База на испитни прашања со тежински фактор октомври 2022-11.docx

Full Transcript

1 Со инспекциски надзор се врши надзор врз примената на законите и другите прописи и општи акти во: - **Работењето на субјектите на надзорот**; 1 - Содржината на подзаконските акти на субјектите на надзорот; - Постапката за донесување на правни акти на субјектите на надзорот; - Целисход...

1 Со инспекциски надзор се врши надзор врз примената на законите и другите прописи и општи акти во: - **Работењето на субјектите на надзорот**; 1 - Содржината на подзаконските акти на субјектите на надзорот; - Постапката за донесување на правни акти на субјектите на надзорот; - Целисходноста на правните акти на субјектот на надзорот. 2 Инспекциската постапка е уредена со: - Законот за инспекциски надзор; - Законот за инспекциски надзор и Законот за општата управна постапка; - Законот за организација и работа на органите на државната управа; - **Законот за инспекциски надзор, Законот за општата управна постапка или со друг посебен закон. 1** 3 Начелото на законитост во вршењето на инспекциски надзор значи дека: - Инспекторот е должен да постапува согласно со Уставот; - Инспекторот е должен да постапува согласно законите; - **Инспекторот е должен да постапува согласно со Уставот, законите, ратификуваните меѓународни договори и другите прописи донесени врз основа на закон; 1** - Инспекторот е должен да постапува согласно својата совест и интегритет. 4 Со државните инспекторати за одделни области раководи: - **Директор кој го именува и разрешува Владата; 1** - Директор кој го избира и разрешува Собранието; - Министерот кој раководи со министерството во чиј состав се наоѓа државниот инспекторат; - Директор кој го именува и разрешува Инспекцискиот совет. 5 Инспекциската постапка е уредена со: - **Законот за инспекциски надзор, со Законот за општата управна постапка или со друг посебен закон; 1** - Законот за инспекциски надзор, со Законот за кривичната постапка или со друг посебен закон; - Законот за инспекциски надзор, со Кривичниот законик или со друг посебен закон; - Законот за инспекциски надзор, со Законот за вонпарничната постапка или со друг посебен закон. 6 Кое од следниве не е начело на Законот за инспекциски надзор? - Начело на превенција; - Начело на супсидијарност; - **Начело на репресија; 1** - Начело на јавност. 7 „При вршење на инспекцискиот надзор инспекторот презема мерки согласно со закон, кои се неопходни за отстранување на утврдените неправилности и недостатоци, кои се најповолни за субјектот на инспекцискиот надзор, внимавајќи притоа да не го попречува ефикасното функционирање на субјектот на инспекцискиот надзор". Станува збор за: - Начелото на законитост; - Начелото на превенција; - Начелото на супсидијарност; - **Начелото на пропорционалност. 1** 8 Директорот и раководителот на инспекциската служба: - **Не можат да бидат членови во органи и тела кои ги избира или именува Собранието на Република Северна Македонија или Владата или соодветната единица на локалната самоуправа; 1** - Секогаш се членови во органи и тела кои ги избира или именува Собранието на Република Северна Македонија или Владата или соодветната единица на локалната самоуправа; - Секогаш се членови на Владата; - Секогаш се пратеници во Собранието. 9 Според начелото на превенција, инспекторите: - Вршат првенствено репресивна функција; - **Вршат првенствено превентивна функција; 1** - Вршат советодавна функција; - Вршат и превентивна и репресивна функција како два истовремени приоритети; 10 Закон за општата управна постапка: - Се применува во инспекциска постапка, доколку со Законот за инспекциски надзор или со друг закон материјата е уредена на ист начин; - Не се применува во инспекциска постапка; - **Се применува во инспекциска постапка доколку со Законот за инспекциски надзор или друг закон не е поинаку уредено; 1** - Се применува во инспекциска постапка само доколку инспекторот оцени дека неговата примена е целисходна; 11 Кое од следниве не е начело на Законот за инспекциски надзор? - Начело на одговорност; - **Начело на контрадикторност; 1** - Начело на материјална вистина; - Начело на заштита на јавниот интерес. 12 Кое од следниве е начело на Законот за инспекциски надзор? - Начело на контрадикторност; - Начело на двостраност; - Начело на формална вистина; - **Начело на материјална вистина. 1** 13 Кое од следниве е начело на Законот за инспекциски надзор? - Начело на двостраност; - Начело на контрадикторност; - Начело на тајност; - **Начело на јавност. 1** 14 Кое од следниве е начело на Законот за инспекциски надзор? - **Начелото на супсидијарност; 1** - Начелото на примарност; - Начелото на примена на Законот за парничната постапка; - Начелото на двостепеност. 15 Кое од следниве начела е уредено со Законот за инспекциски надзор? - Начело на заштита на интересот на инспекциската служба; - Начело на заштита на приватниот интерес; - **Начело на заштита на јавниот интерес; 1** - Начело на рамномерност помеѓу јавниот и приватниот интерес. 16 Постапките за пополнување на слободно работно место за инспектор се спроведуваат согласно со: - Законот за работните односи; - Законот за работните односи и Законот за вработените во јавниот сектор; - **Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор; 1** - Уредба за пополнување работно место за инспектор. 17 Лиценцата за инспектор има: - Важност од шест години со можност да биде продолжена; - Важност од пет години со можност да биде продолжена; - **Трајна важност; 1** - Важност од шест години без можност да биде продолжена. 18 Слободно работно место за инспектор, согласно Законот за инспекциски надзор, не се пополнува преку следната постапка: - **Распоредување на инспектор во истата инспекциска служба на друго работно место на пониско ниво за ист вид на инспектор; 1** - Вработување; - Унапредување на работно место во повисоко ниво за ист вид на инспектор; - Преземање на инспектор од една во друга инспекциска служба, на работно место во иста категорија и ниво. 19 Според начелото на супсидијарност од Законот за инспекциски надзор: - **Во инспекциската постапка супсидијарно се применуваат одредбите од Законот за општата управна постапка; 1** - Во инспекциската постапка супсидијарно се применуваат одредбите од Законот за кривичната постапка; - Во инспекциската постапка супсидијарно се применуваат одредбите од Кривичниот законик; - Во инспекциската постапка супсидијарно се применуваат одредбите од Законот за управните спорови. 