Полициска Етика - 1 Колоквиум PDF
Document Details
Tags
Summary
This document appears to be an exam or quiz on police ethics, in Serbian. The document contains questions related to different ethical principles. It describes topics such as moral conduct, responsibility, theories of ethics."
Full Transcript
**Полциска Етика -- 1 колоквиум** 1. **Кои се основните прашања кои ги проучува етиката?** - **"Зошто треба да го правам она што треба да го правам?"** - **"Зошто треба да правам добро и по што доброто е добро?"** 2. **Како да препознаеме добро или лошо човеково однесување?** - **(приме...
**Полциска Етика -- 1 колоквиум** 1. **Кои се основните прашања кои ги проучува етиката?** - **"Зошто треба да го правам она што треба да го правам?"** - **"Зошто треба да правам добро и по што доброто е добро?"** 2. **Како да препознаеме добро или лошо човеково однесување?** - **(примери за добро и лошо однесување стр27)?** 3. **Кои се четирите видови на однесување кои може да се карактеризираат како добри?** - **Морално однесување (правилно или неправилно)** - **Конвенционално однесување (добри или лоши манири)** - **Разумно однесување (практично или непрактично)** - **Правно однесување (законско или незаконско)** 4. **Што се подразбира под морална одговорност?** - **Морална одговорност претставува обврска, а воедно и способност за логична проценка и расудување за правилниот и неправилниот начин на сторување на некое дејствие.** 5. **Кои се современите теории на етиката?** - **Современите теории на етиката ги поставил Џорџ Едвард Мур во 1903 година каде што расправа за доброто, односно се обидува да го определи низ повеќе различни категории, а преку изострен поглед за критика ги опсервира прашањата низ различни аспекти кои озвозможуваат создавање на основни разлики помеѓу доброто и лошото.** 6. **Дефинирајте го доброто?** - **"Доброто" е неопределено и претставува поим кој не може да биде дефиниран и анализиран, но може да се поистоветува со поимите корисно, правилно и позитивно** 7. **Што подразбирате под природна етика?** - **Под природна етика се подразбираат природни верувања општо прифатени и распростанети низ светот. Се однесуваат на човековото однесување во целина, алудирајќи на доброто, чесното, добронамерното.** 8. **Објасни ја теоријата на "природна селекција"?** - **Поврзана е со Чарлс Дарвин, се заснова на тоа што секој нов вид се приспособувал на околината во која егзистирал и се искачувал пополека во синџирот на исхрана. Секоја нова генерација била понапредна од претходната. Можеле полесно да ги издржат климатските промени, да се приспособат, да дојдат полесно до храна, да избегаат, да се сокријат и сл. Природниот процес кој ги следи тие случувања се нарекува еволуција. Доаѓаме до заклучок дека опстанокот на најсилните, не значи физички и умствено моќни, туку способни да се приспособат на живот во различни услови. Во ова е вредноста на теоријата бидејќи ги покажува причините за одредени биолошки влијанија на опстанокот на човештвото.** 9. **Што претставува хедонизмот?** - **Хедонизмот претставува живот или однесување кое значи дека човекот добива најмногу што може задоволства од животот, а воден од уверувањето дека најважната работа во животот е да се ужива, односно да се живее живот исполнет со задоволство, радост и среќа.** 10. **Кои се основните принципи на утилитаријанизмот?** - **Задоволството или среќата е единствената работа што има навистина вродена вредност.** - **Дејствата се исправни доколку тие ја промовираат среќата и обратно.** - **Задоволството на сите се смета како еднакво.** 11. **Што е метафизичка етика?** - **Претставува теорија базирана на тоа дека "доброто" претставува нешто што реално постои, но не во природата, туку е нешто што поседува одредени карактеристики поврзани со чувствителната реалност.** 12. **Која е поврзаноста помеѓу етиката и однесувањето?** - **Со етиката се определени моралните норми според кои се ограничува доброто од лошото однесување. Постојат повеќе прашања кои ги поврзуваат етиката и однесувањето: Што е добро? Кои се моите должности? Што би требало да направам? Како би требало да постапам? Одговорите водат до фактот дека сите морални закони се ставови за соодветните постапки кои ќе предизвикаат позитивни ефекти/последици.** 13. **Кои се основните функции на етиката?** - **Когнитивна функција.