Full Transcript

IV – Седници на Собранието Разлика меѓу: -заседание – временскиот период во кој Парламентот во согласност со Уставот може да се состане и да ги врши своите овластувања. -седница – собирање на пратениците, во рамките на заседанието, за да расправаат и да одлучуваат за прашањата усвоени со...

IV – Седници на Собранието Разлика меѓу: -заседание – временскиот период во кој Парламентот во согласност со Уставот може да се состане и да ги врши своите овластувања. -седница – собирање на пратениците, во рамките на заседанието, за да расправаат и да одлучуваат за прашањата усвоени со дневниот ред. Седницата трае од моментот кога претседателот на Собранието ќе ја отвори до моментот кога истата ќе ја затвори. Работата на парламентите може да се одвива во временски определени периоди – сесии или пак, може да е во постојано заседание. Собранието на РМ е во постојано заседание, а неговата работа се одвива на седници. Нив ги свикува Претседателот на Собранието, а одморот на Собранието трае од 1 до 31 август, но Претседателот на Собранието може да свика седница и во време на одморот. Седниците на нашето Собрание се јавни, но може да одлучи да работи и без присуство на јавноста со 2/3 мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Седница мже да се свика и по барање на Претседателот на Републиката, Владата и најмалку 20 пратеници. Во итни случаи седница претседателот на С може да свика и во пократок рок од 10 дена, а дневниот ред може да го предложи и на самата седница, за што ги известува Претседателот на Републиката и претседателот на Владата. Седницата на Собранието се одржува во времето од 11 до 18часот, со пауза од 1 час за ручек, освен ако Собранието за одделни седници не одлучи поинаку. На седницата Собранието работи според однапред утврден дневен ред, кој го предлага претседателот а го утврдува Собранието на почеткот на седницата. Притоа, пратеник и Владата можат по свикување на седницата да предложат одлагање или повлекување на одредени точки од дневниот ред и да дадат образложение за тоа. *Претресот на прашањата од дневниот ред се врши според утврдениот редослед на дневниот ред. Според Деловникот на Собранието, пратениците во стилот на брзи прсти се пријавуваат за збор во рок од една минута по отварањето на претресот. Притоа, на седницата никој не може да говори пред да побара и да добие збор од Претседателот на Собранието, акој пак се грижи говорникот да не биде прекинуван или со друга постапка да не биде ограничуван во слободата на говорот.Збор се дава според редоследот на пријавените за збор. Пратеникот кој се пријавил за збор, а не е присутен во салата кога е повикан да говори, го губи правото на збор за претресот за кој се пријавил и не може повторно да се пријави за истиот претрес. Во текот на претресот пратеникот може да говори само еднаш во траење од 10 минути. Претставник на Владата кога не е предлагач може да зборува само еднаш најдолго 15 минути. *Пратеник се пријавува и за реплика на говорот на пратеникот на кого сака да му реплицира, сѐ додека не почне да говори првиот пратеник што се пријавил за реплика и на говорот на пратеникот е дозволена само една реплика. Реплика на репликата е дозволена еднаш во траење на 1 минута. *Собранието одлучува со јавно гласање кое се врши со употреба на технички средства или со кревање на рака. Притоа, според Уставот,Собранието може да одлучува доколку на седницата присуствуваат мнозинството од вкупниот број пратеници. *За работата на седницата на Собранието, се води записник. Тој ги содржи основните податоци за работата на седницата, предлозите што се поднесени и заклучоците што се усвоени во врска со сите прашања од дневниот ред. Записникот им се доставува на сите пратеници најдоцна 3 дена пред одржувањето на седницата на која треба да биде усвоен. НАДЛЕЖНОСТ НА СОБРАНИЕТО НА РМ Функциите на Собранието на РМ може да се класифицираат во неколку групи: 1.Нормативна или законодавна надлежност - под оваа надлежност се подразбира овластувањето на Парламентот да донесува закони со кои оргинерно ќе ги регулира општествените односи. Всушност, под оваа надлежност не се подразбира само донесување закони, туку и донесувањето на Уставот и други акти кои се ставени во негова надлежност.Во тој поглед: Според Уставот на РМ, Собранието на РМ во рамките на својата нормативна надлежност ги донесува следните акти: -Уставот на РМ -закони -републички буџет и завршна сметка на буџетот -просторен план на Републиката. +Во оваа надлежност на Собранието спаѓа и неговото овластување да дава автентично толкување на законите, како и овластувањето да ги ратификува меѓународните договори. 2.Одлучува за значајни прашања поврзани со суверенитетот на државата – -одлучува за војна и мир; -прогласува воена и вонредна состојба; -донесува одлука за менување на границата на Републиката -одлучува за стапување и истапување од сојуз или заедница со други држави. 3.Изборна функција – Собранието на РМ одлучува за избор на членови на одредени ДО, и именува носители на одредени функции. Така: -избира Влада на РМ -избира судии на Уставниот суд на РМ -избира членови на Судскиот совет -избира Народен правобранител -именува јавен обвинител -врши избори, именувања и разрешувања и на други носители на јавни и други функции утврдени со Уставот и со закон. 4.