Градба и Физиологија на Срце PDF
Document Details
Uploaded by DarlingRadiance4387
Tags
Summary
Документът описва анатомията и физиологията на човешкото сърце. Подробности за структурите на сърцето, включително вентрикулите и предсърдията, и тяхната функция. Също така се обсъждат сърдечните импулси и механизмите на действие на сърдечно-съдовата система.
Full Transcript
ГРАДБА И ФИЗИОЛОГИЈА НА СРЦЕ- Срцето е шуплив мускулен орган сместен во градната празнина меѓу двете белодробни крила,над дијафрагмата.Срцето лежи во срцево кесе-перикард.Ѕидот на срцето е изграден од три слоја-надворешен-епикард(од сврзно ткиво),среден-миокард (мускулен слој) од срцево мускулно тк...
ГРАДБА И ФИЗИОЛОГИЈА НА СРЦЕ- Срцето е шуплив мускулен орган сместен во градната празнина меѓу двете белодробни крила,над дијафрагмата.Срцето лежи во срцево кесе-перикард.Ѕидот на срцето е изграден од три слоја-надворешен-епикард(од сврзно ткиво),среден-миокард (мускулен слој) од срцево мускулно ткиво и внатрешен-ендокард- изграден од ендотел.Срцето е изградено од две преткомори и две комори(лева и десна).Меѓу левата преткомора и комора се наоѓат дволисни(бикуспидални)клапи а меѓу десна преткомора и комора се наоѓат тролисни(трикуспидални)клапи.Клапите(залистоци) го оневозможуват враќањето на крвта од коморите во преткоморите.На овој начин се овозможува еднонасочно движење на крвта.Во десната предкомора редуцираната крв од целото тело се враќа преку горна и долна празна вена а во левата преткомора оксидираната крв се враќа од белите дробови преку 4 белодробни вени.(види слика под текстот) C:\\Users\\User\\Downloads\\271542339\_919625688913957\_8272613091410366379\_n.jpg Срцевото мускулно ткиво ги има истите својства како секое мускулно ткиво-надразливост, спроводливост и контрактилност но се одликува и со други својства како што се рефрактерност и срцев автоматизам.Под рефрактерен период се подразбира периодот од активноста на некој орган кога тој е ненадразлив.На дразба со прагов и натпрагов интензитет срцевиот мускул секогаш реагира со максимална контракција.Секоја срцева контракција се остварува по типот на поединечна мускулна контракција што значи срцето не може да остварува тетаничка контракција.Срцев автоматизам означува способност на срцето само да создава импулси за својата работа.Во врска со тоа во ѕидот на миокардот се наоѓат два нервни јазли и еден сноп од нервни влакна.Во десната преткомора до утоката на горна празна вена се наоѓа синусниот јазол (СА-јазол или Keith-Flack-ов јазол).Во долниот дел од десната преткомора е сместен преткоморно-коморниот или АВ јазол-Aschoff-Tawara).His-овиот сноп поаѓа од АВ јазолот,минува низ мускулната преграда на коморите и се разгранува на две гранки кои завршуват со Пуркиниеви нишки во ѕидовите на коморите.Нервниот импулс се создава со навлегувањето на крвта во десната преткомора-во синусниот јазел се создава импулс кој се шири низ преткоморите до АВ-јазелот со брзина од 1м/сек.Од АВ јазелот брзината на импулсот е мала-0,2м/сек и овој импулс доаѓа до Хисовиот сноп.Брзината на движење низ Хисовиот сноп е 4м/сек.со што коморите едновремено се контрахират и крвта излегува од коморите преку белодробната артерија и аортата.(види слика под текстот) ![C:\\Users\\User\\Downloads\\271810539\_916840212353601\_8245209180224791466\_n.jpg](media/image2.jpeg) Синусниот јазел се означува како предводник на срцевиот ритам или пејсмејкер.Ако тој не е во функција тогаш неговата улога ја презема АВ јазолот но тие контракции се со многу помала јачина. Улогата на одделните делови од спроводниот систем на срцето може најдобро да се види со ставање на т.н.Станиусови лигатури кај срце од жаба.(слика под текстот) C:\\Users\\User\\Downloads\\272824557\_651675196076582\_7753779653346737489\_n.jpg