** - **Регулаторна функција.** - **Функција на убедување.** 14. **На што се однесува когнитивната функција?** - **Да се остварува на три начини: [дескриптивен] (изработка на одредени вредности или ставови: морални ставови, односи, верувања, квалитети или недостатоци), [аналитичко-синтетички] (идентификување на вродените компоненти на моралот: правила, совест, изразување, оценување, вредности и односи -- анализирани преку: внатрешна и концептуална анализа, емпириска или интердисциплинарна) и [експланаторен начин] (објаснувачки -- откривање на причинско-последична врска на факторите кои влијаат на моралот).** 15. **Објасни за регулаторна функција?** - **Ја прикажува разликата помеѓу етичкото размислување (позитивните размислувања) и негативните вредности. Може да бидат креирани правила според степенот на нивната вредност.** 16. **Што се постигнува со функцијата на убедување?** - **Се постигнува од самиот почеток и во текот на когнитивната и нормативната функција (преку репресија и мотивирање).** 17. **На кој начин се проучувва етиката како наука?** - **Самостојно или често низ гранките на филозофијата, но оставила трајни вредности во проучувањето на многу други општествени науки. Како главна цел на етиката како наука е изучувањето на тоа што е правилно, добро и корисно.** 18. **Кога полициската етика се издвоила од општата етика?** - **Со развојот на полициската служба се укажала потреба од општата етика да се издвои и полициската етика, која има за цел да ги проучува етичките стандарди во полициската професија.** 19. **Предмет на проучување на полициската етика?** - **Проучување на етиката во полициското постапување во цивилното општество, општествените и професионалните кодекси и етичките кодекси на полицијата.** 20. **Која е целта на Учебникот Полициска етика?** - **Да се развијат своите вештини на критичко размислување.** - **Да стекнат разбирање во основните вредности на македонското општество како што е изразено во домашната правна регулатива.** - **Да се запознаат со етичките очекувања поставени во Кодексот на полициска етика.** - **Да се запознаат со етичките и моралните норми низ етичките теории значајни за полициската работа.** - **Да ја препознаат полициската култура и да ја поврзат со полициската етика.** - **Да се подготвуваат за етичко однесување и почитување на моралните вредности во текот на нивните кариери.** - **Да ги разберат принципите на полицискиот интегритет.** - **Ги знаат стандардите за ветинг во полицијата.** 21. **Во кое поле од науката е сместена полициската етика?** - **Применета професионална етика.** 22. **Како е застапено изучувањето на предметот етика во образовниот систем?** - **Етабилизирање како наставен предмет на сите полициски академии и како задолжителен курс за обука и освежување на знаењето за полициските службеници. Се воведува во наставната програма во полициските училишта и факултетите од областа на безбедноста.** 23. **Колку се изучува полициската етика во нашата држава?** - **Како изборен предмет се срежава скоро во сите средни општи, стручни и насочени училишта, на факултетите постои како задолжителен или изборен предмет, во Центарот за обука на МВР се изучува курсот за основна обука на полициски службеник преку модулот за етичко однесување и почитување на човековите права при полициско постапување.** 24. **Како се поврзани полициската етика и полициското постапување?** - **Полициските службеници во општеството се претставници на моралните стнадарди и ги користат законите за да ги унаредуваат сетичките стнадарди не само во рамките на полициската служба туку и помеѓу граѓаните во целина.** 25. **На борбата против кои видови криминал е насочена полицијата во 21 век?** - **Борба против недозволена трговија и шверц со дрога.** - **Борба против недозволена трговија и шверг со оружје.** - **Недозволена употреба на алкохол кај малолетни лица.** - **Намалување на степенот на агресивност кај младите и кај припадниците на различни етнички, верски или национални групи.** - **Контрола на безбедноста и уредноста на сообраќајот.** - **Контрола на границите и миграциските текови.** 26. **Што се подразбира под нео-професионализам?** - **Претставува нов начин на полициско постапување приспособено за 21 век и се заснова на три елементи:** - **Стратешки и тактички приоритети на полициското работење се насочени кон зајакнатото спроведување на законот.