Summary

This document provides an overview of vertebrate animals. It covers different classes of vertebrates including fish, amphibians, reptiles, birds, and mammals. Each class features a description of their characteristics, including physical features, reproduction, and habitats.

Full Transcript

# 'Рбетни животни - нивното тело има потпора од 'рбет, кој кај најпримитивните животни е рскавичен, а кај посложените коскен - **хорда** - потпорен рскавичен орган во телото - цевчест нервен систем - телесна празнина - билатерална симетрија - парни жабри - активно се движат - развиток на нервниот...

# 'Рбетни животни - нивното тело има потпора од 'рбет, кој кај најпримитивните животни е рскавичен, а кај посложените коскен - **хорда** - потпорен рскавичен орган во телото - цевчест нервен систем - телесна празнина - билатерална симетрија - парни жабри - активно се движат - развиток на нервниот систем: диференциран мозок во главата и добро развиени сетилни органи за брза и правилна ориентација во просторот - развиток на осков скелет кој му дава цврста потпора на телото. Составен е од 'рбет изграден од 'рскавични или коскени пршлени, кои го заштитуваат 'рбетниот мозок и им даваат потпора на мускулите, череп кој го заштитува мозокот и сетилните органи - со предниот и задниот појас се движат - Затворен крвоносен систем со срце - пренесува хранливи материи и гасови низ телото ## 1. Круглоусти - водни 'рбетници - рибовидна форма на телото - потпорен орган им е хордата - живеат полупаразитски во слатки и солени води - змиулката ## 2. Риби - телото им е прекриено со лигава кожа поради што илачуваат кожни жлезди. Во кожата се развиваат 'рскавични или коскени лушпи подредени како ќерамиди од главата кон опашката. - непарни и парни перки - осковниот скелет е состевен од: череп, 'рбет со ребра и скелет на перки со појаси - мускулатурата на трупот има сегментирана градба - системот за варење почнува со усен отвор во кој има вилици со заби, голтка, хранопровод, желудник и црево кое завршува со анален отвор. Во стомачната празнина има рибен меур кој кај некои риби помага во дишењето. - дишат со жабри - срцето - комора и преткомора, низ кое тече редуцирана крв - бубрези - прочистуваат крвта, а урината се исфрла во надворешна средина - 'рбетен и черепен мозок - сетилата за вид, мирис и вкус се добро развиени - странична линија - чувствуваат вибрациите на водата - полови жлезди во кои се создаваат полови клетки. Се оплодуваат надворешно ## Рскавични риби - Тропската кит- ајкула е најголема риба (20м) се храни со планктони - Сината ајкула е помала (6-7м), грабливец кој е многу опасен за човекот - Раите живеат на морското дно заринкани во песокот ## Коскени риби - крап, мрена, плашица, пастрмка, јагула, црвеноперка, караш, клен, сом - во Охридското езеро живее ендемичната охридска пастрмка - шакоперките – вид латимерија, чии перки потсетуваат на човечка шака, се сметаат за предци на водоземците - двојнодишалките живеат во копнени води во трпски предели, доколку пресуши водниот басен можат да дишат атмосферски воздух преку рибниот меур ## 3. Водоземци - живеат на копно и вода - исфрлаат полови продукти во водата и по оплодувањето од нив се развива ларва која наликува на риба и диши со жабри и се движи со перки. По претрпената метарморфоза возрасните водоземци излегуваат на копното и кај нив парните перки од рибите се претварат во петпрсни крајници кои им овозможуваат движење по цврста подлога со бавно одење, скокање или влечење. - на копно дишат атмосферски воздух со белите дробови и нивната фун. ја надоплонува влажната кожа - срце - две преткомори и една комора во која се мешаат оксидирана и редуцирана крв ## Вистински жаби - два пара крајници - задни нозе за скокање, амеѓу прстите се наоѓа тенка кожичка за пливање - зелената жаба живее во барите, езерата и мочуриштата - крастава жаба во влажни почви ## Опашести водоземци - шарениот дождовник кој има црно тело со жолти