Pitanja iz makedonskog jezika PDF
Document Details
Uploaded by MeticulousHeliotrope3114
Tags
Summary
Ovaj dokument sadrži pitanja iz makedonskog jezika. Sadrži pitanja i odgovore za gramatiku, leksiku i stilistiku makedonskog jezika.
Full Transcript
Григор Прличев своите дела ги пишувал на : a. охридски говор, македонски јазик, албански јазик b. охридски говор, грчки јазик c. охридски говор, грчки јазик и бугарски јазик d. охридски говор, бугарски јазик, турски јазик Точен одговор : c 2. Рефрен е : a. повторување на еден или два ст...
Григор Прличев своите дела ги пишувал на : a. охридски говор, македонски јазик, албански јазик b. охридски говор, грчки јазик c. охридски говор, грчки јазик и бугарски јазик d. охридски говор, бугарски јазик, турски јазик Точен одговор : c 2. Рефрен е : a. повторување на еден или два стиха, но и на цела строфа b. преувеличување или зголемување на некои особини како и интензитет на некое дејство c. редење на поими или поетски слики според својот интензитет и постапност. d. стилска фигура со која се повторуваат еден или два стиха, а може и цела строфа Точен одговор : d 3. Првиот примерок од Зборникот на браќата Миладиновци е испечатен во : a. Софија, 24 мај 1861 година b. Загреб, 24 април 1861 година c. Загреб, 24 јуни 1861 година d. Солун, 24 јули 1861 година Точен одговор : c 4. Роман кој е напишан во стихови е : a. Баховска песна b. Евгениј Онегин c. Капетановата ќерка d. Зимска вечер Точен одговор : b 5. Во кој век твореле македонските писатели врз основа на двете гледишта кои биле создадени за македонски стандарден јазик a. Во првата половина на XIX век b. Во средината на XIX век c. На почетокот на XIX век d. Во втората половина на XIX век Точен одговор : d 6. Каква содржина има книгата „Утешение грешним"? a. Просветна содржина b. Научна содржина c. Религиозна содржина d. Историска содржина Точен одговор : с 7. Хипербола е : a. семантичка стилска фигура b. синтаксичка стилска фигура c. фоно-морфолошка стилска фигура d. фонетска стилска фигура Точен одговор : a 8. Балада е : a. лирско-епска песна која опева настани кои често завршуваат смешно b. лирско-епска песна која опева настани кои често завршуваат трагично c. лирско-епска песна која опева настани кои често завршуваат комично d. лирско-епска творба со раскажување Точен одговор : b 9. Партениј Зоографски : a. Го превел „Житието на св.Климент" b. Напишал песнарка на македонски јазик c. Ја напишал книгата „Огледало" d. Ја напишал книгата „Различна поучителна наставленија" Точен одговор : a 10. Елегија е : a. лирско-епска песна во која се опеани тажни чувства и расположенија b. епска песна во која се опеани настани кои често завршуваат трагично c. лирска песна во која се опеани теми од некоја книга d. лирска песна во која се опеани тажни чувства и расположенија Точен одговор : d 11. Што е монолог? a. Ликот се обраќа кон повеќе ликови b. Форма на прикажување на драмското дејство во која ликот зборува сам со себе c. Форма на прикажување на драмско дејство d. Артистите зборуваат меѓусебе на сцена Точен одговор : b 12. Глаголски прилог со кратка заменска форма се акцентира : a. на третиот слог од крајот на зборот b. на вториот слог од крајот на глаголскиот прилог c. според општото правило d. на глаголскиот прлог Точен одговор : b 13. Динамичен акцент : a. се карактеризира со зголемен интензитет на издишната воздушна струја b. се карактеризира со намалениот интензитет на издишната воздушна струја c. се карактеризира со брзиот интензитет на издишната воздушна струја d. се карактеризира со бавниот интензитет на издишната воздушна струја Точен одговор : a 14. Кои наставки се додаваат на глаголот за да се образува глаголска именка? a. -јќи, -јте b. -л, -ла, -ло, -ле c. -ње, -ние d. -н, -на, -но, -не Точен одговор : c 15. Временски форми се : a. Имперфект, аорист и императив b. Минато неопределено свршено и несвршено време c. Имперфект и предминато време d. Имперфект, сегашно време, аорист Точен одговор : d 16. Прости глаголски форми се : a. Нелични глаголски форми, временски форми и можен начин b. Нелични глаголски форми, временски форми и начински форми c. Минато неопределено време, предминато време, идно време d. Минато идно време, индо прекажано време, можен начин Точен одговор : b 17. Како се гради директна заповед? a. Со додавање на наставките -ј, -јќи и -и, -те b. Со додавање на наставките -ј, -јте и -и, -те c. Со додавање на наставките -ј, -јќи и -ње, -ние d. Со додавање на наставките -ј, -ње и -те, -јќи