20 Кој го распишува јавниот оглас за избор на директор на државен инспекторат? - **Владата ; 1** - Инспекциската служба за која се избира директор; - Собранието; - Инспекцискиот совет; 21 Кое од следниве не е начело на Законот за инспекциски надзор? - **Начелото на воедначеност на практиката на инспекторите; 1** - Начелото на законитост; - Начелото на еднаквост, непристрасност и објективност; - Начелото на одговорност. 22 „Инспекторот, по службена должност, ја утврдува фактичката состојба и изведува докази во постапката на инспекцискиот надзор". Станува збор за: - Начелото на изведување на докази; - **Начелото на материјална вистина; 1** - Начелото на самостојност; - Начелото на одговорност. 23 Својот идентитет и овластувања инспекторот ги докажува со: - **Службена легитимација и значка; 1** - Лиценцата за инспектор; - Извод од матичната книга на инспектори; - Уверение за положен испит за инспектор издадено од Инспекцискиот совет. 24 Во случај на престанок на работниот однос на инспектор, тој: - **Е должен да ги врати службената легитимација и значката на директорот односно раководното лице на органот, односно градоначалникот, кој му ги издал; 1** - Ги задржува службената легитимација и значката; - Ги предава службената легитимација и значката на Инспекцискиот совет; - Ги предава службената легитимација и значката на Државниот архив. 25 Инспекциските служби ја информираат јавноста за своето работење: - **Преку своите веб-страници и веб-страницата на Инспекцискиот совет; 1** - Преку печатените медиуми; - Преку социјалните медиуми, а особено Facebook™; - Преку одржување на трибини еднаш месечно. 26 Месечниот план за работата на секој инспектор, директорот односно раководителот на инспекциската служба го доставува до инспекторите: - **Најдоцна на почетокот на месецот на кој се однесува планот.1** - Најдоцна до 15ти во претходниот месец. - Најдоцна до 10ти во претходниот месец. - Најдоцна до 15ти во тековниот месец на кој се однесува планот 27 Согласно Законот за инспекциски надзор, додатокот на плата се определува заради: - Социјалниот статус на инспекторот; - Одливот на кадри од инспекциските служби; - Ракувањето со доверливи информации; - **Постоењето на висок ризик по животот и здравјето при извршување на работите и задачите; 1** 28 Инспекцискиот совет има надлежност да: - **Поднесува иницијатива за утврдување на дисциплинска одговорност на инспектор; 2** - Изрекува дисциплинска мерка на инспектор; - Поднесува иницијатива до Државниот управен инспекторат за утврдување на дисциплинска одговорност на инспектор; - Поднесува иницијатива за разрешување на инспектор од функција до Министерството за информатичко општество и администрација. 29 Начелото на одговорност значи дека инспекторот: - **Е одговорен за стручно и совесно извршување на инспекцискиот надзор и за штетата предизвикана со незаконито дејствие или незаконито одбивање да преземе соодветно дејствие; 2** - Не е одговорен за стручно и совесно извршување на инспекцискиот надзор и за штетата предизвикана со незаконито дејствие или незаконито одбивање да преземе соодветно дејствие; - Е одговорен за штета предизвикана со незаконито дејствие; - Не е одговорен за својата работа освен ако не е предизвикана штета со незаконито дејствие или одбивање да преземе дејствие. 30 Начелото на материјална вистина значи дека инспекторот: - Не утврдува фактичка состојба и не изведува докази туку презема дејствија и изрекува инспекциски мерки во постапката по инспекциски надзор; - Само по барање на субјектот на надзорот ја утврдува фактичката состојба и изведува докази во постапката на инспекцискиот надзор; - **По службена должност ја утврдува фактичката состојба и изведува докази во постапката на инспекцискиот надзор; 2** - Никогаш не изведува докази. 31 Начелото на сослушување на субјектите на инспекцискиот надзор значи дека инспекторот: - **Пред преземањето на инспекциските мерки е должен да им даде можност на субјектите на инспекцискиот надзор да се изјаснат за фактите и околностите кои се утврдуваат при инспекцискиот надзор; 2** - После преземањето на инспекциските мерки е должен да им даде можност на субјектите на инспекцискиот надзор да се изјаснат за фактите и околностите кои се утврдуваат при инспекцискиот надзор; - Пред преземањето на инспекциските мерки може да им даде можност на субјектите на инспекцискиот надзор да се изјаснат за фактите и околностите кои се утврдуваат при инспекцискиот надзор; - Пред преземањето на инспекциските мерки има право да им даде можност на субјектите на инспекцискиот надзор да се изјаснат за фактите и околностите кои се утврдуваат при инспекцискиот надзор. 32 Начелото на самостојност значи дека инспекторот: - Во рамките на своите овластувања и надлежности утврдени со закон е самостоен и независен во вршењето на надзорот; - Во рамките на своите овластувања и надлежности утврдени со закон е самостоен и независен во преземањето на инспекциски мерки утврдени со закон; - Е должен самостојно да ги почитува наредбите на директорот на инспекторатот или раководното лице на инспекциската служба во вршењето на надзорот и преземањето на инспекциски мерки утврдени со закон, во рамките на своите овластувања и надлежности утврдени со закон; - **Во рамките на своите овластувања и надлежности утврдени со закон е самостоен и независен во вршењето на надзорот и преземањето на инспекциски мерки утврдени со закон. 2** 33 Според начелото на пропорционалност, инспекторот при вршењето на инспекцискиот надзор: - **Презема мерки кои се неопходни за отстранување на утврдените неправилности и недостатоци, а се најповолни за субјектот на надзорот; 2** - Презема мерки кои се неопходни за отстранување на утврдените неправилности и недостатоци, а се најповолни за јавниот интерес; - Презема мерки кои се неопходни за отстранување на утврдените неправилности и недостатоци, а се најповолни за интересот на инспекциската служба; - Презема мерки кои се неопходни за отстранување на утврдените неправилности и недостатоци, а се соодветни за крајната цел на инспекцискиот надзор -- да се санкционира пасивниот субјект на надзорот. 