** - **Целите на полицијата се поврзани и оправдани во однос на безбедносната реторика која налага борба против сите видови на организиран криминал и корупција.** - **Полициската работа е заштита на владата и владините институции од сите видови на нарушување, било да е тоа во форма на криминал, закани по безбедноста, надворешна закана или загрозување на економската безбедност од одредени итни состојби, па макар предизвикани и од природни непогоди.** 27. **Како се гради и развива полициската култура?** - **Пралелно со развојот на полициската организација, како и со градењето на сложениот систем на полицискиот апарат во едно демократско општество.** 28. **Што опфаќаат истражувањата кои се насочени кон процена на влијанието на полициската култура врз однесувањето на полициските службеници?** - **Насочени кон постојаната сомничавост и недовербата на полицијата кон граѓаните, агресивната полициска тактика, негативните ставови за надзорот и контролата, селективната примена на законот, репресивното применување на законот, наместо превентивно одржување на јавниот ред и мир и внимание за услужните дејности кои полицијата може да ги пружи на граѓаните, несоодветна употреба на сила дури и при рутинска сообраќајна контрола, мала или никаква корист од употребата на сила, непотребни ставови во однос на силата и непотполно поднесување на извештаи за употреба на сила и релативизирање на вистинските проблеми во работењето.** 29. **Кои се ограничувањата на полициската култура?** - **Има два вида на ограничувања:** - **Прво -- влијанието кое културата го има врз однесувањето може да биде во функција при формирање ставови кај полициските службеници и при споделувањето на тие ставови. Нема доволно податоци за споделување на полициските ставови.** - **Второ -- не се доволно откриени колективните ефекти што културните ставови можат да ги имаат врз однесувањето на полициските службеници. Ставовите се споделуваат секојдневно и тие се колективен концепт.** - **Како резултат на ова, културата не може целосно да биде целосно разбрана од секој поединец на ист начин, затоа културните мерки или насочување треба да ги изразуваат ставовите на оние кои се носители на организациската култура.** 30. **Кои се основните одлики на полициската субкултура?** - **Чувството за полициската мисија која се остварува во демократското општество.** - **Желбата за акција и возбуда, особено на величење на насилството. Ставови кои се апсолутно присутни, но неприфатливи. Особено младите полициски службеници имаат потреба од докажување во средината во која работат, па тие се особено интересни за опсервација во однос на нивната секојдневна работа и мерките и активностите кои ги преземаат и начинот на кој ги извршуваат полициските работи.** - **"наши и нивни", преку солидарност и поддршка за "нашите", а со сериозна дискриминација по разни основи за "нивните".** - **Авторитативност и конзерватизам.** - **Сомничавоста и цинизмот, посебно кон спроведувањето на законите и правниот поредок.** 31. **Што подразбира принципот "говор и акција"?** - **Централен принцип при определувањето на полициската супкултура. Може да се претстави преку два начини: Прво -- преку променливите варијабили кои моѓе да го објаснат полициското работење. Второ -- полициската супкултура може да се конципира како хипотетичка конструкција која овозможува кохерентност и континуитет на широкиот спектар на полициската мисла и практика. И двете насоки имаат за цел да го определат полициското постапување во секојдневни ситуации. Посоти разлика помеѓу говорот и однесувањето. Полициските службеници се посветени и внимаелни во спроведување на законот кога се под "будно око", а нивното однесување станува различно во смисла на дискриминацијата кога подолг временски период се оставени сами на себе, без поддршка на јавноста и без надзор од непосредните и другите старешини.** 32. **На што се однесува непотребната сложеност кај полициската суб-култура?** - **Потешкотии преку влијание и искуство на постари колеги, полициските службеници веруваат во урбани легенди, митови и анегдоти. Тие тврдат дека културата се пренесува метафорички што овозможува секој службеник да постапува според своите уверувања и искуства.** 33. **Објасни го интероперативното дејствување?** -