Точен одговор : b 18. Прилозите : a. Се полнозначни зборови,стојат до именка и го објаснуваат нејзиното значење b. Се полнозначни зборови,стојат до придавка и го објаснуваат нејзиното значење c. Се полнозначни зборови,одат со глагол и го објаснуваат глаголското дејство d. Се службени зборови кои стојат до глагол Точен одговор : c 19. Удвојувањето на директниот и индиректниот предмет се врши со : a. Долги заменски форми b. Просрти заменски форми c. Сложени заменски форми d. Кратки заменски форми Точен одговор : d 20. Кратки заменски форми за удвојување на директен предмет се : a. ме, те, го, ја, нe, ве, ѓи, се b. ме, ти, го, ја, не, ве, ѓи се c. ми, ти, му, и, ни, ви, им, си d. ме, те, го, ја, не, ви, им, си Точен одговор : а 21. Второстепени реченични членови се : a. Прирок и подмет b. Глагол и придавка c. Атрибут и апозиција d. Предмет и подмет Точен одговор : c 22. Сложените реченици според меѓусебните односи на дел-речениците се делат на : a. Сврзнички и безсврзнички b. Прости и сложени c. Независносложени и зависносложени реченици d. Безлични и безглаголски Точен одговор : c 23. Карактеристични сврзници за составни независносложени реченици се : a. и, ни, ниту, па, та, не само што - туку и b. и, ни, ниту, па, та, не само што - туку c. и, ни, ниту, па, та, меѓутоа, не само што -- туку d. и, ни, ниту, поради, па, та, не само што -- туку Точен одговор : b 24. Карактеристични сврзници за спротивни независносложени реченици се : a. а, но, ама, ами, меѓутоа, туку b. а, но ама, меѓутоа, туку c. а, но, ама, ами, меѓутоа, туку што d. а, но, ама, ами, затоа што, меѓутоа, туку Точен одговор : a 25. Карактеристични сврзници за исклучни независносложени реченици се : a. само, само што, освен, освен што, единствено, единствено што b. само, само што, освен што, поради тоа што, единствено што c. само, само што, освен што, единствено, единствено што d. само, само што, единствено, можеби, бидејќи Точен одговор : c 26. Разделни независносложени реченици се реченици со кои се изразуваат различни односи меѓу дел-речениците однодно : a. Дејства како последица, алтернативни прашања b. Дејства со сврзникот ,,или\", дејства со повторени сврзници c. Дејства според вршител на дејство, според време и место, слични одлики d. Дејства кои се исклучуваат, дејства кои не се исклучуваат Точни одговори : a, d 27. Заклучните независносложени реченици : a. се во зависен однос b. имаат помалку од две дел-реченици c. се добиени со нижење на дел-речениците d. имаат спротивен однос меѓу дел-речениците Точен одговор : c 28. Кои од следниве реченици не се составни? a. Сакаше да му помогне на Стефан, но не знаеше како. b. Времето беше топло и снегот полека почна да се топи. c. Тони се приближи до вратата, го бараше Јован, но не можеше да го најде. d. Момчето ја зеде чантата, си стави чевлите и излезе надвор. Точни одговори : a, c 29. Кои од следниве реченици се заклучни? a. Сите се вратија од училиште, само Горан го немаше. b. Времето е лошо, сигурно натпреварот ќе се одложи. c. Јас ги знам сите задачи, но сепак морам да повторам. d. Оваа книга ја читав пред неколку недели, сигурно ќе ти се допадне. Точни одговори : b, d 30. Спордените артисти : a. имаат улоги во кои зборуваат сами со себе b. повпечатливо го претставуваат филмот c. имаат помали улоги кои се тесно поврзани со улогата на главниот лик d. употребуваат монолог за комоникација со другите ликови Точен одговор : c 31. Каскадерите изведуваат : a. здодевни сцени наместо главниот лик b. атрактивни и опасни сцени наместо главниот лик c. помали сцени наместо главниот лик d. поголеми сцени наместо главниот лик Точен одговор : b 32. Што е синопсис? a. Првиот творечки акт на филмскиот режисер b. Првиот снимен филм c. Изработка на филм според законите на филмската драматургија d. Прикажување на содржината на филмот накусо во писмена форма Точен одговор : d 33. Сценарио е : a. основа за снимање на филм b. изработка на филм според законите на филмската драматургија c. дијалог меѓу ликовите d. монолог меѓу ликовите Точен одговор : a 34. Најпознати есеисти во македонската литература се : a. Блаже Конески, Славко Јаневски, Венко Андоновски b. Стефан Алијевиќ, Константин Миладинов, Димитар Миладинов c. Григор Прличев, Теодосиј Синаитски, Георги Арсовски d. Блаже Конески, Марко Цепенов, Васил Иљоски Точен одговор : a 35. Записник се пишува : a. по завршување на настанот b. пред да започне настанот c. во текот на одвивање на настанот d. пред завршување на настанот Точен одговор : c