дамки, живее во шумите и се појавува по врнење на дождот ## 4. Влечуги - први вистински сувоземни 'рбетници - оплодувањето е внатрешно. Оплодената јајце клетка се обвива со цврста обвивка додека минува низ јајцеводот. Во јајцето има жолток со која се исхранува ембрионот за време на неговиот развиток. Нова придобивка е појава на три ембрионални обвивки - бели дробови - срцето е триделно - немаат способност да одржуваат постојана телесна температура, туку ја менуваат во зависност од надворешната средина ## Желки - копно и вода - Барска желка - Џиновска желка (Галапагос) ## Гуштери - зелениот, сивиот, ѕидниот гуштер со многу подвидови ## Змии - издолжено тело, крајници секундарно редуцирани - неотровни се белоушката и барската - отровни поскокот и шарката ## Крокодили - развиен систем за дишење, четириделно срце - тропски реки - Нилскиот крокодил ## 5. Птици - телото им е покриено со пердуви - постојана телесна температура (хомеотермни). Предните крајници им се преобразиле во крилја. Имаат клун и во устата немаат заби. Коските им се шупливи. Градната коска им е добро развиена и на неа се прицврстува силна мускулатора за летање - воздушните торби им го олеснуваат летањето и го зголемуваат волуменот на белите дробови и дишењето - срцето е четириделно - оплодувањето е внатрешно (несат јајца) ## Тркачи - Австралија - развиени нозе, нерзавиени крилја - Нојот е најкрупната птица со долги нозе, прави долг чекор од 3м - Кивите се помали и имаат долг тенок клун ## Нуркачи - Кормораните, чапјите, штрковите, пеликаните, водни птици се лебедите, пајките и гуските - Пингвините ја изгубиле способноста да летаат меѓутоа тие се многу добри и брзи нуркачи ## Грабливки - остри канџи и клун и најдобро развиени сетилни органи за слух и вид - орелот, јастребот, соколот, мршојадецот, кондорот ## Кокошки - слаби летачи - кокошка, еребица, мисирка, фазан, потполошка, тетреба ## Папагали - топли шуми во Америка, Африка и Австралија - кај нас се одгледуваат како домашни животни ## Колибри -најмали птици кои живеат во Јужна Америка ## Пејачи - ластовичка, славеј, кос, врапче, гавран, чавка ## 6. Цицачи - телото им е покриено со влакна, телесната температура е постајана, во кожата имаат потни, лојни, мирисни и млечни жлезди кои излачуваат млеко - раѓаат живи млади кои се исхрануваат со цицање млеко. Ембрионалниот развиток се одвива во внатрешноста на телото на мајката. Се формира плацента на ембрионот и ѕидот на матката. Преку неа ембрионот е поврзан со мајчиниот организам. - развиток на нервен систем- голем мозок со две хемисфери. Кората на големиот мозок кај вишите цицачи е набраздена со многу извивки и бразди кои ја зголемуваат површината и центрите за повисока нервна дејност. - сетилните органи се усовршени. - во телесната празнина се наоѓа дијафрагмата која ја дели градната од стомачната празнина - водат потекло од ѕвeрогуштери ## Цицачи со клоака - несат јајца, немаат заби, тешко ја одржуваат телесната температура поради што паѓаат во зимски сон - клунар, мравојаден еж кои живеат во Австралија ## Торбари - кожна торба во која носат недоразвиено младо, во торбата има млечни жлезди и таму се одвива неговиот развиток, живеат во Австралија и Јужна Америка - торбарски волк, лисица, верверица, кенгур ## Цицачи со постелка - Инсектојадни: крт, еж - Цицачи кои летаат: лилјак - Гризачи: зајак, верверица, глувци, дабари - Ѕверови: грабливци - куче, волк, лисица, дива мачка, рис, пума, леопард, јагуар, мечка, твор, јазовец - Водни цицачи: фока, тулен, морж, кит, делфин - Чифтнокопитни: дива свиња, нилски коњ, камила, лама, жирафа, антилопа, коза, овца, говедо - Нечифтнокопитни: коњ, магаре, зебра, слон, носорог - Примати: - Полумајмуни: тупаи, лемури - Мајмуни: врескач, бабун, павијан, капучин - Човеколики мајмуни: гибон, орангутан, горила, шимпанзо кое живее во тропските шуми, лесно се припитомува и филогенетски е најсродно со човекот - Човек: Homo sapiens

Use Quizgecko on...
Browser
Browser