најоригинална мисла гласи „Постоењето на сѐ она што може да се нарече ствар се состои во тоа што таа ствар се восприема“. Оттаму , светот е збир или комбинација од наши осети. 80. Што значи мислата Esse percipi? – Да се постои или да се биде, знали да се биде перципиран. Ако постои само она што е сетилно доживеано, нужно произлегува дека реално постои само субјектот кој перцепира. Поаѓајќи од ваквата премиса , Беркли е определуван како субјективен идеалист, или философ кој запаѓа во солипсизам, учење според кое постои само Јас-то кое перципира. Крајната импликација на солипсизмот гласи – постојам само Јас! Но, ако светот е само моја претстава, моја субјективна слика, следствено, доколку не го перцепирам светот, тој не ќе постои, т.е. стварите ќе настануваат и исчезнуваат во зависност од тоа дали се восприемани. Но, стварите постојат во вечноста зашто се наоѓаат вечно во перцепцијата на Бог. 81. Кои се законите на асоцирањето според кои луѓето ги издедуваат заклучоците според Дејвид Хјум? – според сличност, според допир во време и во простор и според очекувањето. 82. Кои се основните својства на духовната и материјалната супстанција според Рене Декарт? - – материјална (res extensa) и духовна (res cogitans). Материјалната супстанција ја сфаќа механички и нејзин главен атрибут е простирањето, а главен атрибут на духовната супстанција е мислењето. Овие две супстанции ги ускогласува Бог. 83. Што значи познатиот Декартов став Cogito ergo sum? - познатиот став cogito ergo sum, кој најчесто во словенските јазици се преведува како мислам значи постојам, а се чини, со сета силина на лингвистичките и философските аргументи, релевантен е преводот( кој го сугерира професорот Ферид Мухиќ, како и професорката Ана Димишковска, која го направи македонскиот превод на Декартовите „Метафизички медитации“), Мислам значи сум. 84. Изложете го онтолошкиот доказ за Божјата егзистенција. - Идејата за Бог е вродена, а Декарт нуди онтолошки доказ за Божјото постоење – Deus cogitatur, ergo est ( Бог Е затоа што е мислен). Идејата за Бог е идеја за совршено битие, семоќно , апсолутно, сезнаечко, совршено убаво, совршено љубовно и добро, вечно. Бог Е, зашто ако идејата за Бог кој е совршен и постоечки за опонентите е невистинита и производ на мојот ум, тогаш јас можам да замислам битие кое ќе биде совршено и нужно постоечко. А, тоа е Бог. 85. Како се нарекува учењето според кое Бог е во сѐ и сѐ е во Бога? - пантеизам 86. Кои атрибути на супстанцијата , според Барух Спиноза, може да ги познае човекот? – простирање и мислење 87. Во што се состои разликата меѓу атрибутите и модусите кај Барух Спиноза? - Супстанцијата има бесконечно многу атрибути, бидејќи ако има ограничен број на атрибути тие би ја ограничувале божествената природа. А како може Бог да биде ограничен?Како може бесконечното да се изрази со конечен број атрибути? Следствено, Бог има бесконечно мноштво атрибути, а човекот може да познае само два – простирањето и мислењето. Декартовите супстанции, материјалната и духовната , се само два атрибута на Спинозината супстанција која има бесконечно множество атрибути. - Модусите се поединечни, конечни актуализации на атрибутите во созададената природа. Модуси на материјалниот атрибут на супстанцијата се бесконечното множество поединечни материјални предмети, а модуси на духовниот атрибут се идеите. 88. Што претставува слободата според Спиноза? – слободата е сознаена нужност. 89. Што претставуваат монадите според Лајбниц? - Лајбниц го концептуализира поимот на монада, односно едното (монас), кое е неделливо и духовно, самото не е составено, но од него се составени сите нешта. Своевиден енергетски импулс кој е нематеријален, но е во основата на секоја материјалност. Монадите се бескрајно мали неделливи, самостојни духовни единки. Се што се случува, се случува во самата монада. Монадите намаат „прозорци ни врати низ кои нешто би влегло или излегло, не влијаат една на друга“ Има безброј монади и сите меѓусебе се разликуваат. Монадите се микрокосмос, мал свет за себе во кој се одразува макрокосмосот. Тие се активни принципи кои дејствуваат преку два клучни принципа – страста, енергијата , стремежот (appetitio), и свеста, знаењето, познанието (perceptio). Целата структура на универзумот е организирана хиерархиски, во вид на бесконечно голема пирамида. 90. Кои монади се наоѓаат најдолу на монадолошката пирамида, а која монада е на врвот? -. Најнискиот слој го зафаќаат наједноставните монади. Во нив има најмногу страст, стремеж. Тие тежнеат да стигнат до врвот, пред нив е најдолгиот пат. Како што напредуваат монадите се зголемува знаењето, се намалува стремежот. На самиот врв се наоѓа совршената монада, која кон ништо не тежнее, која го поседува совршеното знаење, која е перцепција на себе самата , самосвест, т.е. аперцептивна монада, која е монада на монадите или Бог. 91. Каков е овој свет според Лајбниц? – овој свет е најдобар од сите можни светови. Светот постои зашто морал да има доволна причина за да постои. Доволна причина за постоењето на светот може да биде само Бог. Совршено битие кое е сезнаечко (прему