Политичка контрола и надзор над Владата и над другите носители на јавни функции што се одговорни пред Собранието – поточно, ја избира Владата, врши постојан надзор над нејзината работа и ја разрешува, а оваа контрола се врши преку повеќе средства: -најефикасното средство на контрола е овластувањето на Собранието да го донесува буџетот, но од друга страна пак, Владата е т.н „овластен предлагач на овој сложен финансиски закон. -пратеничките прашања – како конкретни прашања, кои во писмена или усна форма, пратениците им ги поставуваат на Претседателот на Владата, на членовите на Владата и на други носители со јавни функции кои ги избира или именува Собранието, а кои се однесуваат на нивната работа или на работи од нивна надлежност. Него може да го постави секој пратеник и истото треба да е кратко и прецизно и означено до кого е упатено. За поставување на овие прашања се свикува посебна седница последниот четврток во месецот и во текот на една седница пратеникот може да постави најмногу до 3 прашања. За нивно поставување пратениците писмено го известуваат претседателот на Собранието 24 часа пред одржување на седницата. -интерпелацијата – како институт на контрола кој може да се постави за работата на секој носител на јавна функција,Владата и секој нејзин член поединечно, како и за прашања од работата на ДО. Можат да ја поднесат најмалку 5 пратеници. Се поднесува писмено и се упатува до Владата или до носителот на јавна функција на чија работа се однесува. Се става на дневен ред на правата наредна седница на Собранието, по истекот на 15 дена од денот на доставувањето на одговорот до пратениците. -можноста Собранието да ја разрешува Владата т.е да ѝ изгласа недоверба на Владата. #Разлика меѓу пратеничкото прашање и интерпелацијата: -пп може да се постави и усно и писмено / и само писмено -пп може да постави секој пратеник / и можат да постават најмалку 5 пратеници -по пп и одговорот на тоа прашање нема дискусија / по и и добиениот одговор по и се отвара претрес -по пп пратениците не искажуваат свое (не)задоволство од добиениот одговор / по завршената дебата по и се гласа преку што пратениците искажуваат дали се задоволни или не од добиениот одговор. 5.Квази – судски функции – овластувањето на Собранието да дава амнестија спаѓа во овој вид функции 6.Распишувањето референдум 7.Одлучува и за резервите на Републиката и врши други работи утврдени со Уставот. ЗАКОНОДАВЕН ПРОЦЕС ПОСТАПКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ЗАКОНИ ВО РМ -е сложена и минузва низ неколку фази. *Иницијатива за донесување на закон може да даде секој граѓанин, група граѓани, институции и здруженија, кои својата иницијатива ја доставуваат до овластените предлагачи. Овластени предлагачи на закон пак, се секој пратеник во Собранието, Владата и најмалку 10.000 избирачи. *Постапката за донесување на закон започнува со поднесување на предлог закон кој содржи назив на законот, вовед, текст на одредбите на законот и образложение. Воведот содржи: -оцена на состојбите во областа што треба да се уреди со законот и причините за донесување на законот; -целите, начелата и оновните решенија на предлогот на закон; -оцена на финансиските последици од предлогот на закон врз Буџетот и другите јавни финансиски средства, -процена на финансиските средства потребни за спроведување на законот и начинот на нивното обезбедување, како и податоци за тоа дали спроведувањето на законот повлекува материјални обврски за одделни субјекти. Образложението пак, содржи: -објаснување на содржината на одредбите од предлогот на законот, -меѓусебната поврзаност на решенијата содржани во нив и -последиците што ќе произлезат од предложените решенија. *Ако предлогот на законот не е подготвен во согласност со одредбите од Деловникот на Собранието, Претседателот на Собранието пред да го достави на пратениците ќе побара од предлагачот да го усогласи со истите, а ако тој пак не го дополни и усогласи предлогот на законот во рок од 15 дена од барањето на Претседателот се смета дека предлогот на законот не е поднесен. *Предлогот на законот се поднесува до Претседателот на Собранието кој пак, веднаш а најдоцна во рок од 3 работни дена од денот на поднесувањето, го доставува до пратениците, во писмена или електронска форма, со што започнува законодавната постапка. *Фазите во постапката за донесување на закон се нарекуваат “читања“ I – Прво читање Не значи расправа по предлогот на закон. Според Деловникот на Собранието на РМ, расправата како факултативно дејствие ја остава како можност да се преземе само по барање на одреден број пратеници, односно најмалку 15 пратеници во рок од 7 дена од денот на добивањето на предлогот на законот можат да поднесат барање, Собранието да одржи општ претрес. Притоа, ако вакво барање не е поднесено завршува првото читање. Но, доколку е поднесено, пред предлогот на законот да биде изнесен на претрес на седницата на Собранието, него го разгледува матичното работно тело и Законодавно – правната комисија во рок од 3 дена пред денот определен за одржување на седницата. По разгледувањето на предологот на законот од нив, се закажува седница на Собранието за прво читање. Таа се одржува во рок од 10 дена од денот на донесувањето на решението за свикување на седницата, но не подолго од 20 дена од поднесувањето на барањето од страна на најмалку 15те пратеници. По општа расправа Собранието одлучува дали предлогот на законот може да се даде на второ читање. Ако притоа, С одлучи дека предлогот на закон е прифатлив и може да се даде на натамошно читање се продолжува со законодавната постапка, но доколку одлучи дека не е прифатлив не се дава н натамошно читање и законодавната постапка се прекинува, при што истиот предлог на закон не може повторо да се поднесе во рок од 3 месеци. II – Второ читање -се врши во матичното работно тело и во Законодавно – правната комисија во рок од 7 работни дена по одржаната седница на С.