ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА СОДРЖИНА PDF
Document Details
Uploaded by ReadableObsidian180
Tags
Summary
Документот "Определување на содржина" го опишува процесот на мерење на количеството на активна компонента во фармакопејска супстанција. Тој ги разгледува различни техники како што се ултравиолетовата и видливата спектрофотометрија, волуметриските анализи, и хроматографијата. Во него се нагласува значењето на карактеристиките на методот и прифатливата чистота на супстанцијата при определување на дозволените граници на отстапување.
Full Transcript
ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА СОДРЖИНА Kатедра по аналитика на лекови и фармацевтска регулатива OПРЕДЕЛУВАЊЕ НА СОДРЖИНА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА СОДРЖИНА - Во монографија на фармакопејска супстанција - Определувањето на содржина е вклучено во монографијата, освен ако: сите предвидливи онечистувања може да се дете...
ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА СОДРЖИНА Kатедра по аналитика на лекови и фармацевтска регулатива OПРЕДЕЛУВАЊЕ НА СОДРЖИНА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА СОДРЖИНА - Во монографија на фармакопејска супстанција - Определувањето на содржина е вклучено во монографијата, освен ако: сите предвидливи онечистувања може да се детектираат и да се ограничи нивното присуство со доволно голема прецизност; одредени квантитативни тестови, слични на определувањето на содржина, се изведуваат со доволно голема прецизност (специфична оптичка ротација, специфична апсорбанција,...); се утврдени специфичните профили на релевантните супстанции, како што е составот на фракцијата на масни киселини (2.4.22) или составот на фракцијата на стероли (2.4.23) во мастите или во масните масла; тестовите што се изведени се доволни за да се утврди квалитетот на супстанцијата, вообичаено тоа се однесува на ексципиенсите (на пр. етанол и вода). ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА СОДРЖИНА - Во монографија на фармакопејска супстанција - Во одредени случаи, може да биде потребно повеќе од едно определување на содржината, како на пример: кога супстанцијата што се испитува се состои од комбинација на два дела што не се задолжително присутни во апсолутно утврден сооднос, па со определување на содржината на само еден од двата конституенти не е возможно точно да се определи содржината на супстанција како целина (пр. теофилин и етилендиамин); кога резултатите од квантитативните тестови не ја претставуваат целосно терапевтската активност, тогаш се вклучува биолошко определување. ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА СОДРЖИНА - Во монографија на фармакопејска супстанција - Во случај на добро дефинирани соли, вообичаено се смета дека е доволно определувањето на содржинта на само еден од јоните, првенствено на фармаколошки активната компонента. Многу ретко е неопходно да се определат сите јони. Во случај кога идентификацијата и тестовите за чистота се доволно карактеристични и специфични, подобро е да се употреби неспецифично, но прецизно определување (волуметриски анализи) отколку специфично, а помалку прецизно определување на содржината (течна хроматографија). Секој предложен метод за определување на содржината мора да биде валидиран, според соодветна постапка за различни техники. ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА СОДРЖИНА - Во монографија на фармакопејска супстанција - За определување на содржината се користи: Ултравиолетова и видлива спектрофотометрија Вообичаено се претпочитуваат други методи за определување на содржина. Кога се ревидираат монографии што содржат спектрофотометриско определување на содржина, овој метод се заменува со метод на течна хроматографија. Волуметриски анализи Потенциометрискиот начин на определување на завршната точка на титрација е применлив во скоро сите случаи и претставува метод од избор Хроматографија Хроматографските методи за определување на содржината, во фармакопејската пракса се ограничени на течна хроматографија (LC) и гасна хроматографија (GC). ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА СОДРЖИНА - Во монографија на фармакопејска супстанција - Во монографијата мора да бидат специфицирани дозволени граници на отстапување во кои треба да се движи вредноста добиена при определување на содржината. Во дозволените граници на отстапување на содржината мора да бидат земени во предвид прецизноста на методот, како и прифатливата чистота на супстанцијата. Границите на отстапување, при определување на содржината, се изразуваат во однос на сушена или безводна супстанција; со можна корекција и во однос на резидуални растворувачи. Во дефиницијата на монографијата, се пропишани дозволените граници на отстапување на содржината определини со методот опишан во делот Определување на содржина. ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА СОДРЖИНА - Во монографија на фармакопејска супстанција - За неспецифични определувања на содржината (на пр. волуметрија), дозволените граници на отстапување вообичаено се 99,0-101,0 % (освен ако не е поинаку пропишано). За специфично определување на содржината, со примена на сепаративна техника (на пр. течна или гасна хроматографија) горната граница вообичаено е 102,0 %; долната граница ги зема во предвид неопходните пресметки за присутните онечистувања и затоа може да биде и пониска од 98,0 %. ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА СОДРЖИНА - Во монографија на фармакопејска супстанција - При воспоставување на границите за дозволено отстапување на содржина на активна компонента, се земаат во предвид: методот на подготовка, од кој зависи степенот на чистота на подготвениот примерок за анализа, што во одредени случаи е неопходно потребен репродуцибилноста и точноста на аналитичкиот метод во случај кога се применува сепаративна техника и за тестот на сродни супстанции и за определување на содржината, при воспоставувањето на дозволените граници на отстапување на содржината се земаат во предвид максималната дозволена количина на онечистувањата и аналитичката грешка проценката на прифатливиот степен на деградација при чувањето доволен број на експериментални резултати добиени од неколку серии (најмалку 3), ако е возможно од различно потекло и старост.