34 Член на Инспекцискиот совет поднесува барање за поднесување на иницијатива за утврдување на дисциплинска одговорност на инспектор до: - Владата на Република Северна Македонија; - Директорот на инспекторатот или раководното лице на инспекциската служба; - Министерството за информатичко општество и администрација; - **Инспекцискиот совет. 2** 35 Обуката за стекнување со лиценца за инспектор се состои од: - **Интерактивна обука и практична работа и обука на работното место, под надзор на ментор во инспекциската служба каде е вработен кандидатот; 2** - Интерактивна обука; - Теоретска обука под надзор на ментор во инспекциската служба каде е вработен кандидатот; - Курс во Академијата за судии и јавни обвинители. 36 Одлука за одземање на лиценцата за инспектор донесува: - Директорот односно раководителот на инспекциската служба; - Функционерот кој раководи со инспекторатот односно органот во кој е формирана инспекциската служба; - **Инспекцискиот совет; 2** - Владата на Република Северна Македонија. 37 Државните инспекторати: - **Имаат својство на правно лице; 2** - Немаат својство на правно лице; - Се основаат како здруженија на граѓани; - Имаат правна способност; 38 Колку изнесува мандатот на директорот на инспекциската служба: - **Четири години со право на уште еден реизбор; 2** - Четири години; - Една година; - Директорот нема ограничен мандат; 39 Директорот на државен инспекторат за својата работа одговара пред: - Инспекцискиот совет; - **Владата;1** - Собранието; - Врховниот суд. 40 Покрај општите услови за именување на директор на државен инспекторат, може да се утврдат и: - **Посебни услови; 2** - Специјални услови; - Дополнителни услови; - Индиректни услови; 41 Кое од наведените не претставува надлежност на раководителот на инспекциската служба? - **Носи измени во Законот за инспекциски надзор; 2** - Координирање и организира работата на инспекциската служба; - Обезбедување услови за стручно усовршување и специјализирана обука на инспекторите; - Донесување програмски и извештајни документи; 42 Кое од наведените не претставува надлежност на раководителот на инспекциската служба? - **Обезбедување тајност во работењето на инспекциската служба; 2** - Координирање и организира работата на инспекциската служба; - Обезбедување услови за стручно усовршување и специјализирана обука на инспекторите; - Донесување програмски и извештајни документи; 43 Кој раководи со организациските единици за инспекциски надзор во состав на органите на државната управа -- сектор или одделение за инспекциски надзор и организациските единици за инспекциски надзор во состав на општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје -- Сектор или одделение за инспекциски надзор? - **Раководен инспектор; 2** - Директор; - Градоначалникот на Градот Скопје или општината; - Виш инспектор. 44 Директорот на државен инспекторат, меѓу другото: - **Донесува стратешки план на инспекторатот; 2** - Врши обука за специјализација на инспекторите; - Донесува годишен план за работа на секој инспектор поединечно; - Обезбедува тајност во работењето на инспекциската служба. 45 Платата и надоместоците на платата на инспекторот се уредуваат со Законот за инспекциски надзор и: - Законот за општата управна постапка; - **Законот за административни службеници; 2** - Законот за полицијата; - Уредба на Владата за платата и надоместоците на платата на инспекторот. 46 Заокружете што е точно во поглед на надлежностите на Владата предвидени со Законот за инспекциски надзор? - **Владата ги именува и разрешува директорите на државните инспекторати; 2** - Владата одлучува за дисциплинската одговорност на инспекторите; - Владата одлучува во втор степен, односно по жалба против решенијата за дисциплинска одговорност; - Владата одлучува за парична награда на инспектор. 47 Кое звање одговара на нивото Б1? - **Генерален инспектор; 2** - Главен инспектор; - Помошник главен инспектор; - Самостоен инспектор. 48 Кое звање одговара на нивото Б2? - Генерален инспектор; - **Главен инспектор; 2** - Помошник главен инспектор; - Самостоен инспектор. 49 Кое звање одговара на нивото В3? - **Помошник инспектор; 2** - Помлад инспектор; - Директор инспектор; - Највисок инспектор. 50 Инспекциската служба на својата сметка, задолжително: - **Го осигурува инспекторот за случаи на несреќа при работа; 2** - Обезбедува животно осигурување на инспекторот; - Обезбедува возило за инспекторот; - Обезбедува огнено оружје кое инспекторот го носи со себе. 51 Вршејќи инспекциски надзор, инспекторот се соочил со процесно прашање за кое ништо не е предвидено во посебниот закон ниту во Законот за инспекциски надзор. Во таков случај, ќе биде применет: - **Законот за општата управна постапка; 2** - Кривичниот законик; - Законот за парничната постапка; - Законот за кривичната постапка. 52 Кој од следниве има својство на правно лице? - **Државен инспекторат; 2** - Организациска единица за инспекциски надзор во рамките на општина; - Организациска единица за инспекциски надзор во рамките на градот Скопје; - Организациска единица за инспекциски надзор во рамките на општина или во рамките на градот Скопје; 53 Наградата за инспектор може да биде во висина од: - **Една негова плата; 2** - Две негови плати; - Три негови плати; - Четири негови плати. 54 Наградата за инспектор се определува: - Во номинален износ од 10,000 денари; - Во номинален износ од 20,000 денари; - Во процентуален износ -- 15% од неговата месечна плата; - **Во вистина од една негова плата. 