Тие ги претресуваат одредбите од предлогот на законот поединечно и поднесените амандмани и гласаат по нив. Меѓутоа, тие можат да поднесат и свои амандмани, а него можат да го поднесат и секој пратеник во С, пратеничка група и работно тело, и истиот се поднесува до Претседателот на С во писмена форма и образложен и потпишан од прадлагачот. Тој може да се поднесе најдоцна 2 дена пред одржувањето на седницата на матичното работно тело или на Законодавно – правната комисија, при што за секој амандамн се води претрес и се гласа одделно. *На второто читање на седницата на С се води претрес само по оние членови од предлог законот што се изменети со амандамаи на работните тела и само на тие членови може да се поднесат амандмани. *Амандаманот се усвојува со мнозинство гласови од присутните пратеници, а најмалку со 1/3 од вкупниот број пратеници. Ако притоа, се усвоени амандамани на повеќе од 1/3 од членовите на дополнетиот предлог на закон, по завршеното второ читање се подготвува и уредува текстот за трето читање. Ако се усвоени амандамани на помалку од 1/3 од членовите на изменетиот предлог на закон, С може да одлучи третото читање на предлогот на законот да се одржи на истата седница. !Ако на второто читање не се усвои ниту еден амандман на дополнетиот предлог на закон, се преминува на гласање по предлогот на законот на истата седница. III – Трето читање -по правило се одржува на првата наредна седница по второто читање. Во оваа фаза работните тела не расправаат, туку Собранието расправа и одлучува само по членовите на дополнетиот предло на закон за кои се поднесени амандмани и се одлучува за предлогот на законот во целина. Веднаш по донесувањето , Претседателот на С законот го доставува до Претседателот на Р заради потпишување на указот за прогласување на законот. Ако тој пак, одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот, С повторно го разгледува законот во фаза на трето читање во рок од 30 дена од денот на донесување на законот. Законите, другите прописи и општи акти пред да влезат во сила се објавуваат во „Службен весник на РМ“. А)Итна постапка за донесување на закон се спроведува кога тоа е неопходно заради спречување и отстранување на поголеми нарушувања во стопанството или кога тоа го бараат интересите на безбедноста и одбраната на Р или во случаи на поголеми природни непогоди, епидемии и други вонредни и неодложни потреби. Предлагачот е должен да го образложи предлогот одреден закон да се донесе по итна постапка, а кон предлогот законот да се донесе по итна постапка, се поднесува и предлогот на законот чие донесување се предлага. За оправданоста на предлогот одлучува С без претрес. Кога предлог на закон се разгледува по итна постапка, не се одржува општ претрес, а второто и третото читање се одржуваат на иста седница. И притоа, не важат временските ограничувања предвидени во Деловникот. Б)Скратена постапка за донесување на закон Законот може да се донесе по скратена постапка во случаи кога: -не е во прашање сложен и обемен закон; -престанок на важноста на некој закон или одделни одредби од некој закон, -или не се во прашање сложени или обемни усогласувања на законот со правото на ЕУ. Кога предлогот на законот се разгледува по скратена постапка не се одржува општ претрес, второто и третото читање се одржуваат на иста седница, а амандмани може да се поднесат на седницата до почетокот на третото читање на предлогот на законот. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РМ ПОИМ - Уставот на РМ го определува Претседателот на РМ како орган кој ја претставува Републиката, и како вхове командант на вооружените сили на Македонија. Битно е да се напомене дека улогата на претседателот на Републиката зависи од тоа дали државата е уредена како монархија или република. Основната разлика тука е начинот на кој шефот на монархијата и на републиката доаѓа на власт: монархија-по наследен пат, плитички и кривично неодговорен; република – доаѓа на власт по пат на избори, кривично е одговорен а политички по исклучок. *Улогата на П на Р зависи и од системот на организација на власта, поточно, како што имав кажано, кај системите погоре. Неговото значење зависи и од многу други фактори како: -начинот на доаѓање на власт -одговорноста -ширината на овластувањата, -во некои случаи и од должината на неговиот мандат како и од можноста или неможноста за реизбор итн. *Мандатот на П на РМ изнесува 5 години со право на реизбор, при што едно лице за П може да биде избрано најмногу двапати. Лицето кое е кандидат за П на РМ треба да ги исполнува следниве услови: -да е државјанин на РМ -на денот на изборите да наполнило најмалу 40 години живот -до денот на изборите да било жител на РМ најмалку 10 години во последните 15 години. Должноста П на РМ според Уставот е неспојива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија. Претседателот ужива имунитет, за чие одземање одлучува Уставниот суд на РМ до 2/3 мнозинство гласови од вкупниот број судии. Во случај на смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши функцијата или престанок на мандатот по сила на Уставот, до изборот на нов П на Р, функцијата П на Р ја врши претседателот на Собранието. При што кога тој ја врши оваа функција, учествува во работата на Собранието без право на одлучување. *Шефот на државата може да биде инокосен или колегијален орган во зависност од бројот на лица кои ги сочинуваат органите на извршната власт. Владата секогаш е колегијален орган. НАДЛЕЖНОСТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РМ – неговите овласувања може да се поделат во неколку групи: 1.