Скриеносемени растенија PDF
Document Details
Uploaded by CharmingPointOfView5696
Tags
Summary
This document provides an overview of hidden-seed plants, categorized into dicots and monocots. It lists various types of plants within each category, outlining their characteristics and representative examples. The document also details the uses of some plants and their importance in different ecosystems.
Full Transcript
# Скриеносемени растенија - Овие растенија се приспособени на различнини услови за живот и оваа група е најбројна. Меѓу нив има видови кои живеат краток период, но има некои кои се стари стотици години. Главна карактеристика на овие растенија е тоа што семката им е затворена и заштитена со плодот....
# Скриеносемени растенија - Овие растенија се приспособени на различнини услови за живот и оваа група е најбројна. Меѓу нив има видови кои живеат краток период, но има некои кои се стари стотици години. Главна карактеристика на овие растенија е тоа што семката им е затворена и заштитена со плодот. ## Дикотиледони - никулецот има два котиледони - стеблото расте секундарно во дебелина - отворени спроводни снопчиња - мрежеста нерватура на листот - кореновиот систем е осков со главен корен - цветот најчесто е петочлен ### 1. Лутичиња - тревести растенија кои презимуваат со подземни стебла: грутки и ризоми - Претставници: лутиче, кукурек, гороцвет, анемоната ### 2. Афиони - зелјести растенија - во стеблото и листовите имаат млечни цевки кои содржат вел, црвен или жолт млечен сок - од овие растенија во фармакологијата се екстахираат алкалоиди како што се: морфин, папаверин и кодеин - Претставници: најзначаен род е Papaver, во кој спаѓаат афион и булка ### 3. Буки - листопадни дрвенести растенија - листопадните шуми во нашата држава се составени од оваа фамилија - Претставници: бука, македонскиот даб и костен ### 4. Коприви - тревести растенија - повеќето се едногодишни, а поретко повеќегодишни и грмушести - Претставници: коприва ### 5. Зелки - зелјести растенија - едногодишни, двегодишнини и повеќегодишни - Претставници: зелка, карфиол, трупка, црн синап и овчарска торбичка ### 6. Слезови - зелјести и дрвенести, повеќегодишни растенија - Претставници: бел и црн слез (содржат лигави материи и од нив се прават лекови и се користат како чаеви за лекување на дишни патишта), бамија, памук. ### 7. Млечки - зимзелени дрвенести и грмушести растенија - содржат млечни цевки исполнети со млечен сок - Претставници: млечка, рицинусот ### 8. Рози - спаѓаат дрвенести, зелјести, листопадни, зимзелени и повеќегодишни растенија - Претставници: дива роза или шип (содржи многу витамини и се користи во исхраната и лекувањето), јагода, малина, вишна, цреша, праска, кајсија ### 9. Пеперугоцветни - спаѓаат зелјесто едногодишни и дрвенести повеќегодишни растенија - Претсставници: детелина и јонѓа (добиточна храна), грав,грашок и кикирики (исхрана, семињата им се богати со протеини), мешунка од боранија ### 10. Штитоцветни - зелјести, тревести, едногодишни и повеќегодишни растенија - Претставници: морков, магданос, анасон, ким ### 11. Соланаце - зелјести, едногодишни и двегодишни растенија - Претставници: компир, домат, пиперка (содржат шеќери, протеини, витамини и минерали) и тутун ### 12. Усноцветни - зелјести, едногодишни и повеќегодишни растенија - содржат жлезди во кои се излачуваат етерични масла - и од нив се произведуваат лекови и зачини - Претставници: мајчина душица, жалфија, нане, рузмарин, лаванда, босилек, чубрица ### 13. Главоцветни - тревести, едногодишни и повеќе годишни растенија - содржат млечни цевки во кои се излачува млечен сок, етерични масла, лигави материи и се користат за лекување и исхрана - Претставници: ајдучка трева, смил, глуварче, камилица, сончоглед, невен, георгина и хризантема ## Монокотиледони растенија - зелјести, тревести, едногодишни и повеќегодишни растенија со исклучок на бамбусот и палмата - никулецот им содржи еден котиледон - коренот им е жилест - стеблото е секундрарно и не се задебелува. Во стеблото се наоѓаат спроводни снопчиња од затворен тип. - Подземните стебла се во вид на ризом, грутка или луковица - Листовите им се неизменично подредени и имаат паралелна нерватура - Цветовите им се тричлени, без диференцирана цветна обвивка во чашката и венчето ### 1. Лилјани - зелјести повеќегодишни растенија - Претставници: кромид, лук, праз, лале, крин, зумбул, момина солза, мразовец (лековито растение кое во своите семки содржи отровен алкалоид колхицин кој во медицината се користи како цитостатик) ### 2. Нарциси - Претставници: кокиче и нарцис ### 3. Перуники - тревести растенија - Претставници: перуника, качунка, гладиола ### 4. Орхидеи - растат во тропски подрачја како епифити и сапрофити - Претставници: салеп (од грутките на неговото подземно стебло се прави топла напивка салеп), орхидеја ### 5. Треви - тревести, едногодишни или повеќегодишни растенија - населени се на ливади, пасишта и степи - се опрашуваат со ветер - Претставници: житни растенија (содржат скроб, протеини, маснотии, витамини, минерални материи), пченка, пченица, јачмен, ориз, овес, 'рж, просо