2** 55 Инспекциските служби се организирани како: - **Органи во состав на министерствата -- државни инспекторати за одделни области, организациски единици за инспекциски надзор во состав на органите на државната управа -- сектор или одделение за инспекциски надзор, организациски единици за инспекциски надзор во состав на општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје -- Сектор или одделение за инспекциски надзор; 3** - Органи во состав на министерствата -- државни инспекторати за одделни области, организациски единици за инспекциски надзор во состав на органите на државната управа -- сектор или одделение за инспекциски надзор, организациски единици за инспекциски надзор во состав на општините; - Органи во состав на министерствата -- државни инспекторати за одделни области, организациски единици за инспекциски надзор во состав на општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје -- Сектор или одделение за инспекциски надзор; - Органи во состав на министерствата и општините. 56 Јавниот оглас за избор на директор на државен инспекторат: - **Се распишува 6 месеци пред истекот на мандатот на директорот; 3** - Се распишува 3 месеци пред истекот на мандатот на директорот; - Се распишува 12 месеци пред истекот на мандатот на директорот; - Се распишува по истекот на мандатот на директорот; 57 Јавниот оглас за избор на директор на државен инспекторат: - **Не може да биде пократок од 15 дена вклучувајќи го и денот на неговото објавување; 3** - Не може да биде пократок од 15 дена не вклучувајќи го и денот на неговото објавување; - Не може да биде пократок од 8 дена вклучувајќи го и денот на неговото објавување; - Не може да биде пократок од 8 дена не вклучувајќи го и денот на неговото објавување; 58 Против решението за годишна оценка, инспекторот: - **Има право на жалба до Агенцијата за администрација; 3** - Има право на жалба до Владата; - Има право на жалба до Инспекцискиот совет; - Нема право на жалба. 59 Против решението за годишна оценка, инспекторот: - Има право на жалба во рок од 3 дена; - Има право на жалба во рок од 2 дена; - **Има право на жалба во рок од 8 дена;** - **Нема право на жалба. 3** 60 Доколку при вршење на инспекциски надзор, инспекторот не преземе соодветни мерки кои во согласност со закон бил должен да ги преземе: - Тој сноси материјална одговорност; - Тој сноси прекршочна одговорност; - Тој сноси кривична одговорност; - **Тој сноси дисциплинска одговорност. 3** 61 Сите податоци што ги дознал при вршењето на инспекциски надзор утврдени како деловна тајна: - **Инспекторот е должен да ги чува во тајност во текот и по престанокот на вработувањето; 3** - Инспекторот е должен да ги чува во тајност за време на вработувањето; - Инспекторот е должен да ги објави; - Инспекторот не е должен да ги чува во тајност. 62 Доколку при вршење на инспекциски надзор, инспекторот не постапи согласно обврската за заштита на личните податоци: - **Тој сноси дисциплинска одговорност; 3** - Тој сноси кривична одговорност; - Тој сноси материјална одговорност; - Тој сноси одговорност според одредбите на Законот за работните односи. 63 Инспекторот има право на додаток на плата поради постоење на висок ризик по животот и здравјето при извршување на работите и задачите на инспектор, во висина од: - 8% од износот на основната плата; - **30% од износот на основната плата; 3** - 20% од износот на основната плата; - 10 % од износот на основната плата. 64 Стручното усовршување на инспекторот: - **Се спроведува преку генерички и специјализирани обуки; 3** - Се спроведува преку генерички обуки; - Се спроведува преку генерички обуки и посети на инспекциски служби во други држави; - Не е законска обврска. 65 Награда за инспектор може да се додели: - **Еднаш во текот на календарската година;3** - Еднаш во текот на месецот; - Еднаш во текот на две години; - Еднаш во текот на 10 години. 66 Кој од следниве не е критериум за доделување на награда на инспектор? - Посебно ангажирање во извршувањето на работата; - Квалитет во извршување на работата; - **Највисок број на изречени опомени во текот на тримесечјето; 3** - Процент за реализација на годишната програма за надзор. 67 Кој одлучува да му додели парична награда на инспекторот? - Владата; - **Директорот, односно раководното лице на органот односно градоначалникот, на предлог на непосредно претпоставениот раководител; 3** - Инспекцискиот совет; - Претседателот на Инспекцискиот совет. 68 Освен за делата наведени во Законот за инспекциски надзор, инспекторот одговара и за дисциплинските повреди наведени во: - **Законот за административни службеници; 3** - Законот за вработените во јавниот сектор; - Законот за работните односи; - Законот за полицијата. 69 Против решението за дисциплинска одговорност, инспекторот: - **Има право на жалба во рок од осум дена до Агенцијата за администрација; 3** - Има право на приговор во рок од осум дена до Инспекцискиот совет; - Има право на жалба во рок од осум дена до Инспекцискиот совет; - Нема право на правен лек. 70 Следењето на учинокот на инспекторите се врши така што: - **Се оценуваат најдоцна до 31 јануари во тековната година, за претходната година; 3** - Се оценуваат најдоцна до 31 декември во тековната година, за претходната година; - Се оценуваат најдоцна до 1 март во тековната година, за претходната година; - Се оценуваат најдоцна до 15ти во тековниот месец, за претходниот месец. 71 За кого не важи оценувањето на учинокот на инспектор? - **Инспекторите кои во текот на годината биле отсутни од работа подолго од шест месеци (боледување, неплатено отсуство и слично, но не и годишен одмор); 3** - Инспекторите кои во текот на годината биле отсутни од работа подолго од еден месец (боледување, неплатено отсуство и слично, но не и годишен одмор); - Инспекторите кои во текот на годината биле отсутни од работа подолго од три месеци (боледување, неплатено отсуство и слично, но не и годишен одмор); - Инспекторите кои во текот на годината биле отсутни од работа подолго од два месеци (боледување, неплатено отсуство и слично, но не и годишен одмор). 72 Извештајот за оценување на учинокот на инспектор го подготвува: - **Директорот односно раководителот на инспекциската служба; 3** - Инспекцискиот совет; - Министерот за информатичко општество и администрација; - Агенцијата за администрација. 73 Кој го врши оценувањето на учинокот на инспекторите? - Владата; - Инспекцискиот совет; - **Непосредно претпоставениот раководител; 3** - Министерот за информатичко општество и администрација. 