да ја претставува државата во земјата и во меѓународните односи – во ова својство шефот на државата има значајни овластувања во водењето на надворешната политика на земјата и тоа: -ги поставува и отпоовикува дипломатските претставници на својата земја во странство; -прима акредитивни и отповиковни писма од странски дипломатски претставници; -склучува меѓународни договори во името на РМ; -може да предложи стапување во сојуз или заедница или истапување од сојуз или заедница со други држави. 2.Во областа на одбраната, тој: -е врховен командант на вооружените сили; -може да предложи прогласување на воена или вонредна состојба -ако Собранието не може да се состане, може да донесе одлука за прогласување на воена, односно вонредна состојба и му ја поднесува на Собранието на потврдување, штом тоа ќе биде во можност да се состане. 3.Дел од неговите овластувања се поврзани со предлагање и избор на други органи: -го определува мандаторот за состав на Влада -предлага 2ца судии на Уставниот суд -предлага 2ца членови на Судскиот Совет -именува 3ца членови на Советот за безбедност на РМ именува и разрешува и други носители на државни и јавни функции утврдени со Уставот и со закон. 4.Врши и други овластувања како што се: -доделува одликувања и признанија во согласност со закон -дава помилувања во согласност со закон -врши и други функции утврдени со Уставот. 5.Тој има влијание и во нормативната дејност на Собранието – овластувањето да го известува Собранието за прашања од негова надлежност, како и овластувањето да ги прогласува законите кои се донесени од страна на Собранието т.е право на суспензивно вето плус. ИЗБОР И ОДГОВОРНОСТ ВО РМ – Претседателот на РМ се избира на општи и непосредни избори со тајно гласање за мандат од 5 години. *Изборот на Претседател на Републиката го распишува Претседателот на Собранието на РМ. Односно според Изборниот законик од денот на распишувањето на изборот до денот на изборот не може да помине повеќе од 90 дена, а помалку од 70 дена. *Изборот на П на Р се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот Претседател при што, во случај на предвремен престанок на мандатот на П на Р, изборот на нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот. *Кандидат за П на Р можат да предложат најмалку 10.000 избирачи или најмалку 30 пратеника. Ист избирач, односно пратеник може да биде предлагач само на еден кандидат за П на Р. *Листите на кандидати за П на Р заедно со писмените изјави на предложените кандидати за прифаќање на кандидатурата, овластените предлагачи ги доставуваат до ДИК најдоцна 35 дена пред денот утврден за одржување на изборот. ДИК утврдува единствена листа на кандидати за П на Р и истата ја објавува во Службен весник на РМ најдоцна 30 дена пред изборите. *За П на Р е избран оној кандидат кој добил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи. Притоа, ако во првиот круг ниту еден кандидат не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови. Вториот круг пак,се одржува во рок од 14 дена од денот на завршувањето на првиот круг на гласање. За П на Р ќе се избере кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината избирачи. Но, доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите не го добие потребното мнозинство гласови се повторува целата изборна постапка. *Пред преземањето на должноста, најдоцна во рок од 10 дена од денот на објавувањето на конечните резултати, но не порано од денот на престанокот на мандатот на претходниот претстедате, шефот на државата дава свечена изјава пред Собранието со која се обврзува на почитување на Уставот и законите. ОДГОВОРНОСТ – П на Р е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности. Постапка за утврдување на одговорност на П на Р, покренува Собранието на РМ со 2/3 мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. За одговорноста на П на Р одлучува Уставниот суд со 2/3 мнозинство гласови од вкупниот број на судии. Ако притоа Уставниот суд на РМ утврди одговорност на П на Р, функцијата му престанува по сила на Уставот. СОВЕТ НА БЕЗБЕДНОСТ – ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и им дава предлози на Собранието и Владата по тие прашања. Составот на СБ според Уставот го сочинуваат: П на Р; П на Соб; П на В; министрите кои раководат со органите на државната управа во областите на безбедноста, одбраната и надворешните работи и 3ца членови кои ги именува П на Р. Негов претседател е Претседателот на Републиката. ВЛАДА НА РМ ПОИМ И ВИДОВИ ВЛАДИ – Владата е орган на извршната власт составен од министри – старешини на поединечни управни ресори (министерства) и од други лица, кои по определена уставна постапка и со исполнување на уставни услови, стануваат нејзини членови. Кај нас, е постои разликување помеѓу Влада и кабинет, поточно и двата термина се користат за означување