Document Details

Uploaded by Deleted User

Tags

Medical science Blood types Blood groups Transfusion

Summary

Документот е учебник или белешки за крвните групи и крвните типови, вклучувајќи го Rh факторот и разни информации за аглутинација и трансфузија. Соодветен е за ученици од средно образование, или за оние кои се заинтересирани за оваа медицинска тема.

Full Transcript

КРВНИ ГРУПИ Крвните групи ги открил виенскиот лекар Карл Ландштајнер(1901год.) за кое откритие добива Нобелова награда во 1930год.Тој открил во крвта на здрави луѓе материи што предизвикувале аглутинација на еритроцити внесени со крв од други луѓе.Тие материи ги нарекол аглутиногени-А и Б.Во крвнат...

КРВНИ ГРУПИ Крвните групи ги открил виенскиот лекар Карл Ландштајнер(1901год.) за кое откритие добива Нобелова награда во 1930год.Тој открил во крвта на здрави луѓе материи што предизвикувале аглутинација на еритроцити внесени со крв од други луѓе.Тие материи ги нарекол аглутиногени-А и Б.Во крвната плазма се најдени материи аглутинини-анти-А или α и анти-Б или β.Аглутиногените и аглутинините реагират меѓу себе исто како што реагират антигени и антитела.Аглутиногените ги имат својствата на антигени а аглутинините на антитела.Во крвта на човекот никогаш не доаѓа до истовремено присуство на аглутиноген А и аглутининот α(анти-А) а исто е и со Б, бидејќи би дошло до аглутинација на сопствените еритроцити.Според присутниот аглутиноген се именуват и крвните групи:ако во мембраната на еритроцитите има аглутиноген А тоа е крвна група А,ако е присутен Б,крвната група е Б ако се присутни и двата тоа е АБ и ако ги нема тоа е крвна група О. (сл.1) C:\\Users\\User\\Downloads\\367325186\_628374095906341\_29410184517541835\_n.jpg Сл.1 Значи во системот АБО постојат 4 крвни групи-А,Б,АБ и О.Од досега кажаното се гледа како може да се дава трансфузија.Во принцип трансфузија се дава меѓу лица со иста крвна група и Rh-фактор.Но имајќи ги во предвид антигените и антителата трансфузија е можна меѓу следните крвни групи(сл.2). ![C:\\Users\\User\\Downloads\\312852688\_807694737219646\_7415267172589343260\_n.jpg](media/image2.jpeg) C:\\Users\\User\\Downloads\\312964314\_429910312440440\_3971553623008096592\_n.jpg Сл.2 Од сликата е јасно зошто О-крвна група се означува како универзален давател а АБ --универзален примател.Освен крвните групи значајна улога има и Rh-факторот.Него го откриле Ландштајнер и Винер во 1940год.Луѓето кои го имат овој фактор се означуват Rh позитивни а ако го немат Rh- негативни.Поголем процент од луѓето го имат-85% се Rh+ а 15% се Rh-.Овој фактор исто така се наоѓа во мембраната на еритроцитите.(сл.3) ![](media/image4.jpeg)Не постојат природни антитела за овој антиген. **На Rh-лице не смее да му се даде Rh+крв.**Ако на Rh-лице му се даде Rh + крв тоа ќе се сензибилизира од Rh антигенот и ќе почне да продуцира антитела.При повторна трансфузија веќе создадените антитела ќе вршат аглутинација на еритроцитите. Rh-се наследува доминантно(DD,Dd).Aко мајката е Rh-а таткото Rh+ плодот ќе биде најверојатно Rh+.Ако еритроцитите од плодот(во тек на бременост) ја минат плаценталната бариера и навлезат во крвотокот на мајката тоа ќе доведе до создавање на антитела од мајката.Првиот плод обично минува без проблеми но при втора Сл.3 бременост веќе создадените антитела ќе го напаѓат плодот што може да доведе до аглутинација на еритроцитите на плодот.Ова заболување се вика фетална еритробластоза.Плодот може да угине,предвремено да се исфрли а ако се роди жив може да има тешки последици по ЦНС.За превенција по породувањето мајката се имунизира.

Use Quizgecko on...
Browser
Browser