74 Годишната програма за генерички обуки на инспекторите за наредната година ја донесува: - **Инспекцискиот совет односно градоначалникот; 3** - Владата; - Агенцијата за администрација; - Министерството за информатичко општество и администрација. 75 Средствата за реализација на специјализираните обуки на инспектори ги обезбедува: - **Самата инспекциска служба; 3** - Владата; - Агенцијата за администрација; - Министерството за информатичко општество и администрација. 76 Упатство за доделување на парична награда на инспектор донесува: - **Инспекцискиот совет; 3** - Владата; - Агенцијата за администрација; - Министерството за информатичко општество и администрација. 77 Ако инспекторот не ги извести надлежните органи за прекршувањата на законите или другите прописи кои со записник ги констатирал при вршење на инспекцискиот надзор: - **Тој одговара дисциплински; 3** - Тој одговара кривично; - Тој одговара материјално; - Тој одговара за прекршок утврден во Законот за прекршоците против јавниот ред и мир; 78 Дополнете: „Инспекторот има право на додаток на плата поради постоење на висок ризик по животот и здравјето при извршувањето на работите и задачите на инспектор во висина од \_\_\_\_\_\_% од износот на основната плата." - **30; 3** - 20; - 15; - 8; 79 Инспекторот кому му е изречена дисциплинска мерка има право на жалба до Агенцијата за администрација во рок од: - **8 дена; 3** - 15 дена; - 3 дена; - 24 часа; 80 Решението за дисциплинска одговорност на инспекторот го донесува: - Инспекцискиот совет; - Владата; - Агенцијата за администрација; - **Директорот, односно раководителот на инспекциската служба. 3** 81 Планирањето на инспекцискиот надзор се спроведува: - По завршување на посетата на субјектот на инспекциски надзор; - Заедно со почетокот на посетата на субјектот на инспекциски надзор; - **Пред посетата на субјектот на инспекциски надзор;1** - Независно од траењето и спроведувањето на посетата на субјектот на надзорот. 82 Според опфатот, редовниот инспекциски надзор може да биде: - Претходен или дополнителен; - **Целосен или делумен;1** - Превентивен или репресивен; - Еднократен или повеќекратен; 83 Спроведувањето на инспекциски надзор не опфаќа: - Легитимирање на вработените во субјектот на надзорот; - Интервјуирање на вработените во субјектот на надзорот; - **Лишување од слобода на вработените во субјектот на надзорот;1** - Почетен состанок со овластеното лице на субјектот на надзорот. 84 Во случај кога одговорното лице, односно лицето овластено од субјектот на инспекцискиот надзор одбива да ги изврши своите обврски за време на спроведувањето на надзорот или покажува знаци на насилство, инспекторот: - Ќе го приведе; - Ќе повика веднаш полиција; - **Ќе преземе активности за да се справи со тоа, вклучувајќи и потсетување за глобите и другите мерки што може да му бидат изречени на субјектот на надзорот; 1** - Ќе побара помош од своите колеги инспектори. 85 Во текот на спроведувањето на инспекцискиот надзор се составува записник кој содржи: - Податоци за решението што ќе биде донесено од спроведениот инспекциски надзор; - Податоци од диспозитивот на решението од спроведениот надзор; - **Податоци од почетниот состанок и податоци за утврдената фактичка состојба и неправилности; 1** - Податоци за инспекциската мерка која ќе биде изречена. 86 Записникот од спроведениот инспекциски надзор: - Не треба да биде потпишан од инспекторот и од претставникот на субјектот на надзор; - Треба да биде потпишан само од инспекторот; - Треба да биде потпишан само од претставникот на субјектот на надзор; - **Треба да биде потпишан од инспекторот и од претставникот на субјектот на надзор; 1** 87 Записникот од спроведениот инспекциски надзор: - Може да биде потпишан од инспекторот и од претставникот на субјектот на надзор; - Може да биде потпишан само од инспекторот; - Може да биде потпишан само од претставникот на субјектот на надзор; - **Треба да биде потпишан од инспекторот и од претставникот на субјектот на надзор; 1** 88 Доколку одговорното лице, односно лицето овластено од субјектот на инспекциски надзор одбие да го потпише записникот за извршен инспекциски надзор, инспекторот: - Исто така нема да го потпише записникот; - За тоа ќе го извести директорот на инспекциската служба, односно раководното лице; - **Ќе ги наведе причините за непотпишување; 1** - Ќе му изрече казна за непотпишување. 89 Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор се утврдени неправилности, инспекторот може: - **Да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка; 1** - Да спроведе прекршочна постапка; - Да изрече прекршочна мерка; - Да донесе одлука од прекршочна постапка. 90 Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор се утврдени неправилности, инспекторот може: - Да спроведе прекршочна постапка против субјектот на надзорот; - **Да му достави решение на субјектот на надзорот со опомена и рок во кој треба да ги отстрани неправилностите; 1** - Да му достави пресуда на субјектот на надзорот за поведување на прекршочна постапка; - Да му достави решение на субјектот на надзорот за негово лишување од слобода. 91 Документирањето како последна фаза од инспекцискиот надзор: - Се врши само во печатена (хартиена) форма; - Се врши само во електронска форма; - Не се врши во форма која ја избрала инспекциската служба; - **Се врши секогаш кога тоа е можно во печатена (хартиена) форма и во електронска форма. 1** 92 При документирањето како последна фаза од инспекцискиот надзор: - Се формира досие за сите субјекти на надзори што ги спровел инспекторот; - Не се формираат досиеја за субјектите на надзорот; - **За секој субјект на надзор се формира посебно досие; 1** - За секој субјект на надзорот не мора да се формира досие доколку не биле констатирани неправилности во работата. 93 Во досието на субјектот на надзорот формирано при документирање на надзорот: - **Секој поединечен инспекциски надзор е посебно одвоен; 1** - Сите инспекциски надзори врз тој субјект се заедно евидентирани; - Исходот од сите инспекциски надзори врз тој субјект се сумира и заеднички се евидентира; - Не се евидентираат сите инспекциски надзори врз тој субјект. 