на оргаот на извшрната власт. Нашата Влада е составена од министри (државни секретари, секретари) кои се начело на одредено министерство или се без ресор, а на чело на Владата се наоѓа Премиер (прв министер, претседател на владата). Неговата улога во Владата е посебно значајна бидејќи тој е вистински шеф на Владата , и меѓу неговите колеги министри има специјална власт. Поради тоа не би требало да биде оптоварен со ресорна работа. Исто така, министерската функција е инкомпатибилна, со вршењето на друга јавна функција и функција во политичка партија. *Видвои Влади – во зависност од (не) партиската припадност на министрите можно е разликување на: -Политички хомогена еднопартиска Влада; -Коалициска влада – создадена од коалиција на политички партии која има мнозинство во Парламентот; -Концентрациона Влада – составена од претставници на сите партии во Парламентот (најчесто се формира во вонредни ситуации, заради одлучување со политички консензус). -Чиновничка Влада – составена од чиновници кои заземаат највисоки места во хиерархијата на државната управа, а кои поради таквата положба не можат да бидат членови на политичка партија; -Експертска Влада – составена од стручни, компетентни, а не политички членови; -Влада на “народно единство“, “демократско единство“, “граѓанско единство“ - се формира од најкомпетентни личности во земјата кои се политички неутрални, заради извлекување на земјата од криза. *Најбитен фактор за опстојувањето на една Влада е таа зад себе да го има мнозинството во Парламентот, бидејќи Парламентот е оној кој ја избира или одобрува Владата и пред кого таа е одговорна. Притоа, шефот на државата годоверува мандатот за формирање на Влада на водачот на онаа партија која го има мнозинството во Парламентот или може да го обезбеди тоа мнозинство. ПОЛОЖБА И СОСТАВ НА ВЛАДАТА НА РМ – Во РМ Владата е носител на извршната власт и е составена од министри и претседател. *Претседателот на Владата раководи со работата на Владата, одговорен е за нејзината работа и го насочува дејствувањето на Владата во целина и на нејзините членови во согласност со програмските определби и насоките што таа ги утврдува. Тој ги потпишува прописите и актите што ги донесува Владата и се грижи за нивното спроведување. *Членовите на владата пак, имаат право и должност да учествуваат во работата на Владата, да даваат иницијатива за подготвување закони и други прописи за чие предлагање е надлежна Владата итн. *Министрите самостојно раководат со министерствата за кои се избрани, ги следат и се одговорни за спроведување на законите и другите прописи. *Владата работи и одлучува ако на седницата присуствуваат повеќе од половината членови на Владата. Седниците редовно ги свикува Претседателот на Владата по сопствена иницијатива или по барање на најмалку 1/3 од членовите на Владата, а може и по барање на министрите на еден од коалиционите партнери. Се одлучува со мнозинство гласови од членовите на Владата, а кога пак, на седницата на Владата при гласањето се добие еднаков број гласови, за донесена се смета одлуката за која гласал Претседателот на Владата. НАДЛЕЖНОСТ НА ВЛАДАТА НА РМ – Владата на РМ има голем број надлежности од различен карактер, кои може да се класифицираат во неколку групи: 1.Извршување на закони и други прописи на Собранието – во рамките на оваа надлежност Владата на РМ: -ја утврдува политиката на извршувањето на законите и другите прописи на Собранието и е одговорна за нивното извршување; -донесува уредби и други прописи за извршување на законите. 2.Влдата ги предлага следните акти кои ги донесува Собранието на РМ: -предлага закони, републички буџет и други прописи што ги донесува Собранието; -предлага просторен план на Републиката; -предлага одлуки за резервите на Републиката. 3.Владата на РМ има значајни овластувања и во поглед на водењето а надворешната политика, при што во таа област Владата: -одлучува за признавање на држави и Влади; -воспоставува дипломатски и конзуларни односи со други држави; -донесува одлуки за отворање на дипломатско – конзуларни претставништва во странство; -предлага именување амбасадори и пратеници на РМ во странство и именува шефови на конзуларни претставништва. 4.Владата има и некои други овластувања, како надлежноста да: -ги утврдува начелата за внатрешната организација и за работата на министерствата и другите органи на управата, да ја насочува и да врши надзор над нивната работа; -предлага јавен обвинител по претходно мислење од Советот на јавни обвинители; -врши именувања и разрешувања на носители на јавни и други функции утврдени со Уставот и со закон; -врши други работи утврдени со Уставот и со закон. !