КРВНИ САДОВИ PDF

Document Details

DarlingRadiance4387

Uploaded by DarlingRadiance4387

Tags

кръвни съдове анатомия на кръвоносната система физиология биология

Summary

Документът предоставя информация за кръвоносните съдове, тяхната структура, функции и взаимовръзки. Разглежда функциите на артериите, вените и капилярите, както и обмяната на веществата между кръвта и клетките.

Full Transcript

КРВНИ САДОВИ Крвните садови-артерии,вени и капилари се цевчести органи кои се разгранети низ целото тело освен во рскавичните делови и рожницата на окото. **Артериите** ја изнесуват крвта од срцето.Нивниот ѕид е изграден од три слоја-надворешен,среден и внатрешен.Надворешниот слој се состои од сврз...

КРВНИ САДОВИ Крвните садови-артерии,вени и капилари се цевчести органи кои се разгранети низ целото тело освен во рскавичните делови и рожницата на окото. **Артериите** ја изнесуват крвта од срцето.Нивниот ѕид е изграден од три слоја-надворешен,среден и внатрешен.Надворешниот слој се состои од сврзно ткиво,средниот слој е изграден од подебел слој на мазни мускули кои на артериите им дава поголема еластичност а внатрешниот слој е претставен со еднослоен епител-ендотел.Артериите обично се поставени подлабоко во телото.На својот пат од срцето до органите,артериите се разгрануват поаѓајки од најголемиот артериски сад-аорта,преку артериите со помал дијаметар до најмалите артериски гранки-артериоли кои на крајот завршуват со артериски капилари.Сите артериски садови освен белодробната артерија носат крв богата со кислород. **Вените** се крвни садови кои ја враќат крвта од сите делови на телото до срцето.Вените се градени слично како артериите(надворешен,среден и внатрешен слој) но сепак постојат и некои разлики. На пример-вените имат поголем дијаметар и средниот(мускулен) слој е потенок што го прави ѕидот помалку еластичен.Внатрешниот слој кај вените формира клапи(залистоци) кои оневозможуват крвта да се враќа назад.При попуштање на мускулните ѕидови крвниот сад се проширува со што се јавуват проширени вени.(особено видливо на долните екстремитети). Градбата на артериите и вените ја имате на сликата под текстот. C:\\Users\\User\\Downloads\\272052841\_471020371132088\_2573856184753074952\_n.jpg Сите венски садови освен белодробните вени од ткивата до срцето носат крв богата со СО2.Формирањето на венскиот систем започнува со венските капилари кои ги формират венулите кои пак формират поголеми венски садови кои ја носат крвата во најголемите венски садови-горна и долна празна(шуплива)вена кои се влеват во срцето. Артериските и венските крвни садови меѓу себе се поврзани преку капиларите.Изгледот на капиларите е на сликата под текстот. ![C:\\Users\\User\\Downloads\\271291344\_675979333576801\_4319706515101809064\_n.jpg](media/image2.jpeg) **Капиларите** се изградени од ендотел.Крвта низ нив минува многу бавно со што се овозможува размената на материите меѓу крвта и клетките преку меѓуклеточната течност.Бројот на капиларите во органите зависи од нивната метаболитичка активност.Во исто време сите капилари во организмот не се отворени.Во услови на релативно мирување само 2-10% од капиларите се отворени.Големата капиларна мрежа има голем капацитет за примање на крв.

Use Quizgecko on...
Browser
Browser