94 Инспекциски акти и дејствија се: - Казнените мерки и решенијата; - **Акти и дејствија коишто инспекторите ги донесуваат и преземаат во инспекциска постапка; 1** - Казнените мерки и конкретните управни акти; - Казнените мерки и опомените. 95 Опомената е: - Мерка на задолжување во инспекциска постапка; - Казна за сторено кривично дело; - **Инспекциска мерка со која субјектот на надзорот се задолжува да ги отстрани неправилностите и недостатоците утврдени при инспекцискиот надзор;1** - Усно укажување на инспектор во вршење на превентивен надзор. 96 Упатството за начинот на спроведување на инспекцискиот надзор го донесува: - Министерот за информатичко општество и администрација; - **Владата на Република Северна Македонија; 1** - Инспекцискиот совет; - Министерот за правда. 97 Инспекцискиот надзор може да биде: - **Редовен, вонреден и контролен; 2** - Редовен и контролен; - Превентивен, репресивен и неутрален; - Редовен и вонреден; 98 Кога иницијативата за инспекциски надзор е нецелосна или нејасна: - **Инспекторот нема да постапи по неа и за тоа ќе го извести подносителот најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на иницијативата; 2** - Инспекторот нема да постапи по неа, но нема обврска да го извести подносителот на пријавата; - Инспекторот ќе постапи по неа во секој случај; - Инспекторот ќе побара дополнување на иницијативата во рок од шест месеци, а доколку тоа не е сторено ќе ја отфрли. 99 Кога во редовниот или вонредниот инспекциски надзор учествуваат две или повеќе инспекциски служби, станува збор за: - **Заеднички инспекциски надзор; 2** - Координиран инспекциски надзор; - Интер-ресорен инспекциски надзор; - Контролен инспекциски надзор. 100 Сложен или поголем по обем инспекциски надзор може да биде спроведен од: - **Повеќе инспектори;2** - Повеќе од еден, но не повеќе од три инспектори; - Повеќе од еден, но не повеќе од четири инспектори; - Двајца инспектори. 101 Опомената инспекторот ја изрекува со: - **Решение; 2** - Реален акт; - Заклучок; - Пресуда. 102 Заеднички инспекциски надзор е: - **Инспекцискиот надзор во кој учествуваат две или повеќе инспекциски служби;2** - Инспекцискиот надзор во кој учествуваат два или повеќе инспектори од иста инспекциска служба; - Инспекцискиот надзор во кој учествуваат три или повеќе инспектори од иста инспекциска служба; - Инспекцискиот надзор во кој инспекторот бара асистенција од Министерството за внатрешни работи. 103 Подносител на иницијатива за вонреден инспекциски надзор може да биде: - **Физичко или правно лице, орган на државната или локалната власт; 2** - Само физичко лице; - Само правно лице; - Само орган на државната или локалната власт; 104 Редовниот инспекциски надзор се врши: - **По однапред предвиден распоред во годишниот план и месечниот план; 2** - По примена пријава; - По примена иницијатива; - По допрен глас. 105 Редовниот инспекциски надзор се најавува со: - Телефонски повик до субјектот на надзорот; - Објава каде ќе се врши редовен надзор во Службениот весник; - Објава во печатен медиум; - **Писмено известување до субјектот на надзорот; 2** 106 Разликата помеѓу редовниот и вонредниот инспекциски надзор се состои, меѓу другото, во тоа што: - **Редовниот инспекциски надзор е најавен, а вонредниот инспекциски надзор е ненајавен; 2** - Редовниот инспекциски надзор се врши од страна на еден инспектор, а вонредниот секогаш од страна на двајца или повеќе инспектори; - Редовниот инспекциски надзор се врши од страна на една инспекциска служба, а вонредниот секогаш од две или повеќе инспекциски служби; - Редовен инспекциски надзор е оној кога се откриваат само прекршоци, а при вонредниот инспекциски надзор се откриваат и кривични дела. 107 Редовен инспекциски надзор од иста инспекциска служба кај ист субјект на инспекциски надзор, според Законот за инспекциски надзор, се врши: - Секој месец; - **Не повеќе од еднаш годишно, освен ако со друг закон не е поинаку определено; 2** - Не повеќе од еднаш месечно, освен ако со друг закон не е поинаку определено; - Секои шест месеци. 108 Инспекцискиот надзор кој се врши според однапред предвиден распоред утврден во месечен и годишен план се нарекува: - **Редовен; 2** - Вонреден; - Планиран; - Превентивен. 109 Писменото известување до субјектот со кое се најавува редовниот инспекциски надзор содржи: - **Време и обем на инспекцискиот надзор; 2** - Само време на инспекцискиот надзор; - Име на инспекторот кој ќе го врши надзорот; - Правна поука. 110 Пред да започне редовниот инспекциски надзор, заедно со известувањето до субјектот на инспекцискиот надзор се доставува и: - Ранг листа; - **Листа на проверка; 2** - Листа на инспекциски мерки; - Листа на закони и прописи. 111 Известувањето и листата на проверка се доставуваат до субјектот на надзорот: - Во исто време кога ќе почне инспекцискиот надзор; - После завршувањето на инспекцискиот надзор; - **Најдоцна три работни дена пред да отпочне вршењето на инспекцискиот надзор; 2** - Најдоцна 2 месеци пред да отпочне вршењето на инспекцискиот надзор. 112 Вонредниот инспекциски надзор: - Се врши според месечен план; - Се врши според годишен план; - **Се врши по иницијатива; 2** - Се врши по барање на субјектот на надзорот. 113 Пред да изврши вонреден инспекциски надзор, инспекторот: - Телефонски го известува субјектот на надзорот; - **Не го известува субјектот на надзорот; 3** - Го известува субјектот на надзорот со писмено известување; - Доставува листа на проверка до субјектот на надзорот. 114 Вонредниот инспекциски надзор се врши: - Со претходна најава која се врши најмногу десет дена пред почетокот на надзорот; - Со претходна најава која се врши најмногу шест дена пред почетокот на надзорот; - **Без претходна најава; 3** - Со претходна најава, освен ако поинаку не е определено во посебен закон. 115 Контролниот инспекциски надзор се врши со цел: - **Инспекторот да утврди дали е постапено по инспекцискиот акт; 3** - Инспекторот да утврди дали е спроведена инспекциската мерка; - Инспекторот да утврди дали е претходно спроведен инспекциски надзор; - Инспекторот да утврди дали е составен и потпишан записник. 