За вршење на своите овластувања Владата донесува уредби, одлуки, упатства, програми, решенија и заклучоци. ИЗБОР И ОДГОВОРНОСТ НА ВЛАДАТА НА РМ – Владата на РМ се избира од страна на Собранието на РМ. Постапката за избор на Влада започнува со доделување на мандатот за состав на Влада. Претседателот на Републиката е должен во рок од 10 дена од конституирањето на Собранието, мандатот за состав на Влада да го довери на кандидат на партијата која го има мнозинтсвото во Собранието. *Мандаторот пак, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот за состав на Владата, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата., при што се води сметка за прифатливоста на кандидатите за министри од страна на пратениците. Притоа, Претседателот на Владата на РМ во однос на изборот и разрешувањето на членовите на Владата е всушност ограничен, бидејќи тој може само да поднесе предлог за разрешување по кој одлучува Собранието на РМ на првата наредна седница. *Друго значајно обележје за Владата на РМ е нејзината парламентарна контрола и политичка одговорност пред Собранието на РМ. Односно, ова е право на Парламентот да врпи остојано контрола над Владата, да поставува пратенички прашања, интерпелација, да формира постојани комисии за следење на работата на Владата, повремени анкетни комисии за испитување на одговорноста на министрите и сл. Тоа се нарекува парламентарна контрола бидејќи ја врши парламентот и тоа пленарно или неговите комисии и таа често доведува до одговорност пред Парламентот. Оваа контрола се однесува и на законитоста и на целисходноста на работата. Така според Уставот, Владата и секој нејзин член за својата работа одговараат пред Собранието, а контролата како што кажав врз работата на Владата пратениците ја вршат преку пратеничките прашања и интерпелацијата (имам погоре напишано посебно за нив). Притоа Собранието може и да и изгласа недоверба на Владата, односно прашањето за доверба на Владата можат да го постават најмалку 20 пратеници, а и самата Влада. Гласањето за недоверба на Владата се врши по истекот на 3 дена од поставувањето на прашањето за доверба, при што тој рок треба да и даде можност на Владата да се консолидира и да и остави простор за смирување на “страстите“ па пратениците со “студени глави“ да пристапат кон гласање. Одлуката за изгласување недоверба, според Уставот се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Така, ако на Владата и е изгласана недоверба таа е должна да поднесе оставка. Други начини на престанок на мандатот на Владата се: со користење на правото да поднесе оставка, со оставка на претседателот на Владата, неговата смрт или трајна спреченост да ја врши функцијата, како и со распуштање на Собранието. Ако Владата ја добила пак довербата на Собранието повторно прашање на доверба не може да се постави пред истекот на 90 дена од последното гласање за доверба освен ако прашањето на доверба го постават мнозинството од вкупниот број пратеници. Заклучно, Владата е зависна од Собранието и не може да опстане ако изостане довербата на Собранието. СУДСТВО И СУДСКИ СИСТЕМИ УСТАВНИ НАЧЕЛА ЗА СУДОВИТЕ – Суската функција се врши врз основа на еднствени уставни начела кои можат да се групираат во 2 основни групи: 1.начела кои се однесуваат на организацијата на вршење на судските функции: -начелото на независност и самостојност на судската функција - -начелото на легалитет на судската функција - -начелото на јавност - 2.начела кои се однесуваат на материјалниот вид на судската функција и кои се поврзани со извесни индивидуални и колективни права: -начелото за учество на граѓаните во судењето -начелото на имунитет на судиите и дусиите – поротници -начелото на зборност во судењето -начелото на инкомпатибилност на судкста функција СУДСКИ СОВЕТ НА РМ - Судскиот Совет на РМ се дефинира како самостоен и независен ДО кој ја гарантира и обезбедува самостојноста и независноста на судската власт во РМ. Функцијата на Судскиот совет пред сѐ се обезбедува преку избор на 15 негови членови кои се избираат од различни средини (власт), со што се избегнува влијанието на една власт врз неговата работа. Судскиот Совет на РМ поточно е составен од 15 членови од кои по функција членови на Советот се: Претседателот на Врховниот суд на РМ и Министерот за правда. Неговите членови се избираат за време т.е мандат од 6 години со право на реизбор, за разлика од Претседателот на Судскиот совет чиј мандат е 2 години без право на реизбор. Поточно 15те членови на Судскиот совет се: -2 членови по функција: Претседателот на Врховниот суд и министерот за правда, -8 членови ги избираат судиите од своите редови при што, 3ца од избраните членови се припадници на заедниците кои не се мнозинство во РМ; -3ца членови ги избира Собранието на РМ со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во РМ,а кои се од редот на универзитетските професори по право, адвокати и други истакнати правмици, и -2ца членови предлага Претседателот на РМ, а изборот го врши Собранието на РМ, од кои еден е припадник на заедниците кои не се мнозинство во РМ. *Услови кои треба да ги секој кандидат треба да ги исполнува се: -да има најмалку 5 години судски стаж; -да има позитивни оцени во последните 3 години во вршењето на судиската функција дадени од страна на Советот. *На член на судскиот совет му престанува мандатот: -со истекот на времето за кое е избран; -по негово барање; -со исполнување на условите за старосна пензија согласно со законот; -ако е осуден со правосилна сусдска пресуда за КД на безусловна казна затвор од најмалку 6 месеци или друго КД кое го прави недостоен за вршењето на функцијата член на Судскиот совет; -ако на член на Советот му се утврди трајна неспособност за вршење на функцијата, и -ако е избран за друга јавна функција или професија. *Налдежности на Судскиот совет на РМ: -да ги избира и разрешува судиите; -да ги избира и разрешува претседателите на судовите; -да утврдува престанок на судската функција; -да избира и разрешува судии поротници; -да ја следи и оценува работата на судиите; -да одлучува за одземање на имунитет на судија; -да предлага 2ца судии на Уставниот суд на РМ од редот на судиите. За својата