116 Кој од видовите инспекциски надзор се врши по службена должност или врз основа на иницијатива? - Редовниот; - **Вонредниот; 3** - Контролниот; - Превентивниот. 117 Дополнете: „Најдоцна во рок од 15 дена по завршувањето на \_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_ инспекциски надзор извршен врз основа на поднесена иницијатива, инспекторот е должен да го извести подносителот за резултатите од инспекцискиот надзор". - **Вонредниот; 3** - Редовниот; - Контролниот; - Репресивниот. 118 Утврдената фактичка состојба во текот на инспекцискиот надзор се запишува во: - **Записник; 3** - Службена белешка; - Белешка; - Службената легитимација на инспекторот; 119 Утврдената фактичка состојба во текот на инспекцискиот надзор се запишува во: - **Записник; 3** - Службената легитимација на инспекторот; - Инспекциска книшка; - Мандатен платен налог. 120 Инспекцискиот надзор се спроведува во согласност со: - Годишниот план за работа на инспекторот; - Дневниот план за работа на инспекторот; - **Месечниот план за работа на инспекторот; 3** - Месечниот план за работа на инспекциската служба. 121 Еден од критериумите врз основа на кои се утврдуваат коефициентите на сложеност на инспекцискиот надзор е: - **Потребно време за вршење на надзорот; 3** - Потребни инспектори за вршење на надзорот; - Потребни средства за вршење на надзорот; - Потребни инспекциски мерки да се изречат во надзорот. 122 Еден од критериумите врз основа на кои се утврдуваат коефициентите на сложеност на инспекцискиот надзор е: - Бројот на вработени во субјектот на надзорот; - Бројот на неправилности и нерегуларности констатирани со надзорот; - Бројот на дејствија преземени во текот на надзорот; - **Бројот на прописи врз основа на кои се врши надзорот.3** 123 Еден од критериумите врз основа на кои се утврдуваат коефициентите на сложеност на инспекцискиот надзор е: - **Бројот на субјекти врз кои се врши надзорот; 3** - Бројот на вработени во субјектот на надзорот; - Дали субјектот е микро, мал, среден или голем трговец; - Бројот на неправилности и нерегуларности констатирани со надзорот; 124 Еден од критериумите врз основа на кои се утврдуваат коефициентите на сложеност на инспекцискиот надзор е: - Должината на работното искуство на инспекторот што го врши надзорот; - **Условите во кои се врши инспекцискиот надзор и изложеноста на инспекторот на можни влијанија врз неговото здравје и живот;3** - Возраста на инспекторот; - Бројот на неправилности и нерегуларности констатирани со надзорот; 0 125 Целта на инспекцискиот надзор е: - Изрекување на казни како инспекциски мерки; - Казнување со глоба; - Иницирање на прекршочна постапка; - **Превентивно делување или преземање на мерки за спречување и отстранување на последиците врз заштитените добра, права или интереси. 3** 126 Целта на инспекцискиот надзор е: - Иницирање на кривична постапка; - Иницирање на постапка за материјална одговорност; - **Превентивно делување или преземање на мерки за спречување и отстранување на последиците врз заштитените добра, права или интереси; 3** - Издавање на прекршочен платен налог. 127 Инспекторот примил иницијатива за инспекциски надзор. Доколку тој поведе постапка за инспекциски надзор по таа иницијатива ќе станува збор за: - Деривативен инспекциски надзор; - Контролен инспекциски надзор; - **Вонреден инспекциски надзор; 3** - Редовен инспекциски надзор. 128 Во кој случај инспекторот ќе смее да изврши редовен инспекциски надзор кај истиот субјект на надзор повеќе од еднаш годишно? - **Кога тоа е определено во посебен закон; 3** - Кога тој смета дека тоа е целисходно; - Кога тој смета дека тоа е неопходно за заштита на јавниот интерес; - Секогаш, бидејќи во Законот за инспекциски надзор не е предвидено дека редовен инспекциски надзор се врши кај истиот субјект на надзор само еднаш годишно. 129 Ако во даден инспекциски надзор учествуваат и Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат, како две инспекциски служби, ќе стане збор за: - **Заеднички надзор; 3** - Интер-ресорски надзор; - Сестран надзор; - Сеопфатен надзор. 130 Законот за инспекциски надзор предвидува дека инспекторот се идентификува пред субјектот на надзорот со: - **Службена легитимација и значка; 3** - Лична карта; - Пасош; - Уверение за државјанство. Модул 2 -- Закон за општа управна постапка +-----------------------------------+-----------------------------------+ | 1 | Во управната постапка, се | | | користи: | | | | | | - **Македонскиот јазик и | | | неговото кирилско писмо; 1** | | | | | | - Македонскиот јазик; | | | | | | - Јазикот на една од | | | националностите кои живеат во | | | државата; | | | | | | - Само јазикот кој го зборуваат | | | најмалку 20% од граѓаните во | | | државата и неговото писмо; | +-----------------------------------+-----------------------------------+ | 2 | Странките и другите учесници во | | | постапката кои не се државјани на | | | Република Северна Македонија, а | | | не го разбираат македонскиот | | | јазик и неговото кирилско писмо: | | | | | | - **Имаат право на преведувач; | | | 1** | | | | | | - Го користат јазикот што го | | | разбираат; | | | | | | - Постапката се води на нивниот | | | мајчин јазик; | | | | | | - Постапката се води на | | | македонски јазик и нивниот | | | мајчин јазик; | +-----------------------------------+-----------------------------------+ | 3 | Кое од наведените не претставува | | | управен акт: | | | | | | - **Записник; 1** | | | | | | - Решение; | | | | | | - Наредба; | | | | | | - Одлука; | +-----------------------------------+-----------------------------------+ | 4 | Управен акт е: | | | | | | - **Поединечен акт на јавен | | | орган кој е донесен врз | | | основа на закон со кој се | | | решава за правата, обврските | | | и правните интереси на | | | странките;1** | | | | | | - Поединечен акт издаден од | | | државата; | | | | | | - Документ кој произлегува од | | | управен спор; | | | | | | - Поединечен акт на јавен орган | | | кој е донесен само врз основа | | | на интерните правила на | | | органот; | +-----------------------------------+-----------------------------------+ | 5 | Јавните органи постапуваат во | | | согласност со Уставот на | | | Република Македонија, законите и | | | меѓународните договори | | | ратификувани во согласност со | | | Уставот на Република Македонија. | | | Ова е одлика на начелото на: | | | | | | - **Законитост; 1** | | | | | | - Пропорционалност; | | | | | | - Ефикасност; | | | | | | - Сервисна ориентација на | | | јавните органи; | +-----------------------------------+-----------------------------------+ | 6 | Ако два или повеќе органи се | | | месно надлежни за иста работа: | | | | | | - **Надлежен е оној орган кој | | | прв ја повел постапката;1** | | | | | | - Надлежен е органот кој се | | | наоѓа во местото на живеење | | | на странката; | | | | | | - Управниот суд одлучува кој | | | орган ќе ја води постапката; | | | | | | - Двата органи заедно ќе ја | | | водат постапката; | +-----------------------------------+-----------------------------------+ | 7 | При водењето на управната | | | постапка јавниот орган треба да ѝ | | | овозможи на странката да ги | | | оствари и заштити своите права и | | | правни интереси, доколку истите | | | не се на штета на правата и | | | правните интереси на другите | | | странки или трети лица и не се на | | | штета на јавниот интерес утврден | | | со закон. Ова е одлика на | | | начелото на: | | | | | | - **Пропорционалност; 1** | | | | | | - Законитост; | | | | | | - Начело на сослушување на | | | странките; | | | | | | - Сервисна ориентација на | | | јавните органи; | +-----------------------------------+-----------------------------------+ | 8 | Услугите од општ интерес: | | | | | | - **Се управни дејствија со кои | | | на граѓаните им се | | | обезбедуваат општо достапни | | | услуги за сите странки по | | | пристапна цена и со соодветен | | | квалитет на услугата, во | | | континуитет, транспарентно | | | без дискриминација на | | | корисникот на услугата;1** | | | | | | - Се сите дејствија на органите | | | на локалната самоуправа; | | | | | | - Се управни дејствија кои | | | произлегуваат од предметите | | | кои се решени од јавните | | | органи; | | | | | | - Се услугите што ги даваат | | | граѓаните кон јавните органи; | +-----------------------------------+-----------------------------------+ | 9 | Постапката треба да се спроведе | | | на наједноставен можен начин, без | | | одлагање и со што помалку трошоци | | | за странките, а сепак да се | | | обезбеди целосно почитување на | | | правата и правните интереси на | | | странките и потполно утврдување | | | на фактичката состојба. Ова е | | | одлика на начелото на: | | | | | | - **Економичност и ефикасност | | | во постапката; 1** | | | | | | - Еднаквост и непристрасност; | | | | | | - Утврдување на материјална | | | вистина; | | | | | | - Пропорционалност; | +-----------------------------------+-----------------------------------+ | 10 | Органите во управната постапка се | | | должни да обезбедат еднаква, | | | непристрасна и објективна примена | | | на законите и другите прописи во | | | решавањето на управните работи. | | | Ова е одлика на начелото на: | | | | | | - **Еднаквост, непристрасност и | | | објективност; 1** | | | | | | - Законитост; | | | | | | - Утврдување на материјална | | | вистина; | | | | | | - Пропорционалност; | +-----------------------------------+-----------------------------------+ | 11 | Кога јавните органи решаваат во | | | управни работи, сервисно се | | | ориентирани кон остварувањето на | | | правата и интересите на | | | странките. Ова е одлика на | | | начелото на: | | | | | | - **Сервисна ориентација на | | | јавните органи; 1** | | | | | | - Законитост; | | | | | | - Утврдување на материјална | | | вистина; | | | | | | - Еднаквост, непристрасност и | | | објективност; | +-----------------------------------+-----------------------------------+ | 12 | Јавниот орган треба да ги утврди | | | сите факти и околности што се од | | | битно значење за правилно | | | утврдување на фактичката состојба | | | во управната постапка. Ова е | | | одлика на начелото на: | | | | | | - **Утврдување на материјална | | | вистина; 1** | | | | | | - Сослушување на странките; | | | | | | - Слободна оцена на доказите; | | | | | | - Делегирање надлежност за | | | решавање; | +-----------------------------------+-----------------------------------+ | 13 | Доколку странката не ги исполнува | | | обврските од управниот договор, | | | јавниот орган: | | | | | | - **Ќе го раскине договорот; | | | 1** | | | | | | - Ќе побара склучување на анекс | | | на договорот; | | | | | | - Ќе ги промени условите на | | | договорот со цел негово | | | исполнување; | | | | | | - Ќе продолжи да ги почитува | | | одредбите од договорот; | +-----------------------------------+-----------------------------------+ | 14 | Пред издавањето на управниот акт, | | | на странката мора да ѝ се даде | | | можност да се изјасни за фактите | | | и околностите што се од важност | | | за решавањето. Ова е одлика на | | | начелото на: | | | | | | - **Сослушување на | | | странките;1** | | | | | | - Слободна оцена на доказите; | | | | | | - Делегирање надлежност за | | | решавање; | | | | | | - Утврдување на материјална | | | вистина; | +-----------------------------------+-----------------------------------+ | 15 | Кои факти ќе ги земе како | | | докажани одлучува овластеното | | | службено лице по свое самостојно | | | уверување врз основа на совесна и | | | грижлива оцена на секој доказ | | | посебно и на сите докази заедно, | | | како и врз основа на утврдените | | | факти од целокупната постапка. | | | Ова е одлика на начелото на: | | | | | | - **Слободна оцена на доказите; | | | 1** | | | | | | - Пропорционалност; | | | | | | - Еднаквост, непристрасност и | | | објективност; | | | | | | - Начело на сослушување на | | | странките; | +-----------------------------------+-----------------------------------+ | 16 | Во рамки на јавниот орган, | | | надлежноста за решавање на | | | управните работи, по правило, се | | | делегира на службени лица во | | | рамките на органот, соодветно на | | | сложеноста на соодветната управна | | | работа. Ова е одлика на начелото | | | на: | | | | | | - **Делегирање на надлежноста | | | за решавање; 1** | | |

Use Quizgecko on...
Browser
Browser