работа поднесува годишен извештај до Собранието на РМ. СУДСКИОТ СИСТЕМ ВО РМ – Согласно Уставот, судовите се самостојни и независни ДО кои ја вршат судската власт во државата. Тие судат и своите одлуки ги донесуваат врз основа на Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот. Според Организацијата на судовите во РМ судската власт ја вршат 27 основни судови, 4 апелациони судови, 1 Управен суд и Врховен суд на РМ. а)Основните судови во РМ се основаат за подрачјето на една или повеќе општини чие подрачје е определено со закон. Судат во прв степен како судови со основна и проширена надлежност и тоа: -по кривични дела и прекршоци; -граѓански спорови; -спорови со кои се утврдува и оспорува татковство, мајчинство, утврдување на постоење на брак; -поништување и развод на брак; -законска издршка, чување и воспитување на деца; -работни односи итн., а во рамките на проширената надлежност, во Основниот суд Скопје 1 Скопје се формира специјализирано судско одделение надлежно за судење на дела од области на организираниот криминал и корупција за целата територија на РМ. б)Апелационите судови – 4 (Скопје, Битола, Штип и Гостивар), се основаат за подрачјето на повеќе основни судови, при што надлежни се да решаваат по жалбите против одлуките на основните судови од своето подрачје, да решаваат за судир на надлежност меѓу судовите од прв степен од своето подрачје и да вршат други работи определени со закон. в)Управниот суд на РМ е суд воведен со Законот за судовите од 2006г., и е надлежен за решавање на управните спорови на територијата на цела држава. Со седиште е во Скопје и решава за: -одлучува за судир на надлежностите меѓу органите на Републиката; -за законитоста на поединечните акти донесени во изборната постапка и на поединечните акти за избор, именувања и разрешувања на носители на јавни функции и на раководни државни службеници; -за спор што ќе произлезе од спроведувањето и извршувањето на одредбите на договорите во кои една од страните е ДО, организација со јавни овластувања, јавно претпријатие, општина и град Скопје; -за спор против поединечни акти на ОУ, Владата, други ДО, општини итн. г)Врховниот суд на РМ е највисокиот суд во РМ со седиште во Скопје и е надлежен да одлучува во трет и последен степен и тоа за: -по жалбите против одлуките на апелационите судови; -да решава по вонредни правни лекови против правосилните одлуки на судовите и одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон; -да решава за судир на надлежност меѓу основните судови од подрачјето на различни апелациони судови, за судир меѓу апелациони судови, судир на надлежност меѓу Управниот суд и друг суд итн. Да се напомене дека, во вршењето на судската функција, т.е при примената на правните норми на конкретен случај, судовите се наполно слободни и независни како од другите органи така и од своите поранешни одлуки. *Судската функција ја вршат судии кои се избираат без ограничување на траењето на нивниот мандат. Секој судија се избира да суди согласно неговата определба за специјализација, додека обврските на секој судија се утврдени во рамките на годишниот распоред за работа кој го утврдува претседателот на судот по претходно прибавено мислење од општата седница на Врховниот суд на РМ. *За судија може да биде избрано лице кое ги исполннува бараните услови: -да е државјанин на РМ -активно да го владее македонскиот јазик -да е работоспособен и да има општа здравствена способност; -да има стекнато универзитетска диплома за дипломиран правник -да има положено правосуден испит во РМ. 8Како посебни услови за избор на судија се предвидени: -за судија на основен суд може да биде избрано лице кое ја завршило обуката во Академијата за судии и јавни обвинители; -за судија на Апелационен суд може да биде избрано лице кое има 5 години работно искуство на правни работи по положен правосуден испит; -за судија на Управниот суд може да биде избрано лице кое има 5 години работно искуство по положен правосуден испит, на правни работи, или е универзитетски професор од областа на правото со научен степен доктор на правни науки; -за судија на Врховниот суд може да биде избрано лице кое има 8 години работно искуство со потврдени резултати на правни работи по положен правосуден испит или вонреден и редовен универзитетски професор кој предавал повеќе од 10 години правен предмет сврзан со судската практика. *Неговата функција е инкомпатибилна со вршење на друга јавна функција. *На судијата му престаува судската функција ако: -тоа сам го побара; -трајно ја загуби способноста за вршење на судиската функција што го утврдува Судскиот совет на РМ; -ги исполнува условите за старосна пензија; -биде избран или именуван за друга јавна функција; -ако е осуден со правосилна судска пресуда за КД на безусловна казна затвор од најмалку 6 месеци. *Судијата се разрешува од судиската функција: -поради потешка дисциплинска повреда што го прави недостоен за вршење на судиската функција; -поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција. Одлука за престанок на судиската функција и за разрешување на судијата, донесува Судскиот совет на РМ. *Арбитражи – судски состави формирани од доверба на граѓаните, кои можат да решаваат спорни случаи само ако за тоа се договориле странките во спорот. ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ДЕФИНИРАЊЕ – како единствен и самостоен ДО кој ги гони сторителите на кривични дела и на другите со закон утврдени казниви дела. Во РМ, функцијата на јавното обвинителство ја извршуваат:Јавниот обвинител на РМ, Јавните обвинители на вишите јавни обвинителства, јавните обвинители на основните јавни обвинителства и ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција. Именувањето и разрешувањето на Јавниот обвинител на РМ е во рацете на Собранието на РМ и тоа за време ( мандат) од 6 години со право на реизбор. Но, за разлика од тоа, именувањето и разрепувањето на јавните обвинители на вишите и основните јавни обвинителства е од страна на Советот на Јавни обвинители и тоа без ограничување на траењето на нивниот мандат. СОВЕТОТ НА ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ НА РМ – е самостоен орган кој ја обезбедува и гарантира самостојноста на јавните обвинители во извршувањето на нивната функција. Составен е од 11 члена од кои: -2ца членови по функција : Јавниот обвинител на РМ и Министерот за правда; -1 член избираат јавните обвинители од своите редови; -4 члена (т.е по 1член) избираат јавните обвинители од вишите јавни обвинителства; -1 член е претставник на заедниците кои не се мнозинство во РМ; -3ца членови ги избира Собранието на РМ од редот на универзитетските професори по право од адвокатурата и од други истакнати правници. *Мандатот на членовите на Советот на јавни обвинители е 4 години со право на реизбор, додека мандатот на Претседателот на Советот на ЈО е 2 години без право на реизбор. *Советот на ЈО е надлежен да: -дава мислење на Владата на РМ по предлогот за именување и разрешување на ЈО на РМ; -ги именува и разрешува Јобвинители; -утврдува престанок на ф-јата Јобвинител и одлучува во втор степен во постапка за утврдување на дисциплинската одговорност на Јобвинители; -одлучува за утврдување на нестручно и несовесно вршење на функцијата јавен обвинител; -донесува Деловник за работа итн. *На член на Советот на ЈО му престанува мандатот доколку: -истече времето за кое е избран; -поднесе барање за престанок на мандатот; -е осуден со правосилна судска пресуда за КД на безусловна казна затвор од најмалку 6 месеци или на поблага казна за друго КД кое го прави недостоен за вршење на функцијата член на Советот на ЈО; -ги исполни условите за старосна пензија; -трајно ја загуби способноста за вршењето на функцијата, и -на негово барање и со негова согласност е избран или именува за друга јавна функција или професија. УСЛОВИ ЗА ЕДНО ЛИЦЕ ДА БИДЕ ИЗБРАНО ЗА ЈО: -да е државјанин на РМ -активно да го владее македонскиот јазик; -да е работоспособен и да има општа здравстена способност -да има стекнато универзитетска диплома за дипломиран правник; -да има положено правосуден испит. *Дополнителни услови: -работно искуство од најмалку потребни (5,6, 12) години стаж како јавен обвинител со потврдени резултати во работата и да има завршено обука во Академијата за судии и јавни обвинители. *На ЈО на РМ функцијата му престанува: -по сопствено барање; -ако го загуби државјанството на РМ -ако трајно ја загуби способноста за вршење на функцијата -еко е избран или именуван за друга јавна функција или професија -ако е осуден со правосилна........ истото од горе -ако ги исполни условите за старосна пензија. *Владата на РМ по претходно мислење од Советот, до Собранието на РМ може да поднесе предлог за разрешување на ЈО на РМ пред истекот на неговиот мандат: -поради незаконито, ненавремено или недоволно стручно вршење на функцијата; -ако со своето однесување и дејствување покажува дека не е способен за извршување на функцијата; -поради нарушување на угледот на функцијата; -итн. УСТАВЕН СУД НА РМ Во РМ за прв пат е воведен со Уставот од 1963г., и е специфична институција која е надвор од рамките на редовното судство и е посебен и самостоен орган кој ја штити уставноста и законитоста. +Уставноста и законитоста претставуваат два основни принципи на правниот систем кои гарантираат правна сигурност, владеење на правото и заштита на човековите права. -Уставноста означува усогласеност на сите правни акти, мерки и активности со Уставот како највисок правен акт во државата. -Законитоста означува пак, усогласеност на сите акти, одлуки и дејствија на органите на власта со законите. *Во РМ контролата на уставноста ја врши Уставниот суд кој ги поништува актите што не се во согласност со Уставот т.е се противуставни. *Контролата на законитоста пак, ја вршат судовите и другите надлежни органи преку постапки за судска и административна контрола. УСТАВНИОТ СУД НА РМ – го сочинуваат 9 судии избрани од страна на Собранието, со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, за мандат од 9 години без право на реизбор. Уставниот суд пак, избира Претседател од своите редови за време од 3 години без право на реизбор, а судиите на Уставниот суд пак, се избираат од редот на истакнатите правници. НАДЛЕЖНОСТИ НА УСТАВНИОТ СУД НА РМ: -1.Утврдување на уставноста на законите и другите прописи 2.одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите; 3.штити слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на слободата на увверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по било кој основ; 4.решава за судирот на надлежностите меѓу органите на Републиката и единиците на ЛС; 5.одлучува за одговорност за Претседателот на Републиката; 6.одлучува за уставноста на програмите и статутите на ПП и на здруженијата на граѓаните; и

Use Quizgecko on...
Browser
Browser